ЛЕТО 2019

ТАСОС

Вила Laskarina

Потос

Тасос – Зелениот дијамант
Тасос е најсеверниот остров во Егејскиот архипелаг, кој поради својата раскошна убавина и бујна вегетација популарно е наречен „зелениот дијамант“. Убавината на Тасос е во кристално чистото море, многубројните скриени заливи, плажи и археолошки наоѓалишта. Ова зелено острово прекриено со шума ќе ве воодушеви со своите природни убавини, смарагдно зеленото море и гостопримливоста на локалното население…

Вила „Laskarina“ – Потос
Вила Ласкарина е лоцирана во строгиот центар на Потос на само неколку метри од преубавата плажа. Вилата располага со 1/2, 1/2+1 соби како и 1/2+2 апартман на вториот спрат од објектот. Сите соби се опремени со ТВ, Wi – Fi, клима (со доплата 5€ на ден), опремени кујни, тераси.

Напомена:
– Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (трето, четврто и петто – БЕСПЛАТНО плаќа само превоз доколку користи)
– Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман за 9 ноќевања без вклучен превоз
– За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена (не се комбинира)
– Во цената на аранжманите не е вклучено користењето на клима уредот и се доплаќа 5€ на ден.
– За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
– Во секој од апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во студиото/апартманот
– Постелнината во студијата се менува еднаш за време на престојот
– Сместување во студијата/апартманите е после 14 часот по локално време а напуштање на апартманите е во 09 часот по локално време
– Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.

*При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.

Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:
• возрасни: 50 €
• деца од 2 до 12 години: 35 €
• деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

Туристичка такса од 0,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.

Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *