Џиардини Наксос – Катанија – Сирагуза – Палермо

11-ти октомври

Џиардини Наксос - Катанија - Сирагуза - Палермо

6 дена / 3 ноќевања / автобус

1 Ден 06.10.2018 Скопје – Драч – Бари
Поаѓање од Скопје во 13:30 часот од пред Дрво Декор. Патот продолжува за Струга преку граничен премин Ќафасан Албанија, Драч. Бродот испловува од Драч за Бари во вечерните часови. Ноќно пловење со брод.

2 Ден 07.10.2018 Бари – Џиардини Наксос / Летојани
Во утринските часови пристигнување во Бари. Упатување кон Сицилија – Мессини. Пристигнување во Сан Џовани траект – возење 40 минути. Пристигнување во Мессини и упатување кон најубавиот дел на Сицилија – (Giardini Naxos) во чија непосредна близина се наоѓа хотелот во Летојани. Сместување во хотел, индивидуалнална вечерна прошетка. Ноќевање.

3 Ден 08.10.2018 Летојан / Џиардини – Катанија – Сирагуза
Појадок. Во утринските часови поагање за Катанија Разглед на градот и неговите историски знаменитости. Заминување за Сирагуза – разглед на градот и катердала, Аполонов храм. Вракање во Хотелот. Вечерта факултативна прошетка до во Taoрмина или слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 Ден 09.10.2018 Џиардини Наксос – Палермо
Појадок. По појадокот рано заминување за Палермо. панорамски разглед на Св.Јован Отпадник, Палатата на Норман, Новата Капија, катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот, паркот Гарибалди, театрите Политеама и Масимо. Слободно попладне за шопинг или индивидуална посета (капелата Палитина, Катакомби, галерии) Сместување во хотел. Слободни активности. Ноќевање.

5 Ден 10.10.2018 Палермо – Бари – Драч
Појадок. По појадокот заминуваме до Сан Џовани. Упатување кон Бари и доколку ни дозволи времето ќе имате можност да ја посетите црквата Св.Никола. Ноќно пловење со брод.

6 Ден 11.10.2018 Драч – Скопје
Пристигнување во Драч – краток одмор. Патувањето продолжува преку граничниот премин Ќафасан. Пристигнување во Македонија во попладневните часови со попатни паузи.

Цена на аранжман за автобус: 315 €
Цена на аранжман за мини бус: 360 €

Цената ги вклучува следниве услуги:
– Превоз на наведената релација со високо квалитетни туристички автобуси/мини автобус
– Сместување на брод во кабини Драч – Бари – Драч
– Сместување во хотел со 3* (Letojani/Giardini Naxos) на база 2 ноќевањa со појадок
– Сместување во хотел со 3* (Palermo) на база 1 нокевањa со појадок
– Катанија, Сирагуза и Палермо со локален водич
– Oрганизација и водство на патувањето

Цената не вклучува:
– Осигурување и Tуристичка такса 5€ (до 64 години)
– Монреале 10€
– Етна 20€ (доколку дозволи времето во ден 3)

НАПОМЕНА: Организаторот на патувањето го задржува правото за измени на редослед а во целост ке биде реализиран аранжманот

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
• Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62д.
• Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените. Во случај на промена на цена на бродска такса или кабина.,агенцијата има право да ја покачи цената.
• Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација кои не се врака во случај да се откаже патникот се наплатува одредена сума од вкупната сума доколку е на рати од 1 до 3 не се повратни. Поради специфичноста на аранжманот. од 3-8 рати според Oпштите услови на СКТМ – Балкан Турист

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
• во готово – авансно плаќање најмалку 30% од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Доколку не е предвидено поинаку пр. рати
• кредитни картички
• туристички крдит (6-36 рати) аплицирање во агенција
• вирманско плаќање

ЗА ОВОЈ АРАЖМАН ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А. Балкан Турист И СКТМ
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата((застој во сообраќај, локални штрајкови, локални предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатнина закажана однапред од страна на агенцијата и сл)