8 МАРТ

БЕЛГРАД

2 дена / 1 ноќевање / автобус

1. ден (07.03.2020) Кавадарци – Белград
Поаѓање во 00:00 часот на договорено место. Се поминува преку граничниот премин Табановце на Македонско – Српска граница. Се патува покрај Ниш, Параќин, Велика Плана со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Панорамско разгледување на градот при што ќе се види: Славија, Белиот двор, Терезија, Булеварот на Крал Александар, Собранието, Црквата Св. Марко, плоштадот на Републиката, Студентскиот плоштад, Народниот театар, Народниот Музеј, Калемегдан, Кнез Михајлова, Мостовите на Сава, Нов Белград и др. По разгледот сместување во Хотел и краток одмор. Навечер, прослава на денот на жената со вечера во ресторан. Ноќевање.

2. Дeн (08.03.2020) Белград – Нови Сад – Outlet Инџија – Кавадарци
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за факултативна посета на Нови Сад при што следува прошетка по центарот на градот : Плоштадот на Слободата, Градската куќа, зградата на Српскиот Народен театар, Градската црква, Петроварадинската тврдина… Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови поаѓање за Белград, попатно посета на шопинг центарот – Outlet Инџија. Слободно време за шопинг. Враќање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Кавадарци после полноќ.

Цена на аранжманот: 3.990 денари
Можност за уплата на рати !

Во цената e вклучено:
• Превоз со туристички автобус на наведената релација според програмата;
• Сместување во хотел со 3 * на база ноќевање со појадок;
• Панорамско разгледување на Белград со локален водич
• Пратител на групата во текот на патувањето

Во цената не е вклучено:
• Здравствено патничко осигурување
• Свечена вечера во ресторан со жива музика (неограничено пијалоци) (минимум 35 патници, се плаќа во агенцијата)
• Факултативна посета на Нови Сад – 620 денари ( мин. 30 патника, се плаќа во агенцијата)
• Такса за престој – 100 денари (се плаќа во агенцијата)
• Влезници и индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред поаѓање.
– При резервација на аранжманот се уплатува 30%,остатокот од аражманот се доплатува 10 дена пред поаѓање.
– Доплата за single room 1900 денари
– За овој аранжман важат општите услови на ТА БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ и СКТМ.
– МОЖНОСТ ЗА ПАТУВАЊЕ СО ЛИЧНА КАРТА