ИНТЕР ХОТЕЛ САНДАНСКИ 4*

Сандански

Ценовник за период 01.09.2019-31.01.2020

Цени за 1 ноќ за 2 лица во двокреветна соба/студио/апартман или за 1 лице во еднокреветна соба

Ценовник за период 01.09.2019-31.01.2020

Доплати и услови за сместување во СОБА:

Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
Доплата: вечера 12€ – возрасен, 8€ – дете 4-12
• Цените се валидни за сместување во период од 01.02.2019-31.01.2020.
• Цените се дадени по СОБА (за двајца возрасни) на ден, за услуга ноќевање со појадок/полупансион
• Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

Редовниот ценовник не важи семинари, конгреси и за следниве периоди:
• 26.04-29.04.2019
• 29.03-06.04.2019
• 01.03-04.03.2019
• 03.05-06.05.2019
• 24.05-26.05.2019
• 06.09-08.09.2019
• 20.09-23.09.2019
• 23.12-27.12.2019
• 28.12.2019-01.01.2020
За овие периоди има специјални пакет цени кои ќе бидат објавувани дополнително

Минимално и максимално сместување во капацитети на ИНТЕР ХОТЕЛ САНДАНСКИ:

GPS координати: 41.567978, 23.282570 (линк…)
Легенда:
DBL – двокреветна соба, APP – апартман, STD – студио, SGL – еднокреветна соба,
BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион ( појадок+вечера)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
• Нокевање со појадок или полупансион (појадок и вечера)
• Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
• Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
• Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
• Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
• Лежалка и пешкир покрај базените
• Безжичен интернет во целиот хотел
• Паркинг
• Сеф на рецепција
• Детско катче со аниматор
• Туристичка такса

НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици
Цените се во евра, плаќањето се врши во денари 1 € = 62,00 мкд

СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:
Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално времe)
РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански
Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на
Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера, бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само
15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:
1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.
3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
6. Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *