24 мај

Авша

рајскиот остров на Мраморно море

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

1 ДЕН: 23.05.2019 – четврток
Состанок со групата во 21:30 часот пред Дрво Декор спроти Холидеј Ин, во 22:00 часот поаѓање за Турција. Ноќено патување преку граничен премин Богородица, со паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: 24.05.2019 – петок
Пристигнување во Текирдаг, Турција во утринските часови. Текирдаг е град во Турција, се наоѓа на Мраморно Море со околу 200.000 жители. Разглед на градот, стариот дел, археолошкиот музеј, чаршијата и пристаништетео. Во попладневните часови поаѓање кон Островот Авша со траект (возење со траект околу 2 часа). Пристигнување во Авша во приквечерните часови. Сместување. Ноќевање.

3 ДЕН: 25.05.2019 – сабота
Разглед на островот. Островот Авша или уште познат како Рајскиот остров на Мраморно Море има околу 2000 жители, целиот остов е околу 28 км. Островот Авша е речиси целосно опружен со плажи. Поголемиот дел од локалните ресторани се специјализирани за морска храна и убаво домашно локално вино. Ноќниот живот во Авша е доста богат, изобилува со голем број на ноќни клубови и ресторани со жива музика. Слободен ден за релаксација. Ноќевање.

4 ДЕН: 26.05.2019 – недела
Во утринските часови напуштање на сместувањето, поаѓање кон Текирдаг во утринските часови со траект. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 85€

Во цената е вклучено:
• 2 ноќевања со појадок – Хотел Парк 3* – Авша
• Превоз со туристички автобус
• Туристички придружник за време на патувањето

Во цената не е вклучено:
• Траект на релација Текирдаг – Авша – Тегирдаг – 15€
• Патничко – здравствено осгурување – 125 мкд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *