11-ти октомври

Острог

Будва – Тиват – Перасте - Котор – Дубровник – Острог

10.10 - 13.10.’19 (автобус 3 дена / 2 ноќевања)

Манастирот Острог е едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастирот е сместен во карпите и е основан од метрополитот Василие Острошки во XVII век. Манастирот се наоѓа на 900 м надморска височина меѓу градот Никшиќ и Подгорица. Во текот на летните месеци манастирот го посетуваат помеѓу 250.000 – 300.000 верници и посетители, што го прави најголемо православно светилиште на само на Балканот туку и во Европа. Моштите на светецот се наоѓаат во Манастирот кои што се деноноќно чувани од свештено лице.

1 ден 10.10.2019 КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок на групата во Кавадарци во 21:45 часот на булеварот спроти гранична полиција. Во 23:00 часот на паркингот кај спортската сала „Борис Трајковски“. Се патува преку граничниот премин Блаце (Косово – Албанија – Црна Гора). Ноќно возење.

2 ден 11.10.2019 БУДВА – ТИВАТ – ПЕРАСТИ – КОТОР
Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Сместување во објектот. Слободно време за одмор. Попладне околу 14:00 часот факултативна посета на ТИВАТ – КОТОР – ПЕРАСТИ Качување на брод во Тиват. Поаѓање со брод за Котор. Попатно посета на Перасти каде што во средината на Бока Которскиот залив се наоѓаат 2-та острова со Манастири. Посета на едниот манастир со локален туристички водич. Потоа заминување за Котор. Пристигнување во Котор. Разглед на стариот град во Котор со локален туристички водич. После разгледот слободно време за индивидуална прошетка на Котор. Попладне заминување на групата со брод од Котор за Тиват. Прошетка во Тиват по прекрасната Порто Марина (едно од најубавите пристаништа на Јадранот). Пристигнување во Будва во вечерните часови. Слободно време за индивидуална прошетка и шопинг низ Будва, стариот град во Будва. Ноќевање.

3 ден 12.10.2019 БУДВА – ДУБРОВНИК
Појадок. После појадокот предвидена е факултативна посета на Дубровник. Во 08:30 часот состанок на групата на договореното место. Поаѓање за Дубровник. Пристигнување во Дубровник околу пладне. Во Дубровник е предвиден разглед на стариот дел на градот со локален туристички водич: Најпознатата улица СТРАДУН или Плаца е главната улица во стариот дел на градот и се наоѓа меѓу двете градски капии – главната капија од Пила и капијата од Плоча, Градското звоно, двете фонтани – големата и малата Онофриева чешма, Старата царина, Катедралата Св.Блаж, Францускиот манастир, старото пристаниште, Ректоровата палата. Можност за факултативно крстарење со брод околу стариот град. Слободно време за прошетка низ стариот дел за шопинг и ручек. Во попладневните часови заминување на групата за Будва. Ноќевање

4 ден 13/14.10.2019 БУДВА – ОСТРОГ – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. После појадокот заминување на групата за манастирот Св.Василије Острошки во ОСТРОГ. Попладне заминување на групата за Македонија. Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови наредната ден.

ЦЕНА: Hot.”MONTE RIO” 2* 2 BB = 4.950,00
За целосна уплата до 15.09.2019 = 4.650,00

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
• 2 ноќевања во приватно сместување или во хотел на база ВВ
• Посета на манастирот Острог
• Организација на патувањето и пратител од агенцијата

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
• Факултативна посета на Дубровник – 25 € (разглед на дубровник со локален водич) 20 € без водич само посета на Дубровник,
• Факултативна посета на Тиват – Котор – Перасте со брод од Тиват (крстарење по Бока Которскиот залив со локален водич) – 30 €,
• Влезници на објектите што ќе се посетуваат,
• Патничко и здравствено осигурување – 250,00 мкд без франшиза

НАПОМЕНА:
• Резервција се прави со минимум уплата од 30%, целосна доплата 10 дена пред поаѓање, Во случај на недоволен број на патници (минимум 45) агенцијата може да го откаже аранжманот 7 дена пред поаѓање на запишаните патници ќе им се вратат средствата уплатени во целост
• За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници
За овој аранжман важат ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ на Т.А. „БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ” – КАВАДАРЦИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *