11-ти октомври

Сите патишта водат кон РИМ

4 дена / 3 ноќевања / Авион

1 ден СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 11:00 часот. Лет за Рим во 12:35 часот. Слетување во Рим во 14:20 часот. Трасфер до центарот на Рим и панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар…Трансфер до хотелот и сместување. Вечерта слободна програма, можност да се почувствува атмосферата во италијанските кафулињата или ресторани. Ноќевање.

2 ден РИМ – ТИВОЛИ – ВАТИКАН
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – ренесансната палата од 16 век со своите илјада фонтани Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар….. Слободно време. Ноќевање.

3 ден РИМ
Појадок. Слободно време. Препорачуваме – факултативно прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Црквата Св. Климент… Вечерта, прошетка по боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

4 дена РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 14.55 часот. Пристигнување во Скопје во 16:30 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 309 евра (19.160 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
– Кабинска тоба со димензии 55х40х23 до 10кг
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на градот
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси 3.700 денари (се плаќа во агенција)
– Туристичка такса 750 денари (се плаќа во агенција)
– Багаж – чекиран куфер до 20кг или 32кг. – Цена во моментот на уплата во агенција
– Посета на Ватикан со локален водич и влезница – задолжително пријавување во агенција 55 евра
– Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
– Посета на Тиволи со локален водич и влезница – задолжително пријавување во агенција 50 евра
– Влезници во музеите и културно историските споменици
– Карти за локален превоз (метро)
– Патничко – здравствено осигурување
– Еднокреветна соба – долапата 6.900 денари.

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Магелан Травел Сервис.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
Начини на плаќање:
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:
– Т.А. Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *