СЕКОЈ ВИКЕНД ВО ОКТОМВРИ И НОЕМВРИ

СОЛУН – ПАРАЛИА – МЕТЕОРИ

2 дена / 1 ноќевање / автобус

1 ден СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИА
Состанок на групата во 05:00 часот на паркингот на хотел ВИЛ (спроти скопски саем). Поаѓање за Грција во 05:15 часот. Поаѓање од Кавадарци во 06:30 часот од булеварот кај гранична полиција. Пристигнување во Солун во раните утрински часови. Посета на шопинг центрите COSMOS и IKEA. Слободно време за шопинг. Во договореното време поаѓање за Паралија. Пристигнување во Паралија во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден ПАРАЛИА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, заминување на групата кон Метеори. Посета на една од најатрактивната дестинација – Метеори. Метеорите се таканаречени „карпи во воздухот“ или „горе во небото“, едни од најголемите православни комплекси во Грција. Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција. Денес од шесте манастири, пет се машки, а еден е женски манастир, и дел од нив служат како туристичка атракција. Целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО. Посета на фабриката за изработка на Икони со можност да си купите по поволни цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Кавадарци и Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА на аранжманот 2.950,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации;
• Сместување во хотел 3* – 1 НП (ноќевање со појадок);
• Посета на Солун и Шопинг центрите Космос – Икеа;
• Организирана посета на Метеори;
• Професионален лиценциран придружник за време на патувањето;
• Организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Влезници за Метеорите – (се плаќа на лице место);
• Патничко осигурување е задолжително и треба сами да си го извадите. Во случај да немате патничко осигурување агенцијата не сноси одговорност за евентуалните последици по патникот.

Напомена:
Oрганизаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата. Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање;
За реализација на аранжманот потребени се минимум од 50 патници;

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и T.A. Балкан Турист Травел Компани – Кавадарци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *