ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА

ЛАРИСА - МЕТЕОРИ

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА

Тргнување од Скопје во 04:00 на паркингот пред хотел Вип. Од Кавадарци поаѓање во 05:30 часот на булеварот спроти гранична полиција. Поаѓање за Метеори. Патот води преку. Лариса – Трикала – Калабака – подножјето на манастирскиот комплекс Метеори. Пристигнување во Метеори. Разглед на импресивната природа и посета на еден од манастирите изградени на високи карпи настанати пред околу 60 милиони години. Потоа посета на фабриката за изработка на Икони со можност да си купите Икони и сувенири по поволни цени. Заминување на групата за Лариса. Можност за посета на еден од шопинг центрите во Лариса. Слободно време за ручек и шопинг. Во договореното време поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1.500,00 ден

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Превоз на дадената релција со автобус
• Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Влезница за посета на еден од манастирите. Се плаќа на лице место

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
• За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
• За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена
• Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и T.A. Балкан Турист Травел Компани – Кавадарци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *