8ми декември

Виена

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

06 декември 2019 (петок) КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата пред гранична полиција во 13:15 часот. Поаѓање во 13:30 часот. Во Скопје на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 15:00 часот. Тргнување за Виена во 15:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

07 декември 2019 (сабота) ВИЕНА – шопинг центар Parndorf
Пристигнување во предпладневните часови посета на аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови заминување и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена со пратител. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

08 декември 2019 (недела) ВИЕНА
Појадок. По појадокот следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Слободно време за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Марија Хилфер штрасе. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

09 декември 2019 (среда) ВИЕНА – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабзбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф…Слободно време за индивидулани активности. Во попладневните часови заминување за Скопје.

10 декември 2019 (четврток) СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Пристигање во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.620 денари (139 евра)
за уплата до: 15.11.2019

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација;
• Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок;
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Организиран разглед на Виена 10 еур;
• Посета на Шенбрун со вклучена влезница 35 евра;
• Влезници во музеите и културно – историските споменици;
• Со доплата за еднокреветна соба 2480 ден.;
• Патничко-здравствено осигурување – задолжително.

НАПОМЕНИ:
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
• За реализација на факултативните излети потребен е минмум од 25 особи;
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ;
• Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари;
• Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите по денови од за него оправдани и објективни причини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *