8ми март

ДВОРЦИТЕ НА БАВАРИЈА

06.03-11.03.2019

6 дена / 3 ноќевања / автобус

Дворците на Баварија – Ексцентричниот баварски крал Лудвиг II успеал, со векови собраното државно и семејно богатство на династијата Вителсбах да го потроши за краток временски период градејќи ги, како што ги нарекуваат „Дворците од соништата“: Ноешванштајн, Линдерхоф и Херенкимзе. Овие дворци изгледат како од бајките и привлекуваат илјадници посетители секоја година.

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ – МИНХЕН
Состанок со групата во Скопје и заминување за Минхен во 12.00 часот. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 07.03.2019 Херенкимзе – МИНХЕН
Во утринските часови пристигнување до најголемото баварско езеро, Ким (Chiemsee). (Факултативно) Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Pосетата на истоимената палата , која е во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал Лудвиг II , по модел на Версај Пристигнување во Минхен и разглед на градот. Баварска “Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со многубројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арената. Светски центар на саеми, град на пивници и Октоберфест кои им овозможуваат на посетителите да ја осетат типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица. Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, Олимпискиот стадион, Музејот на БМВ, резиденцијата Максимилианеум, националната опера и театар, Новата и Старата Пинакотека, центарот на градот со Мариенплац, Новата и Старата градска куќа, плоштадот Виктуалиенмаркт. Во вечерните часови фалултативна посета на кралската пивница. Враќање во хотел.Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН
Појадок. После појадокот посета на бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за многубројни цртани филмови. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II целосно го преуредил во рококо стил а своите соби не штедејќи средства целосно ги позлатил. Посета на живописното гратче Оберамергау, познато по прекрасно декорираните фасади на куќите и по традиционалната манифестација Христовото страдање на патот кон Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 МИНХЕН – ГРАЦ – ЉУБЉАНА
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Љубљана. Попатна посета на Грац. Втор град по големина и број на население во Австрија и главен град на сојузната покраина Штаерска. Тој се наоѓа во алпскиот регион, на северниот крај на Градецките полиња, а низ градот тече реката Мур. Историскиот центар на Грац е впишан на листата на светски културни наследства на УНЕСКО во Европа во 1999 година, како пример на хармонична коегзистенција на типичен вид на згради од различни историски периоди и уметнички стилови. После малиот одмор продолжуваме со разгледот со локалниот водич за посета на Kunsthaus Грац, или музеј на уметноста во Грац. Овој музеј е изграден како дел од овој Европски главен град на културата во 2003 година, кој го прослави и оттогаш стана еден архитектонски белег на Грац. Својата изложба програма специјализирана во современата уметност од последните четири децении. Потоа разгледот продолжува до Шлосберг. Прекрасен дел од градот со краток стоп за фотографирање од Murinsel, вештачка пловечка платформа во средината на реката Мур. Ова обележје во Грац беше дизајнирано од страна на еден Њујоршкиот уметник Vito Acconci по поводот Грац во 2003 година станува европска престолнина на културата. Доколку времето ни дозволи посета на локален Shopping центар. Во попладневните часови заминување за Љубљана. Пристигнување во главниот град на Словенија во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

5 ден 10.03.2019 ЉУБЉАНА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот разглед на градот и неговите култорно историски знаменитости . Прошетка низ центарот на градот – Тримостје, Прешернов плоштад, градската куќа и на тврдината. Заминување кон Македонија дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 11.03.2019 ЉУБЉАНА – СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во предпладневните часови

Цената на аранжманот изнесува: 235 €

Цената на аранжманот вклучува:
• Превоз со автобус (AC; DVD; CD; TV)
• 2 ноќевања со вклучен појадок во Минхен
• 1 ноќевање со вклучен појадок во Љубљана
• Пратител на програмата со локални водичи на градовите
• Oрганизација и водство на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:
• Задолжителна доплата 45 € за влезница за дворците: Херекимзе, Ноешванштајн и Линдерхоф (со трошоците за резервација) и карта за брод Приен – Херекимзе
• Патничко осигурување – 5 € (до 64 години)
• Останати индивидуални трошоци кои не се споменати во програмата
• Доплата за 1/1 соба
• Туристичка такса

Факултативи:
Факултативните посети не се задолжителен дел од програмата;
Факултативите задолжително се резервираат во агенцијата при самата уплата.

НАПОМЕНИ:
Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 / 6 месеци по завршување на патувањето
Важат Општите услови на Т.A. Балкан Турист и СКТМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *