Нова Година 2020

НОВИ САД – ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

29.декември (недела) КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата пред Гранична полиција во 09:15 часот.Во Скопје на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 ч. после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

30.декември (понеделник) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: „Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот „Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква „Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата „Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – „Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

31.декември (вторник) ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како „Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, Дочек на Новата 2020 Година, на плоштадот „Слобода” или пак можност за факултативна – Свечена новогодишна вечера во ресторан. Ноќевање.

01.јануари (среда) НОВИ САД – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности… или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговиот автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија .Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 89 € (5.518,оо мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок;
– Организирани разгледи според програмата;
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна новогодишна вечера во ресторан;
– Организиран ручек во Салаш;
– Влезници за музеите и културно – историските споменици;
– Патничко здраствено осигурување.

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.“БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ“ – КАВАДАРЦИ
– Организатор на аранжманот: Т.А.“БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ“ – КАВАДАРЦИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *