11ти октомври

Дубаи

10.10.2019-14.10.2019

DUBAI – Фасцинантен, Возбудлив, Космополитски…

Еден од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Иако Абу Даби е главниот град на ОАЕ, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати, задоволувајќи ги апетитите на секој модерен турист. Неверојатниот развој на Дубаи започнува откако Шеикот Мактум одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински развоен туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи.

CITYMAX AL BARSHA ***
Локација: Хотелот се лоцира во новиот дел на Дубаи – AL Barsha спроти еден од најголемиот молови во светот “Mall Of Emirates“ и за само 25 минути возење од интернационалниот аеродром на Дубаи.
Сместување: Хотелот нуди модерни соби, кои се уредени со модернистички мебел, LCD телевизор, сеф, телефон, WiFi конекција.
Содржини: Хотелот располага со еден главен ресторан, појадокот е на база на шведска маса. А хотелот исто така рапсолага со неколку барови и ресторани.
За релаксација можете да користите фитнес центарот или да уживате во надворешниот базен на хотелот.

Програма на патување:
1 ден 10.10 (четврток) СКОПЈЕ – ДУБАИ
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, во 10:30. Директен лет со авионот на Флај Дубаи во 13.25 часот. Слетување во Дубаи во 20.25 часот, локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, следи организиран трансфер до избраниот хотел. Ноќевање.

2 ден 11.10 (петок) ДУБАИ – Сафари
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Факултативно, (доколку има можност) посета на Burj Al Arab. Единствена можност да уживате во луксузот на единствениот хотел со 7* во светот. Попладне, факултативно – Пустинско Сафари – Волшебно доживување на пустината со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Патот ќе не одведе до камп, изграден таму некаде во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните Арапски јадења и свежо подготвена скара. Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ… Враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ден 12.10 (сабота) ДУБАИ
Појадок во хотел, по што се поаѓа на организиран полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис; посета на најпознатата плажа на која се наоѓа хотелот чудо на модерната архитектура, Burj Al Arab (краток стоп за фотографирање). Од таму ќе продолжиме кон џамијата, која ќе ја погледнеме само од надвор, а потоа кон стaриот дел на Дубаи кој ја задржал автентичната архитектура и ќе го посетиме музејот во Ал Фахади – тврдината изградена во 1787г. каде може да се видат сцени од историскиот развој на градот. Продолжуваме со прошетка низ заливот со традиционални бротчиња наречени Абри кои ќе не однесат до традиционалниот пазар на зачини и злато, наречен Сук. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
Вечерта, факултативно, романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод – „Dhow”. Ќе се опуштиме покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Пловејќи покрај милион светилки и панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотелот… Ноќевање.

4 ден 13.10 (недела) ДУБАИ – Абу Даби
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор, или можност за факултативна посета на најголемиот Емират – Абу Даби со лиценциран водич на англиски јазик. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа ќе се заминеме кон резиденцијалната зона на градот, ќе застанеме кај Heritage Village (Музеј на наследството) – комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Посета на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Доколку времето дозволува и има заинтересирани – факултативна посета на Emirates Palace – најлуксузниот хотел составен од девет палати, за секој емират по една и две за нивните пријатели Кувајт и Катар. Внатрешниот дел од палатата е обложен со 24-ри каратно злато. Прошетка низ преубавите градини и фонтани (претходно пријавување и уплаќање за ручек во Emirates Palace). Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Ноќевање.

05 ден 14.10 (понеделник) ДУБАИ – СКОПЈЕ
Oдјавување од хотел. Рано изутрината организиран трансфер до аеродромот во Дубаи. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од нај богатите земји на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Директен лет од Дубаи кон Скопје во 09.00ч. Слетување во Скопје во 12.25 часот на пладне.

– Авионски превоз на релација Скопје – Дубаи – Скопје (авиокомпанија “Fly Dubai”)
– Трансфери во Дубаи: аеродром – хотел – аеродром
– 5 ноќевања со појадок во хотел CITYMAX AL BARSHA AT THE MALL ***
– Организиран полудневен разглед на Дубаи со лиценциран локален водич
– Организација на аранжманот и локална асистенција на српски и англиски јазик

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Трошоци за вадење на Виза за ОАE – 85 € (потребен скениран пасош, скенирана фотографија, професија на патниците, име/презиме на родители. Валидност на пасош најмалку 6 месеци од датумот на враќањето) доставување на документација најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Aеродромски такси од износ 45 евра
• Влез на највисоката зграда во светот Burj Khalifa на 124от спрат (50€)
• Целодневен излет во Абу Даби (45€)
• Сафари тура (50€)
• Крстрење “Dhow Cruise Creek” (45€)
• Патничко здравствено осугурување
• Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел, по соба од ноќевање): 20 AED (5*) / 15 AED (4*) / 10 AED (3*)

ЗАБЕЛЕШКИ:
• Во случај на помал број од 15 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена
• За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
• За резервации во период на рана уплата потребен е аванс од мин. 50% од вкупнот износ на аранжманот и целосна доплата најдоцна 20 дена пред датумот на патувањето
• Целосна уплата, десет дена пред започнување на аранжманот.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *