11 октомври

Будва

Дубровник, Тиват и Котор

10-13.10.2019 3 дена / 2 ноќевања

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

10.октомври (четврток) СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Будва во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

11.октомври (петок) БУДВА
Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Разглед на градот: прошетка на стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, цитадела, градските ѕидини, Музејот, Галеријата, спомен куќа на Стјепан Митров Љубиша, црквата Св.Јован Крстител, црквата Св.Иван, црквата Св. Сава, марината, полуостровот Св. Стефан. Сместување во Вила Монте Рио. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечера. Ноќевање.

12.октомври (сабота) БУДВА – ДУБРОВНИК
Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Будва во попладневните часови. Вечера. Ноќевање.

13.октомври (недела) БУДВА – ТИВАТ – КОТОР
Појадок. Можност за факултативен излет до Тиват и Котор. Прошетка и раглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча, луксузниот комплекс “Порто Монтенегро”, Ботаничката градина и посета на прекрасниот стар град – Котор: катедралата Св.Трифун, Столбот на срамот, црквата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола…. Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 80 € (противвредност: 4.960 мкд)
* Со вклучени 2 полупансиони

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во Вила Монте Рио** (http://monterio.me/ ), 2 ноќевања на база полупансион
• Организирани разгледи според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањетo

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативен целодневен излет до Дубровник 15€
• Факултативен излет до Тиват и Котор 10€
• Влезници за музеите и културно-историските споменици
• Патничко здраствено осигурување

НАПОМЕНИ:

– Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Балкан Турист Травел Компани
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *