8ми март

АЛПСКИ УБАВИНИ

Женева, Шилон/Монтре, Лозана, Цирих, Берн

6 дена / 3 ноќевања / автобус

05.03.-10.03.2019

1 ден 05.03.2019 – Скопје – Женева
Состанок на групата во 08.00 часот од паркингот на Holiday in во Скопје. Тргнување во 08.15 часот. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

2 ден 06.03.2019 – Женева
Пристигнување во пладневните часови во Женева. Разглед на Женева, еден од најголемите центри на меѓународната дипломатија. Во него се наоѓа Палтата на нациите во која е сместено седиштето на ООН, Меѓународниот комитет на црвениот крст, Светската трговска организација, во Женева е седиштето на протестантската црква, односно на Калвинистите, поради што ја нарекуваат „Протестантски Рим“. Женева е интересна и затоа што во Женевското Езеро се наоѓа Jet d’Eau – воден млаз кој водата ја исфла во височина до 140 метри, цветниот часовник, истекот на реката Рона и островчето Русо, катедралата Свети Петар, Паркот на реформаторите, Градската куќа во стариот дел на градот, споменикот на Брунсвик.

3 ден 07.03.2019 – Женева – Шилон – Монтре – Лозана – Женева
Појадок. Овој ден препорачуваме целодневен факултативна излет со посета на замокот Шилон, кој е најпосетуван објект во Швајцарија. Се наоѓа на неколку метри од брегот на Женевското Езеро. Во минатото служел за собирање царина/даноци од минувачите и трговците кои оделе за Италија. На помалку од десет километри одалеченост е монденското Мотре – град на џезот и музичарите. Прошетката по кејот на Женевското Езеро вниманитето го привлекуваат споменикот на познатиот пејач Фреди Меркјури и хотелот Монтере Палас, во кој е потпишан меѓународниот договор за пловидба низ морските теснеци.
Следна цел е Лозана седиште на Меѓународниот олимписки кмитет, на Олимпискиот музеј и најмал град во светот во кој постои метро (подземна железница). На ридот, во стариот дел на градот доминира катедралата и камбанеријата од која веќе шест века, „чуварот“ на секој час испукува плотун. Внимание привлекува и протестантската црква. Во попладневните часови враќање во Женева и слободно време за прошетки. Ноќевање.

4 ден 08.03.2019 – Женева – Цирих – Женева
Појадок. По појадокот во раните утрински часови заминување кон Цирих. Прстигнување во пладневните часови. Разглед на Цирих, најголем град по број на население, најголем по површина, најголем банкарски центар, најпознат универзитет, најголема железничка станица, најголем аеродром… Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Железничката станица, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот. Во попладневните часови враќање за Женева и пристигнување до вечерните часови. Ноќевање

5 ден 09.03.2019 – Женева – Берн
Појадок. По појадокот заминување за главниот град на Швајцарија- Берн, чиј стар дел е ставен на листата на УНЕСКО, како светско културно наследство. Вистинско задоволство е да се прошета по пешачките улици, покриени со аркади, украсени со фонтани, саат кули и други интересни објекти. Меѓу нив посебно привлечни се Bundeshaus – Сојузната палата (Собрание) на Швајцарија и плоштадот пред неа, Einsteinhaus, Kramgasse 49, во која живеел Алберт Ајнштајн додека работел во Швајцарскиот центар за патенти, Zytglogge, саат кулата од 13 век…
Во попладневните часови заминување за Македонија.

6 ден 10.03.2019 – Италија – Словенија – Хрватска – Србија – Македонија
Во вечерните часови пристигнување во Македонија

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА: 355 €

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Автобуски превоз на наведената релација
• Сместување во хотели 3* на база 3 ноќевања со појадок во Женева
• Организиран разглед на Женева, Берн и Цирих
• Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативна посета на Монтре, замокот Шилон, Лозана – 45 €
• Влезници за културно-историски споменици споменати во програмата, карти за локален превоз
• Патничко – здравствено осигурување (5 € до 64 години или 10 € над 64 години)
• Останати индивидуални трошоци кои не се споменати во програмата
• Туристичка такса
• Доплата за 1/1 соба

Факултативи:
Факултативните посети не се задолжителен дел од програмата;
Факултативите задолжително се резервираат во агенцијата при самата уплата.

НАПОМЕНИ:
Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 / 6 месеци по завршување на патувањето
Важат Општите услови на Т.A. Балкан Турист и СКТМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *