Нова Година 2020

Истанбул

царската престолнина на два континенти

Автобус 5 дена / 3 ноќевања

28.декември (сабота) СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Во Кавадарци пред Гранична полиција во 17:30 часот. Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

29.декември (недела) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија… Посета на Вселенската патријаршија. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

30.декември (понеделник) ИСТАНБУЛ – ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители. Прошетка по просториите на Султан Сулејман Величествени, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни. Посета на подземната цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина… Прошетката ја завршуваме со Капали Чаршија, затворен трговски комплекс со околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини… Факултативно, вечера во национален ресторан со богата музичка програма и ориентални танци и вкусно мени од турската национална кујна. Ноќевање.

31.декември (вторник) ИСТАНБУЛ – МИНИЈАТУРК
Појадок. Факултативно – посета на МИНИАТУРК – минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60.000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balik ekmek (риба во леб) на Еминону. Прошетката продолжува кон плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал. Потоа одиме до Мисир чаршија-познатиот пазар на зачини во Истанбул. Вечерта, дочек на Нова 2020 година на еден од најубавите плоштади во Истанбул – Ortakoy или во Национален Ресторан, со незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујнa Враќање во хотел. Ноќевање.

01.јануари (среда) ИСТАНБУЛ – БОСФОР – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ – КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјава од хотел. Предлагаме, факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Потоа, факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Р. Грција, со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

Цена за рана уплата до 15. Ноември: 8.620 денари (139евра)!!!
ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 9.240 денари (149 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотел 3*** на база 3 ноќевања со појадок
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
o Панорамски разглед на Истанбул 10 еврa
o Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 30 евра
o Крстарење со брод по Босфор 15 евра
o Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра
o Вечера во национален ресторан (30.12) 30 евра
o Влезници во локалитетите Аја Софија 20 евра, Топ Капи 20 евра
o Новогодишна ечера во национален ресторан
o Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра
o Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра
o Посета на Минијатурк 10 евра
o Доплата за 1/1 соба 800 денари
o Задолжително патничко – здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А. БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ – КАВАДАРЦИ.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкдТ.А.Балкан Турист Травел Компани го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на активностите попрограмата за патување, како и во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *