ЛЕТО 2019

ТАСОС

Вила MАRY 1

Скала Сотира

Тасос – Зелениот дијамант
Тасос е најсеверниот остров во Егејскиот архипелаг, кој поради својата раскошна убавина и бујна вегетација популарно е наречен „зелениот дијамант“. Убавината на Тасос е во кристално чистото море, многубројните скриени заливи, плажи и археолошки наоѓалишта. Ова зелено острово прекриено со шума ќе ве воодушеви со своите природни убавини, смарагдно зеленото море и гостопримливоста на локалното население…

Вила „MАRY 1“ – Скала Сотира
Вилата се наоѓа во Скала Сотира на 170 метри од плажа. Во состав на вилата има и базен чие користење е бесплатно за гостите од вилата. Сите соби располагаат со комплетно опремена кујна, купатило, ТВ и клима уред. Доплата за користење на клима уред во студиата е 5€ на ден. Двокреветните студиа се со брачен кревет, комплетно опремена кујна и бања, 1/3 студија имаат еден брачен кревет, едно стандардно легло, комплетно опремена кујна и бања. Сите соби располагаат со големи тераси, дел од нив се свртени кон море а дел кон градина. Вилата има идеална локација за мирен одмор. Природата во околината и базенот Ви нудат дополнително уживање.

Напомена:
– Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице. (трето и четврто лице – БЕСПЛАТНО – плаќа само превоз доколку користи)
– Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман/студио за 9 ноќевања без вклучен превоз
– За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена
– За хигиената во студијата/апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
– Во секое од студијата/апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во студиото/апартманот
– Доплата за користење на клима уред: 5€ на ден за студио
– Постелнината во апартманите/студијата се менува еднаш за време на престојот
– Сместување во студијата/апартманите е после 14 часот по локално време а напуштање на студијата/апартманите е во 09 часот по локално време
– Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
– При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.
– Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:
• возрасни: 50 €
• деца од 2 до 12 години: 35 €
• деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)
Туристичка такса од 0,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Напомена:
– огласно законот и правилата во Р. Грција, базенот во вилата има работно време кое гостите треба да го почитуваат.
– забрането е консумирање на пијалоци на базен доколку не се купени од барот на вилата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *