24 maj

Во неверојатна, волшебна и мистериозна

Кападокија со Анкара

Автобус / 5 дена / 3 ноќевања

Опис за Кападокија
Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството.

Програма на аражманот
1 ДЕН 23.05.2019 (четврток) СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 10:00 часот. Поаѓање за Кападокија во 10:30 часот се патува преку Грција, граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот не води преку Кавала, граничен премин Ипсала. Време за царински формалности, патувањето продолжува према Истанбул – Анкара – Невшекир, ноќно возење се до наредниот ден до пладневните часови.

2 ДЕН-24.05.2019 (петок) КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Пристигнување во Кападокија/Невшекир во пладневните часови. Сместување во Хотел, време за одмор, релаксација и слободни активности. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН-25.05.2019 (сабота) КАПАДОКИЈА
Појадок. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено – Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера. По вечерата припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансвер, неограничени локални пијалоци, и апетисани). Ноќевање.

4 ДЕН-26.05.2019 (недела) КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30 часот. (трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 07:15 и 07:30 часот. Појадок. По појадокот факултативно околу 10:00 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Враќање во хотел. Вечера. По вечерата можност за факултативна посета на традиционална претстава Дервишка церемонија. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН-27.05.2019 (понеделник) НЕВШЕХИР – АНКАРА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот, одкаде се упатуваме према Анкара, главниот град на Турција, со попатна пауза и краток одмор на соленото езеро Туз Ѓолу, кое е едно од најголемите езера во светот од ваков вид. По паузата во пладневните часови се упатуваме према Анкара каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности, прошетка и можност за шопинг во Анкара. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Грција, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 28.05.2019 во пладневните часови.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 189€/ 11.720 денари
ЗА РАНА УПЛАТА ДО 20.04.2019: 169€/ 10.480 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високо туристички автобус на дадената релација
• 3 ноќевања со појадок и вечера шведска маса во хотел 4* Tas Saray или Buyuk Avanos
• Посета на Анкара и соленото езеро Туз Ѓолу
• Трансфер до хотел Невшехир – Угруп/Кападокија
• Претставник/пратител од агенцијата за целиот престоj

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултатива од трет ден со сите влезници и ручек опишани во програмата – 45€
• Факултатива од четврти ден со сите влезници и ручек опишана во програма- 45€
• Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци, музика, со вклучени неограничени пијалоци и апетисани, трансвер – 35€
• Летање со балон во времетраење од околу два часа по програма од четвртиот ден160€
• Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 1.900 денари
• Индивидуални трошоци
• Задолжително здравствено и патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
• Калкулацијата е правена на минимум пријавени 40 патници
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
• Трансфер од сите градови
• За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
• Хотелите се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 15 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот
• При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот и уплата за истите од 30% (во случај да се откажете попатно уплатените средства не се рефундираат и не се префрлаат со друга факултатива).
• Се однесува на факултативните екскурзии во случај на промена на цените од страна на партнерот во Турција поради не стабилноста на турската лира може да претрпат промени, за кои благовремено ќе бидете информирани преку нашиот веб-сајт
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
• Целосна доплата на аражманот 10 дена пред поаѓање.
• Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
• Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 1.900 денари за хотелот во Кападокија
• Деца до 1.99 год.бесплатно
• Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 30% од цената
• Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
• Отказ од страна на агенцијата 10 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
• Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *