24 Maj

Санторини

НАЈРОМАНТИЧНИОТ ОСТРОВ НА СВЕТОТ
23.05-27.05.2019 - 3 ноќевања со појадок

Опис на островот
Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Санторини се наоѓа во егејското море и припага на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA, на 260 м над површината на морето.

Програма на аражманот
1. Ден: 23.05.2019 (чеврток) СКОПЈЕ – САНТОРИНИ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 15:30ч. Поаѓање на автобусот во 16:00ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2. Ден: 24.05.2019 (петок) САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари. Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот водич посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус враќање во Камари. Ноќевање.

3. Ден: 25.05.2019 (сабота) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas, Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.

4. Ден: 26.05.2019 (недела) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09 часот поаѓање на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод во траење од 5 часа (Крстарање по калдера и посета на новиот вулкан – ПЕС (за влез на вулканот задолжителна доплата од 2,5 еур) од каде што се гледаат сите седум кратери). Можност за капење во топлите води на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за индивидуален ручек во некоја од таверните. Враќање на пристаниште и трансфер до хотел, слободна вечер. Ноќевање.

5.Ден: 27.05.2019 (понеделник) – САНТОРИНИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите во 11:00ч. Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч. Ноќно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Евзони, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје наредниот ден 28.05.2019 во утринските часови.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€/12.340 ден.
EARLY BOOKING (рана резервација) до: 31.03.2019 189€/11.720 ден.

Во цената на аражманот е вклучено:
• Превоз со високо туристички автобус (кој е на располагање и на Санторини)
• 3 ноќевања со појадок во Камари или Периса, хотел 3* или 2*
• Бродска карта , Пиреа – Санторини – Пиреа
• Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)
• Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој.
• Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аражманот не е вклучено:
• Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден.
• Дете до 2 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.
• Прво дете до 7 години, а не користи кревет спие со родители, плаќа само превоз+брод – 130€/8.060 ден.
• Второ дете до 12 години, плаќа минус 30% од вкупната сума на аранжманот.
• Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини (втор ден) – 5€
• целодневна екскурзија и разглед на островот (автобус+ водич, ден 3 ти по програмата) -35€
• целодневна екскурзија со брод (автобус + водич + брод, ден 4 ти по програмата) -35€
• посета на винарија (автобус + водич + влезница за винарија, резервација и дегустација на вино (5 ти ден по програмата) =18€
• Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците)
• Задолжително здравствено патничко осигурување
• Индивидуални трошоци

Напомена:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
• Трансфер од сите градови
• Хотелите се со 2* или 3* (Периса, Камари) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
• Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
• Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.
• За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
• При резервација и уплата на аранжманот задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
• Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
• Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети.

Цени за користење само превоз и бродски билет Скопје-Санторини-Скопје:
• Превоз со високотуристички автобус 99€/6.140 денари
• Бродски билет 83€/5.146 денари

Доплата за:
• Авионски седишта 25€/1.550 денари по правец
• Бизнис класа 35€/2.170 денари по правец
• Кабина за спиење 89€/5.520 денари по правец

Информација за патници со сопствен превоз:
• Бродски превоз за автомобил 100€/6.200 денари по правец
• Бродски превоз по лице 41.5€/2.580 денари по правец (економска класа)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *