Велигден

Венеција со Фиренца и Верона

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

26. Април (петок) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Поаѓање за Венеција во 14.30 часот.Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

27. Април (сабота) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување на Пунта Сабиони во предпладневните часови. Превоз со брод-вапорето до Венеција. Пристигнување и прошетка по плоштадот „Сан Марко“ истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, каналот Гранде, Дуждевата палата, мостот Риалто… Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

28. Април (недела) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата-Фиренца. Разглед на градот: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити… Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

29. Април (понеделник) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – ПАЛМАНОВА – СКОПЈЕ
Појадок. Задолжителна факултативна посета на Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот… Во попладневните часови тргнување за Македонија со попатна посета на познатиот outlet шопинг центар Палманова. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска и Србија. Пристигнување во Скопје наредниот ден во предпладневните часови.

Цена на аранжманот: 149 евра (9.240,00 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Лидo ди Јесоло
– Разглед на градовите според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Карта за локален превоз – брод Пунта Сабионе – Венеција 25 евра
– Факултативна посета на Фиренца 45 евра
– Факултативна посета на Верона 10 евра
– Задолжително патничко осигурување
– Доплата за 1/1 соба ____ мкд.

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
– Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
– За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на T.A Балкан Турист
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:
– T.A Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *