Лето 2021

Вила LINA

Метаморфози

Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Главната декорација е централниот парк, а плажата е песочна и километарска. Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл.

Вила ЛИНА се наоѓа во центарот на местото, на 50 м. од песочната плажа. Располага со студија и апартмани, со големи тераси, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекасниот парк. Комплетно е реновирана пред 2 години.

НАПОМЕНИ:
* Цените се однесуваат за наем на студио и апартман за 7 ноќевања.
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).
*Превоз : возрасни 35 € (повратен билет) / 25 € (1 правец) ; деца од 2-12 години 25 €(повратен билет) / 20 € (1 правец)
* Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице место.
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.
* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *