8ми Март

Виена

5 дена / 2 ноќевања / автобус

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

1 ден 06.03.2020 Кавадарци – Скопје – Виена
Состанок на групата на булеварот пред гранична полиција во Кавадарци во 13:15 часот.Во Скопје во 14.30 ч. на паркингот пред Хот. “ВИП“ поаѓање за Виена во 15:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 07.03.2020 шопинг центар Parndorf – Виена
Пристигнување во претпладневните часови во eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај Виена. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 Шенбрун – Дунавска Кула
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед – 360о на градот).Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (факултативно). Ноќевање.

4 ден 09.03.2020 Виенски шуми
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 10.03.2020 Скопје- Кавадарци – Пристигнување во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.12.2019: 129€ / 8.000,00 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 €/ 8.620,00 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
• Професионален туристички придружник
• Организација и реализација на програмата
• Посета на шопинг центар Parndorf

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Разглед на Виена со локален водич – 10 €
• Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 35 €
• Факултативна посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг – 35 € – мин. 30 лица за реализација
• Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 30 € – мин. 25 лица за реализација
• Дунавска Кула (превоз + влезница) – 20 €
• Патничко осигурување задолжително си го вадите сами.Агенцијата не сноси никакви последици и одговорност доколку немате извадено патничко осигурување

НАПОМЕНИ
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Плаќањето се врши во денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Балкан Турист Травел Компани – Кавадарци
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *