Сараево

8ми март

Сараево

МОСТАР – МЕЃУГОРЈЕ – ВИШЕГРАД - МОКРА ГОРА

5 дена / 2 ноќи / автобус

1 ден 07.03.2019 (четврток) Кавадарци / Скопје
Поаѓање за Сараево во 18:00часот од Кавадарци од пред Гранична Полција, во 19:30 часот од Скопје, паркинг пред хотел Вип. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 08.03.2019 (петок) Сараево
Пристигнување во Сараево кој поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност е познат и како „Ерусалим на Европа“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православ на црква, католичка црква и џамија во иста населба.Разглед на градот со локален водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 09.03.2019 (сабота) Сараево – Меѓугорје – Мостар – Сараево
Појадок.По појадокот можност за фалкутативен излет до Мостар и Меѓугорје. Попатно посета на камената ќуприја во Коњиц, срушениот мост од втората светска војна познат како битка на Неретва. Потоа продолжуваме кон Меѓугорје – местото кое стана познато католичко свето место по изјавите на неколку локалци дека таму се прикажал ликот на Марија Богородица. Првото такво сведочење било во 1981 година, а оттогаш во овој херцеговски град се развива верскиот туризам. Напуштање на Меѓугорје и поаѓање кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностит е и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Посета и прошетка на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI – XIX век, Саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед – Пашина џамија. Во попладневни часови враќање кон Сараево. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден 10.03.2019 (недела) Сараево – Вишеград – Мокра Гора – Скопје / Кавадарци
Појадок. Поаѓање кон Македонија со попатна посета на Вишеград – Град сместен на бреговите на реката Дрина и Рзав и е најпознат по славниот мост – мостот на Дрина. Факултативен разглед на Вишеград со крстарење со брод со локален водич. Посета на Андричград, град кој го изгради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андрич. По посетата продолжуваме кон Мокра Гора. Пристигнување во Мокра Гора. Факултативна посета на Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица. Слободно време за разглед. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 11.03.2019 (понеделник) Скопје / Кавадарци
Пристигнување во Скопје / Кавадарци во утринските часови.

5.900,00 редовна цена
за уплата до 20.12.2018 = 5.310,00
                              до 31.01.2019 = 5.610,00

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус
• 2 ноќевања со појадок во хотел ITALIA 3 * (www.hotelitalia.ba) во Сараево
• разглед на Сараево со локален водич
• организација и водство на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• факултативен излет до Меѓугорје и Мостар –15евра (минимум 35 лица за реализација, пријавување при резервација на аранжманот)
• влезница за посета на Дрвен Град во Мокра Гора -250 динари или 2.5 евра (се плаќа на лице место)
• ФАКУЛТАТИВНА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛЕН РЕСТОРАН ЖИВА МУЗИКА ТАМБУРАШИ И СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА: ТЕЛЕШКО ПЕЧЕЊЕ ПОД САЧ; ПРЕДЈЕЛО – КАЈМАК, ПРШУТ И СИРЕЊЕ, ДЕСЕРТ И ПО ЕДЕН ПИЈАЛОК: СОК, ПИВО, ЧАША ВИНО – 25 € (минимум 35 лица, пријавување при резервација на аранжманот)
• Посета на Бункерот на Тито – 10 € (минимум 35 лица, пријавување при реализација на аранжманот)
• Во Вишеград факултативно крстарење со брод по Дрина со локален водич – 5 € по лице
• патничко осигурување –200 ден (задолжително)
• влезници за културно-историските споменици

Општи напомени:
– ТА Балкан Турист го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

Паралија

Лето 2019

Паралија

БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ НА 3-ТО И 4-ТО ЛИЦЕ ВО

СТУДИО ПОПУСТИ: – 25 % ЗА УПЛАТА ДО 15.12.2018
– 15 % ЗА УПЛАТА ДО 15.01.2019
– 10 % ЗА УПЛАТА ДО 15.02.2019

Вила “LA MIRAGE“ е од висока “А“ категорија и се наоѓа на 50 м од плажата во првиот дел на Паралиа. Студиата се комплетно опремени со мини кујна, тоалет, балкони, А/С + ТВ – WI-FI. Располагаме со 1/2; 1/3 и 1/4 студија на приземје, и 1 спрат.

УСЛУГИ:
• Цените сo * се дадени за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз за минимум 2 лица во студио што плаќаат 100 %
• Цените без * се дадени за наем за студио / апартман за 7 ноќевања за минимум 2 лица во студиo што плаќаат 100 %
• Во студијата e дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет т.е. број на кревети. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
• Сите попусти за деца и трети лица важат при сместување во соба со 2 возрасни лица
• При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување уплатената аконтација не се враќа
• Поради генерално чистење на студиата по секоја смена, студијата се напуштаат во 09:00 часот, а се добиваат по 14:00 часот по локално време
• Хигиената во собата си ја одржувате сами за време на престојот

Кај пакет аранжманите за 7 ноќевања важат следните услови:
• Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
• За деца 02-12 години – сместување бесплатно, доплата за превоз од 25 €
• Сместување на 3-то и 4-то возрасно лице над 12 години во студио – сместување БЕСПЛАТНО – доплата за превоз 35 €

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
• Задолжително патничко и здравствено осигурување – инфо во агенцијата
• Доплата за клима 5 € од ден
• Превоз: возрасни 35 € (повратен билет) / 25 € (1 правец)
• деца од 2-12 години 25 € (повратен билет) / 20 € (1 правец)
o За користење сопствен превоз кај пакет аранжманите се одбива по 10€ од лицата што плаќаат 100%
o За користење на две смени (7+7 ноќевања) одобруваме попоуст од 10% на втората смена
o Попустот за рана уплата не е валиден само за смените од промотивниот период 26 Мај 15 и 22 Септември
o Во цената не е вклучена туристичка такса за престој – се плаќа на лице место изнесува 0,5 евро од ден по соба, за брзината и квалитетот на интернетот агенцијата не гарантира и не сноси никаква одговорност

ВАЖНА НАПОМЕНА. Заради ваша лична безбедност кога не сте присутни во собите немојте да ги оставате вратите од терасите и надворешната врата отклучени (доколку истите се отворени и отклушени а настане недај боже некаква кражба, агенцијата и сопствениците не одговараат)

Цените се изразени во € – евра , по курс 1 € = 62 мкд

За овој аранжман важат општите услови на патување пропишани од “СКТМ“ и Т.А.“БАЛКАН ТУРИСТ“. ЛИЦЕНЦА – “А“ за вршење на туристичка дејност