Лето 2020

Вила Хаус Литеа

-20% попуст за резервација и уплата 100% до 31.12.2019
-10% попуст за резервација и уплата 100% до 28.02.2020
Early booking понудата е за определен број на соби

Неа Потидеа

Неа Потидеа е првото населено туристичко место на првиот крак на само 68 км оддалечено од Солун, а од македонската граница 151 км. Малечко селце, познато по туризам и риболов. Има долга, широка, прекрасна песочна плажа. Посебно убаво за оние кои сакаат мир и тишина, семејства со деца. Самото место изобилува со различни таверни и кафеани во кои се подготвува и може да се вкуси традиционална грчка кујна.

Вила ХАУС ЛИТЕА, се наоѓа на 20 метри оддалеченост од плажа. Сместувањето е во 1/3 студио и 1/4 апартмани (две простории: спална со брачен кревет или две одвоени легла и два кревети во кујна, тоалет иклима уред (вклучен во цената) и ТВ. Вилата располага со сопствена уредена плажа со лежалки кои им се достапни на гостите – бесплатно (две лежалки).

Координати: 40.188985, 23.339298.

Плажа
Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња.

Опис на објектот
Вилата е составена од два објекти А и Б.
Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани.

За секое студио/апартман следуваат 2 лежалки и еден чадор на плажа – гратис.

1/3 студио: Во една просторија кујна и три стандардни кревети.
1/4 апартман: Во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

Цените се по студио/апартман за 7 ноќевања

Цените се во €, плаќањe во денарска противвредност 1€ = 62 денари

НАПОМЕНА:

Цените обележани со*се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст

Во цената Е вклучено :
7 ноќевања во студио или апартман,(по избор)
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет

Сопствена плажа
2 лежалки и чадор за секоја соба

Во цената НЕ Е вклучено :
Превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

ОРГАНИЗИРАМЕ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ со доплата :

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја сабота):

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес 40€ по лице

04:00 h Скопје (Дрводекор) 35€ по лице

04:30 h Велес (бензинска мотел Македонија)35€ по лице

05:00 h Неготино (бензинска Неготино) 35€ по лице

05:00 h Струмица (бензинска Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово 40€ по лице

05:40 h Удово (бензинска Удово) 35€ по лице

06:00 h Граничен премин (бензинска Шимов) 35€ по лице


Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

05:00 h Битола (Градска Автобуска Станица) 30€ по лице

04:15 h Прилеп (бензинска Салида) -Трансфер до Битола 30€

03.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола 35€ по лице

03:45 h Кичево (бензинска Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола 35€ по лице

03:30 h Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола 35€ по лице

04.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола 30€ по лице

попусти и доплати за деца

Деца од 2 до 11,99 години: попуст од редовната цена 15€ од Битола и 10€ од Скопје
Деца до 1,99 години – Бесплатно
Возрасно лица над 63 год – попуст од 10€

Време на поаѓање од Неа Потидеа :


14:30h (локално време )
(можни се доцнења во сезона заради густината на сообраќајот)
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

ВАЖНИ НАПОМЕНИ :

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот .

– Сместување во собите е после 14 часот (локално време),

– Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
– За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман ( не се комбинира)
– Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
– Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *