11ти октомври

Венеција

Фиренца, Верона, Лаго ди Гарда...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
10.октомври (четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Патувањето води преку граничниот премин Табановце, дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања и одмори.

11.октомври (петок) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во околина на Венеција (Лидо Ди Јесоло) во претпладневните часови. По сместувањето во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневни часови, превоз со брод до Венеција преку пристаништето Пунта Сабиони. Прошетка и разглед на стариот дел од градот: Плоштадот и црквата Св. Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

12.октомври (сабота) ВЕНЕЦИЈА (факултатвно – ФИРЕНЦА)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки низ Венеција, или можност за факултативна целодневна посета на Фиренца – еден од најсликовитите Италијански градови познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14. и 15.век: Базиликата на Св.Крст (Santa Croche) – Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните (Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја насликал Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројните скулптури и ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани… Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

13.октомври (недела) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА (Лаго Ди Гарда) – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Верона и Лаго Ди Гарда. Посета на градот на Ромео и Јулија, со прошетка и разгледи низ центарот на градот. Плоштадот Бра на кој се наоѓа надалеку познатата Арена, улица “Mazzini” која низ центарот на градот води до плоштадот Ербе, плоштадот “Dei Signori” на кој се наоѓа статуата на Данте, како и куќата на Јулија во чиј двор е изложена и нејзината статуа. Во продолжение на денот, посета на местото Сирмионе на езерото Лаго Ди Гарда, во кое се наоѓа прекрасниот замок на семејството Скалиѓери. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија, со попатно одмори.

14.октомври (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Цена на аранжманот:

155 EUR (противвредност: 9.610,00 мкд)

Попуст од 10% за уплати до 31.август:
139 EUR (противвредност: 8.618,00 мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел ***, во околина на Венеција, 2 ноќевања со појадок
– Разглед на Венеција, Верона и Лаго Ди Гарда
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Повратен превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабиони до Венеција (20 €)
– Туристичка такса 1 € по лице од ден (се плаќа на рецепција во хотелот)
– Факултативна посета и разглед на Фиренца (45 €)
– Влезници за музеи и културно-историски споменици
– Туристичко патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Балкан Турист Травел Компани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *