8-ми МАРТ

РИМ

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!!

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

15 Март (Четврток) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 11:40 часот. Лет за Рим во 13:15 часот. Слетување во Рим во 15.00 часот. Трасфер за до Рим и панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар…Трансфер до хотелот и сместување. Вечерта слободна програма, можност да се почувствува атмосферата во италијанските кафулињата или ресторани. Ноќевање.

16 Март (Петок) РИМ – ВАТИКАН – ТИВОЛИ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар…. Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – ренесансната палата од 16 век со своите илјада фонтани. Ноќевање.

17 Март (Сабота) РИМ
Појадок. Прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Црквата Св. Климент… Вечерта, факултативно, прошетка по боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

18 Март (Недела) РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 15.30 часот. Пристигнување во Скопје во 17.05 часот.

Цена во предпродажба до 20.01.2018:249 евра (15.440 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:299 евра (18.540 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
• Кабинска тоба со димензии 55х40х23 до 10кг
• Трансфер аеродром – хотел – аеродром
• Сместување во хотел Порта Маџоре на база 3 ноќевања со појадок
• Организиран панорамски разглед на градот
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Аеродромски такси 3.700 денари
• Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
• Багаж – чекиран куфер до 20кг – 2.500 мкд
• Доплата за еднокреветна соба 4.340 мкд
• Факултативни излети:
• Посета на Ватикан со локален водич и влезница
• Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
• Посета на Тиволи со локален водич и влезница
• Факултативна вечера во ресторан
• Влезници во музеите и културно историските споменици
• Карти за локален превоз (метро)
• Патничко – здравствено осигурување

Напомена:
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
• За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Магелан Травел Сервис.
• Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:
• Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:
• Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Разгледница од Рим

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *