Сараево

8-ми МАРТ

САРАЕВО

МОСТАР – МЕЃУГОРЈЕ – ВИШЕГРАД - МОКРА ГОРА

5 дена / 2 ноќи / автобус

1 ден 08.03.2018 (четврток) Кавадарци / Скопје
Поаѓање за Сараево во 19:00 часот од Кавадарци од пред Гранична Полција, во 20:30 часот од Скопје, паркинг пред хотел Вип. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 09.03.2018 (петок) Сараево
Пристигнување во Сараево кој поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност е познат и како „Ерусалим на Европа“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православ на црква, католичка црква и џамија во иста населба. Разглед на градот со локален водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 10.03.2018 (сабота) Сараево – Меѓугорје – Мостар – Сараево
Појадок. По појадокот можност за факултативен излет до Мостар и Меѓугорје. Попатно посета на камената ќуприја во Коњиц, срушениот мост од втората светска војна познат како битка на Неретва. Потоа продолжуваме кон Меѓугорје – местото кое стана познато католичко свето место по изјавите на неколку локалци дека таму се прикажал ликот на Марија Богородица. Првото такво сведочење било во 1981 година, а оттогаш во овој херцеговски град се развива верскиот туризам. Напуштање на Меѓугорје и поаѓање кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностит е и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол.
Посета и прошетка на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI -XIX век, Саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед -Пашина џамија. Во попладневни часови враќање кон Сараево. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

4 ден 11.03.2018 (недела) Сараево – Вишеград – Мокра Гора – Скопје / Кавадарци
Појадок. Поаѓање кон Македонија со попатна посета на Вишеград – Град сместен на бреговите на реката Дрина и Рзав и е најпознат по славниот мост –мостот на Дрина. Посета на Андричград, град кој го гради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андрич. По посетата продолжуваме кон Мокра Гора. Пристигнување во Мокра Гора. Факултативна посета на Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица. Слободно време за разглед. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 12.03.2018 (понеделник) Скопје / Кавадарци
Пристигнување во Скопје/Кавадарци во утринските часови.

Цена: 5.400,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус
• појадок во режија на агенцијата првиот ден
• 2 ноќевања со појадок во хотел со 3 * во Сараево
• разглед на Сараево со локален водич
• организација и водство на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• факултативен излет до Меѓугорје и Мостар – 15евра (минимум 35 лица за реализација, пријавување при резервација на аранжманот)
• влезница за посета на Дрвен Град во Мокра Гора – 250 динари или 2.5 евра (се плаќа на лице место)
• патничко осигурување – 200 ден (задолжително)
• влезници за културно-историските споменици

Општи напомени:
– ТА „Балкан Турист“ го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Разгледница од Сараево