БУДВА И ОСТРОГ - СЕКОЈ ВИКЕНД

ПОАЃАЊЕ СЕКОЈ ПЕТОК - ВРАЌАЊЕ НЕДЕЛА

Програма на патувањето:
1 ден петок Кавадарци-Будва
Поаѓање во 20:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден – сабота Св.Стефан-Будва
Пристигнување во св.Стефан, едно од најмоденските летувалишта на црногорското приморје, кратка пауза за разглед и кафе и поаѓање за Будва. Слободно време за прошетка низ Будва.
По разгледот на Будва продолжуваме кон Манастирот на Свети Василие Острошки, сместен во високо карпест предел, преставува најголемо Црногорско светилиште и секоја година привлекува мноштво поклоненици.
Се верува дека неговите мошти кои се наоѓаат на Горниот Манастир се чудотворни, а виновата лоза која расте меѓу карпите на прочуениот манастир е лековита, односно нејзините плодови ја лечат неплодноста. Ноќевање вечерта пред манастирот.

3 ден – недела Св.Василиј-Кавадарци
Патувањето продолжува кон Подгорица и прошетка во трговскиот центар Делта Сити. Во попладневните часови тргнување кон Македонија, попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавадарци во вечерните часови.

ЦЕНА: 1450 ДЕН

Во цената е вклучено:
Превоз со високи туристичи автобус во наведените релации
– Попатна посета на св.Стефан
– Организирана посета на Манастирот Св. Василиј Острошки
– Организација,реализација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување.
– Туристичка такса на манастирот.
– Трансфер од Долниот до Горен Манастир во Острог-1 ево во правец
– Ноќевање во конаците – 5 евра

Поаѓање од: Кавадарци, Велес, Скопје

Општи напомени:
– ТА Балкан Турист го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање. Може да се патува и со биометриска лична карта.
– Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
– За реализација на аранжманот се потребени минимум 25 патници

Важат општите услови за патување на ТА.Балкан Турист и СКТМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *