Брисел

8-ми Март

БРИСЕЛ – АНТВЕРПЕН - ЛУКСЕМБУРГ

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!!

АВИОН / 4 дена / 3 ноќевања

10 март 2018 СКОПЈЕ – БРИСЕЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:15 часот. Авионот за Брисел полетува во 07:00, слетува во 09:50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до центар на градот за разглед. Брисел – градот познат по чоколадата, пивото и гастрономијата. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот – неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo, фонтаната Манекен Пис… Сместување во хотел. Слободно попладне. Во вечерните часови можност за прошетка и запознавање на дел од знаменитостите во централниот дел на Брисел. Ноќевање.

11 март 2018 АНТВЕРПЕН И БРИЖ
Појадок. Целодневен факултативен излет до Антверпен и Бриж.
Антверпен се наоѓа во регионот Фландрија, во покраината Антверпен, сместен во северозападниот дел на Белгија, на брегот на реката Шелда. Еден од најголемите пристанишни центри во Европа и стопански центар на Белгија, своето име го добил по џинот Антигон кој живеел на брегот на реката Шелда. Легендата вели дека џинот барал високи такси за бродовите кои пловеле по реката и ги сечел рацете на тие кои немале пари да платат. Меѓутоа еден храбар римски војник чул за овој варварски чин, одлучил да се спротивстави, му ја исекол раката на џинот и ја врлил во реката. Името на градот настанал по оваа легенда, Handwerpen значи фрлање рака. Разглед на градот: Најголемата готска црква-каедрала во Европа “Onze lievevrouwekathedral” украсена со ремек делата на Рубенс, Музејот за дијаманти, Grote Markt – старата чаршија во центарот на градот, музејот Платим-Моретус под заштита на УНЕСКО кој ја прикажува историјата на новите технологии и напредокот на модерниот човек, куќата- музеј на Петер Пол Рубенс, легендарниот сликар од барокната ера, музејот Руиен кој посетителите ги води во подземните канали на градот каде може да се види наследството на градот, зоолшката градина како една од најстарите во светот…
Патувањето продолжува кон Бриж, кој го сметаат за еден од најубавите мали градови во Европа. Град кој го нарекуваат “Венеција на северот”, вистински скапоцен камен на овој дел од Европа, опкружен со живописни канали. Со неговата целосно зачувана готска архитектура, Бриж е под заштита на УНЕСКО. Разглед на градот: Главниот плоштад, Градското собрание, Црквата Пресвета Богородица… Слободно време за крстарење по каналите или дегустирање на познатите белгиски пива. Враќање во Брисел во вечерните часови. Ноќевање.

12 март 2018 ЛУКСЕМБУРГ
Појадок. Целодневен факултативен излет во Луксембург.
Големото Војводство Луксембург – земја богата со културни споменици и сликовити пејсажи. Позната по старите дворци и палати, карпестата уметност (северниот дел Луксембург е богат со пештери исцртани со цртежи од праисторијата), подземните канали кои во Првата и Втората светска војна служеле како засолниште за десетици илјади граѓани. Денес дел од тие канали се подземни галерии и туритички атракции. Прошетка и запознавање на градот: старото градско јадро сместено на стрмен дел од градот, плоштадот Армс, градското Собрание, Војводската Палата, споменикот на кнегињата Шарлот, Катедралата… Ноќевање.

13 мар 2018 БРИСЕЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 10.20, пристигнување во Скопје во 13.00 часот на аеродромот Александар Велики.

ЦЕНА за уплати до 28.12.2017: 319€ (19.780,00 мкд)
ЦЕНА за уплати до 20.01.2018: 349 евра (21.640,00 мкд)
Цена на аранжманот: 379€ (23.500,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски превоз на релација Скопје-Брисел-Скопје
• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
• Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
• Сместување во Хотел 3* во Брисел на база 3 ноќевања со појадок
• Организиран разглед на Брисел
• Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Аеродромски такси 4.280 мкд
• Доплата за куфер до 20кг – 2.500мкд и куфер 32кг – 3.100 мкд
• Екскурзија Антверпен и Бриж 65 евра
• Екскурзија Луксембург 65 евра
• Туристичка такса – 600 ден, се плаќа во агенција
• Доплата за еднокреветна соба 5.580 мкд
• Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
• Патничко – здравствено осигурување 250мкд

НАПОМЕНИ:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд.

Пасошот треба да важи минимум 180 дена по завршувањето на патувањето.

Разгледница од Брисел

Барселона

8-ми МАРТ

БАРСЕЛОНА

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!!

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

04.Март (недела) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:00часот. Пристигнување во Барселона во 20:45 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

05.Март (понеделник) БАРСЕЛОНА
Појадок. Организирано, панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал-главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани, Шпанското село. Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Предлагаме шопинг во познатите шопинг центри Маре Магнум, Кор Ди Енглес. Враќање во хотел. Ноќевање.

06.Март (вторник) БАРСЕЛОНА (факултатива – Фигерас и Герона)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки. Преопрачуваме факултативна посета на Фигерас и Герона – целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидна колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar… Вечерта можност за организирана факултативна вечер со Фламенко. Враќање во хотел. Ноќевање.

07.Март (среда) БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативно предлагаме посета на стадионот Camp Nou, музејот на ФК Барселона- модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни… Потоа, факултативно (5 часа), Посета на паркот “Guell”- ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO, продолжуваме со посета на видиковецот-Тибидабо, кој нуди прекрасен поглед на градот, и завршуваме со посета на Шпанското село. Слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродром во 19:00 часот. Во 21:20 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

Цена за уплати до 20.01.2018:18.540 мкд (299 евра)
Цена на аранжманот:21.640 мкд (349 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски превоз на наведената релација Скопје – Барселона – Скопје со Wizzair
• Рачен багаж 1 торба/куфер до 10 кг. со димензии 55х40х23см
• Трансфер аеродром – хотел – аеродром
• Сместување во хотел Euro Hotel Gran vía fira на база 3 ноќевања со појадок
http://granvia.eurohotelgranviafira.com/hotel/
• Организиран разглед на Барселона по програмата
• Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Аеродромски такси по лице се 3.100 денари
• Куфер-чекиран до 20 кг – 3.300 денари.
• Куфер-чекиран до 32 кг – 4.100 денари.
• Посета на Ноу Камп ( превоз и влезница – 30 евра)
• Посета на Гуел парк, Тибидабо, Шпанско село 50 евра
• Посета на Гирона и Фигерас 60 евра
• Посета на Аквариумот 19 евра
• Фламинко шоу со вечера и пијалок / само шоу и пијалок
• Туристичка такса се плаќа во хотел
• Доплата за еднокреветна соба 6.820 мкд
• Билети за јавен превоз со метро
• Задолжително патничко – здравствено осигурување.

НАПОМЕНИ:
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
• Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
• Калкулацијата за факултативните излети е направена ан минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција

Пасошот треба да важи минимум 180 дена по завршувањето на патувањето!!!

Разгледница од Барселона

8-ми Март, авион

Amsterdam

Амстердам

Авион - сигурна реализација

Barcelona

Барселона

Авион - сигурна реализација

The town hall in the main square in Brussels on a summer eveing.

Брисел

Авион - сигурна реализација

Madrid

Мадрид

Авион - сигурна реализација

Valletta

Малта

Авион - сигурна реализација

Munich

Минхен

Авион

roma7T

Рим

Авион - сигурна реализација

Strasbourg

Стразбур

Авион - сигурна реализација

Viena2T

Виена

Авион

Zurich-Switzerland

Швајцарија

Авион - сигурна реализација

8-ми Март

Автобуски аранжмани:

Атина, Љубљана, Загреб, Фиренца, Рим, Милано, Прага, Париз, Минхен, Стразбур, Виена, Венеција, Австрија, Швајцарија

Aвионски аранжмани:

Амстердам, Барселона, Брисел, Будимпешта, Виена, Мадрид, Малта, Минхен, Рим, Стразбур, Швајцарија

АМСТЕРДАМ

8-ми март

АМСТЕРДАМ

Градот на вода

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!

АВИОН / 4 дена / 3 ноќевања

09 март 2018 СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 06.00 слетува во 08.50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пицница Хајнекен, Новиот градски кварт… Слободно време за прошетка низ градот, љубителите на уметноста можат да ги посетат музеите: Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон (15 до 17 век, со делата на Рембрант), Музејот Ван Гог со неговата најголема збирка на дела. Ноќевање.

10 март 2018 АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА
Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

11 март 2018 АМСТЕРДАМ
Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење… Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. Враќање во Амстердам, препорачуваме посета на фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во вечерните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.

12 март 2018 АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09.15 часот, пристигнување во Скопје во 11.50 часот на аеродромот Александар Велики.

ЦЕНА за уплати до 20.01.2018:309 евра (19.160 денари)
ЦЕНА за упалати до 10.02.2018:349 евра (21.640 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:379 евра (23.500 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје
– Кабински багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 55х40х23см)
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам
– Сместување во Хотел New Century 3* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Амстердам
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси 3.990 денари
– Доплата за чекиран багаж – куфер со максимум 20kg 4.500 денари / куфер со максимум 32kg 5.600 денари
– Голема Холандска Екскурзија 75 евра
– Мала Холандска Екскурзија 55 евра
– Крстарење по каналите на Амстердам 17 евра
– Туристичка такса се плаќа во агенција 600 денари
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 10.000 денари

НАПОМЕНИ:
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 25 патници
– За реализација на факултативите потребен минимум од 20 патници
– Резервација се прави со копија од пасош и авансна уплата од 30% (важи и за цената во предпродажба) од цената на аранжманот
– Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето
– Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

Разгледница од Амстердам