БУДВА И ОСТРОГ – СЕКОЈ ВИКЕНД

БУДВА И ОСТРОГ - СЕКОЈ ВИКЕНД

ПОАЃАЊЕ СЕКОЈ ПЕТОК - ВРАЌАЊЕ НЕДЕЛА

Програма на патувањето:
1 ден петок Кавадарци-Будва
Поаѓање во 20:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – сабота Св.Стефан-Будва
Пристигнување во св.Стефан, едно од најмоденските летувалишта на црногорското приморје, кратка пауза за разглед и кафе и поаѓање за Будва. Слободно време за прошетка низ Будва.
По разгледот на Будва продолжуваме кон Манастирот на Свети Василие Острошки, сместен во високо карпест предел, преставува најголемо Црногорско светилиште и секоја година привлекува мноштво поклоненици.
Се верува дека неговите мошти кои се наоѓаат на Горниот Манастир се чудотворни, а виновата лоза која расте меѓу карпите на прочуениот манастир е лековита, односно нејзините плодови ја лечат неплодноста. Ноќевање вечерта пред манастирот.

3 ден – недела Св.Василиј-Кавадарци
Патувањето продолжува кон Подгорица и прошетка во трговскиот центар Делта Сити. Во попладневните часови тргнување кон Македонија, попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавадарци во вечерните часови.

ЦЕНА: 1450 ДЕН

Во цената е вклучено:
Превоз со високи туристичи автобус во наведените релации
– Попатна посета на св.Стефан
– Организирана посета на Манастирот Св. Василиј Острошки
– Организација,реализација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување.
– Туристичка такса на манастирот.
– Трансфер од Долниот до Горен Манастир во Острог-1 ево во правец
– Ноќевање во конаците – 5 евра

Поаѓање од: Кавадарци, Велес, Скопје

Општи напомени:
– ТА Балкан Турист го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање. Може да се патува и со биометриска лична карта.
– Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
– За реализација на аранжманот се потребени минимум 25 патници

Важат општите услови за патување на ТА.Балкан Турист и СКТМ

ХОТЕЛ ПАМЕЛА

ХОТЕЛ ПАМЕЛА ***+

Неготино

Хотел Памела, сместен во непосредна близина на центарот на град Неготино надвор од градскиот метеж, во центарот на Р.Македонија, нуди широка палета на производи и услуги каде би поминале пријатни моменти со вашите најблиски.

Капацитет и стандард на сместување:
Хотел Памела располага со вкупно 30 соби, еднокреветни, двокреветни, трокреветни, четирикреветни, студија и апартмани сите модерно опремени.

На гостите им се гарантира удобност, приватност, како и достапност на се што е неопходно за прекрасен туристички или деловен престој.

Ценовник за сместување:

Доплата за полупансион 7 еур по лице, полнпансион 12 еур по лице.

Наведените цени се по соба од ден со вклучен ДДВ и туристичка такса.

Хотелскиот комплекс Памела, нуди идеални услови за одржување на семинари, презентации, конференции, деловни состаноци, едукација на кадри, средби, работилници, за кои имаме комплетно опремена сала.

Персоналот дополнително ќе се погрижи за кафе паузите за време на работните сесии по ваше барање.

Во склоп на хотелот во пријатен амбиент и добра услуга, секојдневно работи и ресторан со капацитет до 150 гости во кој ви се нудат интернационални и домашни специјалитети.

Тимот на хотел Памела е секогаш подготвен да се прилагоди кон вашите желби и да ги исполни вашите барања и очекувања.

Во согласност со претходно утврден договор, ќе пристапиме кон реализирање на сите ваши желби и барања.
Сите дополнителни услуги кои не се валоризирани во цената се наплаќаат по ценовник и во договор со одговорните лица.