ЛЕТО 2019

ТАСОС

ВИЛА RG

СКАЛА ПОТАМИА

Тасос – Зелениот дијамант
Тасос е најсеверниот остров во Егејскиот архипелаг, кој поради својата раскошна убавина и бујна вегетација популарно е наречен „зелениот дијамант“. Убавината на Тасос е во кристално чистото море, многубројните скриени заливи, плажи и археолошки наоѓалишта. Ова зелено острово прекриено со шума ќе ве воодушеви со своите природни убавини, смарагдно зеленото море и гостопримливоста на локалното население…

Вила RG – Скала Потамиа
RG Studios е новоизградено сместување дизајнирано да ги задоволи современите потреби на гостите.Вилата е сместена на само 100м. од една од најубавите плажи на островот и од самиот центар на градот.. Располага со 1/2 студија опремени со сопствена кујна кујна ( во студијата е забрането пржење, истото може да се врши во дел од дворот за таа намена), тоалет, тераса, ТВ, Wi – Fi, клима (вклучена во цена)…

Напомена:
– Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
– Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман за 9 ноќевања без вклучен превоз
– За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена (не се комбинира)
– Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
– За хигиената во студијата во текот на престојот се грижат самите корисници
– Во секој од апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во студиото/апартманот
– Постелнината во студијата се менува еднаш за време на престојот
– Сместување во студијата/апартманите е после 14 часот по локално време а напуштање на апартманите е во 09 часот по локално време
– Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.

*При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.

Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:
• возрасни: 50 €
• деца од 2 до 12 години: 35 €
• деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

Туристичка такса од 0,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *