велигден

Кападокија со Aнкара и Истанбул

За велигден и првомајски празници со автобус во неверојатна, волшебна и мистериозна Кападокија со Aнкара и Истанбул
(превоз + хотел 4* - 3 ноќевања со појадок и вечера во Кападокија + посета на Анкара + 1 ноќевање со појадок во Истанбул + пратител од агенцијата)
Поаѓање: 25.04.2019 – 01.05.2019

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството.

1 ден – 25.04.2019 (четврток) СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 10:00 ч. Поаѓање во 10:30 часот. Се патува преку Грција, граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот не води преку Кавала, граничен премин Ипсала. Време за царински формалности, патувањето продолжува према Истанбул – Анкара – Невшекир (ноќно возење се до наредниот ден до пладневните часови).

2 ден – 26.04.2019 (петок) КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Пристигнување во Кападокија / Невшекир во пладневните часови. Сместување во хотел. Време за одмор, релаксација и слободни активности. Вечера. Ноќевање.

3 ден – 27.04.2019 (сабота) КАПАДОКИЈА
Појадок во хотел. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната „земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено-Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината-Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера, припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансфер, неограничени локални пијалоци, и апетисани). Ноќевање.

4 ден – 28.04.2019 (недела) КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30 часот (трансфер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 07:15 и 07:30 час. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 10:00 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55м длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 км со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија–чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Враќање во хотел. Вечера. Факултативна посета на традиционална претстава Дервишка церемонија + трансвер – Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел. Ноќевање.

5 ден – 29.04.2019 (понеделник) НЕВШЕХИР – АНКАРА – ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот околу 10:00 часот напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме према Анкара, главниот град на Турција, со попатна пауза и краток одмор на соленото езеро Туз Ѓолу, кое е едно од најголемите езера во светот од ваков вид. По паузата во пладневните часови се упатуваме према Анкара каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности, прошетка и можност за шопинг во Анкара. Во доцните вечерни часови во договор со групата и пратителот поаѓање за Истанбул ноќно возење со попатни паузи.

6 ден – 30.04.2019 (втроник) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Сместување во хотел и време за одмор во договор со групата и водичот (доколку собите во хотелот не се подготвени од претходни туристи, агенцијата има право веднаш да ја реализира пешачката тура, а по враќање назад во хотелот патниците се сместуваат во собите. Во овој случај патниците го оставаат својот багаж во хотелската просторија предвидена за истиот). После предвидената пауза, продолжува пешачката тура. Разгледот на пешачката тура е вклучен во цена, и вклучува разглед со локален водич на: Лалели џамија, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподромот се до Аја Софија и запознавање на дел од градот.
Факултативните излети со локалниот водич започнуваат од црквата Аја Софија, која од 1934 год. е претворена во музеј. Таа е изградена во временски период од 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти, за време на владеењето на царот Јустиниан во VI-от век посветена на боженствената мудрост. Црквата Аја Софија била најголемата црква која постоела во Европа се до изградбата на Свети Петар во Рим. Нејзината внатрешноста е претставена со византиски мозаици од VI-от до XIII-от век. Освен тоа, Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османлиските освојувачи во 1453-та година. Посета на Топ Капи палатата. Топ Капи палатата на Султаните, којашто е изградена е на површина од 700.000 квадратни метри се состои од три главни делови: бирун, ендерун и харем. Исто така, палатата вклучува: различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. Враќање во хотел, слободно попладне и индивидуални активности. Ноќевање.

7 ден – 01.05.2019 (среда) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот околу околу 09:30 часот во договор со групата се упатуваме на крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со стручен локален водич. На ова 90 минутно крстарење по Босфор ќе имаме незаборавно доживување на еден поинаков Истанбул, со сите занаменитости одблизу. Пред да отпочне нашето крстарење на самото пристаниште можат да се вкусат традиционални турски сендвичи со риба, истиот се подготвува во мали традиционални бродчиња каде што може сендвичот да се изеде на традиционални мали дрвени масички и столчиња и може да се ужива покрај морето. Завршување на крстарењето. Околу 12:00 се упатуваме према Долмабахче палатата-т.н. Турскиот Версај. Таа е првата историска палата од осмалниската империја изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година истата служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк кој бил основачот на турската држава наследена и отпратена во историјата во XIX-от и XX-от век, која претходна некогаш била главна Отоманска империја. По крстарењето околу 15:00 часот се упатуваме кон познатиот трговски центар “Форум” Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри, со продавници од светски познати брендови. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули. Водениот базен има површина од 8000 м2. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски риби. По посетата на трговскиот центар и аквариум планирано тргнување за Скопје околу 16:30–17:00 часот по локално време. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 02.05.2019 во утринските часови.

Редовна цена на аранжманот – 199 € / 12.340 ден

Во цената на аражманот е вклучено:
· Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Кападокија – Истанбул – Скопје
· 3 ноќевања со појадок и вечера во Кападокија – TAS SARAY HOTEL 4* UGRUP (или соодветен и сличен на горе наведениот хотел по програмата)
· 1 ноќевање со појадок во Истанбул во хотел со 3* или 4* во населбата Лалели
· Посета на Анкара и соленото езеро Туз Ѓолу
· Пешачка тура во Истанбул – хотел – Капали Чаршија – Сината Џамија-хотел
· Посета на Outlet Shopping Centar FORUM
· Трансфер до хотел Невшехир – Угруп / Кападокија
· Претставник / пратител од агенцијата за целиот Ваш престој

Во цената не се вклучени следниве услуги:
· Факлутатива од трет ден со сите влезници и ручек опишана во програмата – 45€
· Факултатива од четврт ден со сите влезници и ручек опишана во програма – 45€
· Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци, музика, со вклучени неограничени пијалоци и апетисани, трансвер – 35 €
· Дервишка претстава / церемонија – 25€
· Летање со балон во времетраење од околу два часа по програма од четвртиот ден – 160 евра.
· Аја Софија – 15€
· Топкапи Палатата – 15€
· Крстерење по Босфор – 20€
· Долмабахче Сарај – 17€
· Задолжително здравствено и патничко осигурување.
· Индивидуални трошоци

Напомена:
· Калкулацијата е правена на минимум пријавени 40 патници.
· За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
· За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
· Хотелите се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 15 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот
· При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот и уплата за истите од 30% (во случај да се откажете попатно уплатените средства не се рефундираат и не се префрлаат со друга факултатива).
· Се однесува на факултативните екскурзии во случај на промена на цените од страна на партнерот во Турција поради не стабилноста на турската лира може да претрпат промени, за кои благовремено ќе бидете информирани преку нашиот веб-сајт
· Целосна доплата на аражманот 10 дена пред поаѓање.
· Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
· Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 2.190 денари за хотелот во Кападокија
· Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 1.240 денари за хотелот во Истанбул
· Деца до 1.99 год.бесплатно
· Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 30% од цената
· Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
· Отказ од страна на агенцијата 10 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
· Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање
· Валидноста на патните исправи се обврска на патниците при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
· За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А Балкан Турист

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *