Велигден

Виена

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја. Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови, како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн, Моцарт… Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на колачите.

26. април (петок) Скопје – Виена
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 13:00 часот. Тргнување за Виена во 13:30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

27. април (сабота) Parndorf – Виена
Во предпладневните часови пристигнување во големиот outlet шопинг центар Парндорф. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена. Пристигнување во Виена и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

28. април (недела) Виена – Шенбрун
Појадок. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот… Потоа факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse. Во вечерните часови идеална можност да се проба вистинска виенска шницла во традиционален ресторан Грицлинг. Ноќевање.

29. април (понеделник) Виена – Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со кафе и захер торта… или можност за факултативна посета на Дунавската Кула. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови.

Цена на аранжман: 9.860 денари (159 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Организиран разглед на Виена со локален водич10 евра
– Посета на Шенбрун со локален водич, превоз и вклучена влезница 40 евра
– Посета на Дунавска Кула превоз и влезница 15 евра
– Посета на Национален ресторан Грицлинг 30 евра
– Влезници во музеите и културно – историските споменици
– Доплата за 1/1 соба
– Задолжително патничко-здравствено осигурување

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
– Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *