Лето 2020

Скаут 1

Сутоморе

-20% попуст за целосна уплата до 01.02.2020

-15% попуст за целосна уплата до 01.03.2020

-10% попуст за целосна уплата до 01.04.2020

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни пракови за деца и други објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:

ВИЛА СКАУТ 1 – Сутоморе

Вилата располага со стандардно опремени соби со тоалет, клима, тв, фрижидер и со тераса. Во својот сместувачки капацитет има трокреветни и четворокреветни соби. (колона 3 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

* Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ (9 полни пансиони со вклучен превоз).
– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ 50% од цената на аранжманот.
– Второ дете до 12 год. – ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра/не користи кревет).
Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)

– попуст за трето возрасно лица и дете над 12год – 20% попуст

За користење на 1/4 апп во Вила Скаут или 1/4 соба во Вила Скаут 1 мора да платат 3 полни суми.

– Дете до 5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра).
* Намалување за патување со сопствен превоз – 20 евра.
* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место.
* Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62ден.).

Поаѓање за Црна Гора
Прилеп (стара автобуска) – 02.00 часот
Кавадарци 03.00 часот (пумпата кај Росоман)
Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) 04.00 часот
Скопје (Дрво Декор) – 05.00часот

– Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
– Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

· за уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
· попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата
· доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *