8ми март

Истра и Плитвички езера

07.03-11.03.2019

5 дена / 2 ноќевања / автобус

1 Ден: Скопје 07.03.2019
Состанок на групата во 17:00 часот од паркингот на Holiday In – Скопје. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи за одмор.

2 Ден: Пула – Бриони – Пула 08.03.2019
Пристигнување во Пула во утринските часови: панорамски разглед на Амфитеатарот (влезот се плаќа), Августовиот храм (влезот се плаќа), Славолука Сергијевац,градски сали, градби со австриска архитектура, Каштела (влезот се плаќа), Мал римски театар, Црквата на Свети Фрањо, Капелата на Света Марија Формоза, … Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во попладневните часови (факултативна) посета на Бриони: Кратко патување до Фажан, возење со брод до Островот Големи Бриони (“Veliki Brioni”) и разглед со локален водич со посети на: Црквата Св. Марија, Каструма-стара населба од периодот на Римјаните и Готите, градините, посета на римски вили во заливот… Во вечерните часови, враќање во хотел. Ноќевање.

3 Ден: Пула – Пореч – Ровињ – Пула 09.03.2019
Појадок. (Факултативна посета на Пореч и Ровињ.) По појадокот заминување за Пореч и посети на: Стариот дел на градот од римско време, Комплексот Еуфазијева Базилика (влезот се плаќа), Плоштадот Марафаор, Поречките кули, палати од готскиот период, романички куќи, Истарски Цркви од готскиот период, остатоци од Големиот храм на Нептун … Патувањето го продолжуваме до Ровињ и посета на: Стариот дел од градот, градските бедеми и порти, Црквата Св. Еуфемија… Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање

4 Ден: Пула – Опатија – Плитвички Езера 10.03.2019
Појадок. По појадокот, одјава од хотелот и заминување кон Опатија: панорамска посета на Вила Ангиолина (влезот се плаќа, парковите на Св. Јаков и Св. Ангиолина, Фонтаните: Хелија и Селена, Фонтаната Слатина, Црквите посветени на Св. Јаков и Црквата на Благовештението, хотелот Кварнер. Заминување кон Плитвичките Езера и постеа на Националниот Парк со лоален водич. Слободно време. Во вечерните часови преку Хрватска и Србија заминување за Македонија. Ноќно возење со попапатни паузи за одмор.

5 Ден: Скопје 11.03.2019
Пристигнување во Скопје во попладневните часови

Цената на аранжманот по лице изнесува: 199 €

Цената на аранжманот вклучува:
• Превоз со високотуристички автобус (ТВ, видео и аудио опрема, клима)
• Сместување во хотел 3 * на услуга 2 ВВ (ноќевања со појадок)
• Разгледи и посети споменати во програмата
• Туристички и локален водич

Цената на аранжманот не вклучува:
• Превоз со високотуристички автобус (ТВ, видео и аудио опрема, клима)
• Туристичка такса за хотел со 3 * – 1 € по ден
• Посета на Ровињ и Пореч 25€
• Посета на Бриони 30€
• Плитвички езера 20 € (влезниза за нациоанлниот парк и 3 часовен разглед со локален водич) Доколку се согласи целата група се посетуваат Плитвички езера
• Влезници за културно-историски споменици споменати во програмата
• Останати индивидуални трошоци кои не се споменати во програмата
• Патничко осигурување
• Доплата за 1/1 соба
• Туристичка такса

Цени на влезници за индивидуални посети:
• Еуфазијевата Базилика во Пореч: 7 €
• Амфитеатарот во Пула: 6 €
• Каштел во Пула: 3 €
• Августовиот Храм во Пула: 3 €
• Вила Ангиолина во Опатија: 2 €

Факултативи:
Факултативните посети не се задолжителен дел од програмата;
Факултативите задолжително се резервираат во агенцијата при самата уплата.

НАПОМЕНИ:
Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 / 6 месеци по завршување на патувањето
Важат Општите услови на Т.A. Балкан Турист и СКТМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *