Велигден

Сараево - Mостар - Мокра Гора

Со посета на термална ривиера

„Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. Тој е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат една џамија, католичка црква, православна црква и синагога во истото соседство. Сараево е главен град на Босна, каде минува реката Милјацка. Град со околу 400.000 жители, бурна историја. Сараево е град домаќин на 14-те Олимписки игри (1984 год.).

Прв ден: 25.04.2019 (четврток) Кавадрци – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден: 26.04.2019 (петок) Сараево.
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Врело Босна, Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовите… Попатно предлагаме и посета на AVAZ TWIST TOWER најголемата зграда на Балканот 180 метра. Смесување во хотел и краток одмор. Од 18.00 часот следи факултативна можност за посета на Термална ривиера -Хотел Хилс 5* или слободно време. Ноќевање.

Трет ден: 27.04.2019 (сабота) Сараево – Мостар – Сараево.
Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Разглед на градот со локален туристички водич. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Предлагаме факултативна богата свечена вечера со музика или слободно време. Ноќевање.

Четврти ден: 28.04.2019 (недела) Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кавадарци
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Посета на единсвената музејска железница Шарганската Осмица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи
Пети ден.29.04.2019.(понеделник) Пристигнување Кавадрци во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ 5.800 ден

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Aвтобуски превоз на дадената релација
• Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево
• Разгледување на Сараево со локален водич
• Придружник на групата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари
• Полудневен излет до Мостар и разглед – 10 евра (минум 35 патници)
• Свечена вечера – 20 евра (миниум 10 патници)
• Посета на Термална ривиера Хотел Хилс 5* со везница и превоз-10 евра (миниум 10 патници)
• Влезници за културно-историските споменици
• Разглед и посета на Дрвенград (влез 1-3е се плаќа при влез).

НАПОМЕНИ:
• Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
• За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници
• За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање. Може да се патува со лична карта.

Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.БАЛКАН ТУРИСТ и СКТМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *