11ти октомври

Нови Сад

3 дена / 2 ноќевања / Автобус

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
10.октомври (четврток) СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 ч. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

11.октомври (петок) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Сместување во хотел. Вечерта, слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

12.октомври (сабота) ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок. Заминување за прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

13.октомври (недела) НОВИ САД
Појадок. Слободно време за индивиуални активности….или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 89 € (противвредност: 5.520,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањетo.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Организиран ручек во Салаш
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *