Мистичната Кападокија со Анкара

8ми март

Мистичната Кападокија со Анкара

5 дена / 3 ноќевања / автобус

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија! Сместена во срцето на Турција позната по уникатните карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Областа Кападокија се наоѓа во покраината Невшехир и со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО и предизвик за туристите. Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите.

06.Март (среда) СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 10:00 часот. Поаѓање во 10:30 часот се патува преку Грција, граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот води преку Кавала, граничен премин Ипсала. Време за царински формалности, патувањето продолжува према Истанбул – Анкара -Невшекир, ноќно возење се до наредниот ден до пладневните часови.

07.Март (четврток) КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Пристигнување во Кападокија(Невшекир) во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

08.Март (петок) КАПАДОКИЈА
Појадок. Предлагаме факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено – Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта, враќање во хотел. Вечера, припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансвер, неограничени локални пијалоци и апетисани). Ноќевање.

09.Март (сабота) КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30 часот. (трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија. Волшебно и незаборавно доживување (доколку временските услови дозволуваат). По летањето наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 07:15 и 07:30 часот. Појадок. По појадокот, факултативно (сса 10:00 часот) се упатуваме кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км. од двете страни обиколен со карпести цркви. Прошетката е околу 3 км. со можност за кратка пауза и посета на чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis и можност да се вкуси свежа пастрмка на жар. По ручекот, посета манастирот Селиме- издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека биле потребни 200 години за да б де завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На враќање, ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Враќање во хотел. Вечера. По вечерата можност за факултативна посета на традиционална претстава Дервишка церемонија (Dervish sema ceremonija). Ноќевање.

10.Март (недела) НЕВШЕХИР – АНКАРА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот се упатуваме кон Анкара, главниот град на Турција, со попатна пауза и краток одмор на соленото езеро Туз Ѓолу, кое е едно од најголемите езера во светот од ваков вид. Продолжуваме за Анкара. Посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. Слободно време за индивидуални прошетки и можност за шопинг. Во вечерните часови во договор со пратителот на група, поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Р. Грција, со попатни паузи за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 11.03.2019 во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 185€/11.100денари
За уплата до 01.02.2019: 155€/9.610 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
· Превоз со високо туристички автобус на дадената релација
· 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел 4* Tas Saray – Ugrup
· Посета на Анкара и соленото езеро Туз Ѓолу
· Трансфер до хотел Невшехир – Угруп/Кападокија
· Претставник/пратител од агенцијата за целиот престоj

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
· Задолжително здравствено и патничко осигурување
· Факултатива од трет ден со сите влезници и ручек опишани во програмата – 45€
· Факултатива од четврти ден со сите влезници и ручек опишана во програма- 45€
· Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци, музика, со вклучени неограничени пијалоци и апетисани, трансвер – 35€
· Дервишка претстава/церемонија со трансфер – 25€
· Летање со балон во времетраење од околу два часа по програма од четвртиот ден – 160€
· Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 2.190 денари

НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• За овој аранжман важат општите услови за патување на T.A Балкан Турист
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 7 дена пред поаѓање.
• За реализација на секоја од понудените факултативи потребен е минимум од 25 патници.
• Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
• Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.
• За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
• При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои факултативи ќе ги користи патникот и уплата за истите од 30% (во случај да се откажете попатно уплатените средства не се рефундираат и не се префрлаат со друга факултатива). Факултативните екскурзии во случај на промена на цените од страна на партнерот во Турција поради не стабилноста на турската лира може да претрпат промени, за кои благовремено ќе бидете информирани преку нашиот веб-сајт.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
• Патникот има обврска 24 часа пред поаѓање да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Хургада со крстарење по Нил

8ми март

Хургада со крстарење по Нил

(Луксор и Асуан)

Авион / 7 ноќевања / 10 дена

Ден 1 – 29 Март 2019 Скопје – Истанбул – Хургада
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:45 часот. Лет за Истанбул во 16:45 часот со Pegasus airlines. Слетување на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул во 20:10часот. Летот за Хургада е 00:05 часот по полноќ.

Ден 2 – 30 Март 2019 Хургада
Слетување на аеродромот во Хургада во 01:45часот. Претставник од агенцијата патрнер ќе Ве пречека на аеродромот, во делот пред пасошката контрола, за да Ви асистира околу вадењето виза и пасошката контрола. По завршувањето на пасошката контрола и царинските формалности, организиран трансфер до хотел. Пристигнување во хотел… можност да се користат содржините на хотелот, а сместувањето е по 14часот локално време. Слободен ден за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 3 – 31 Март 2019 Хургада – Луксор (крстарење по Нил)
Појадок. Трансфер со автобус до Луксор – некогашаната престолнина на Древен Египед, во време на славните 18 династии на Фараоните. Од тука се качуваме на брод од каде започнува крстарењето по Нил. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање на брод.

Ден 4 – 01 Април 2019 Крстарење по Нил
Појадок. Утрото посета на источното крајбрежје, најстарото светилиште – Карнак. Посета на Храмот на Богот Амон – Ра, разглед на местото и киповите на Аон – Богот на сонцето и Мут – Кралицата Мајка. Враќање на бродот и ручек. Попладневна пловидба до Едфу – градот во кој се наоѓа прочуениот храм на Богот Хорус едно од најстарите божества, изграден во времето на Клеопатра. Прикажан е со глава на сокол и се поврзува со многу фараони во текот на нивниот живот и владеење. Вечера и ноќевање на брод во Едфу.

Ден 5 – 02 Април 2019 Крстарење по Нил
Појадок. Утринска пловидба до Ком Омбо – местото каде се изградени многу Птоломејски Храмови посветени на разни божества. Еден од нив, Богот – Собек, Бог со глава на крокодил на кого старите Египќани му принесувале жртви за да не бидат напаѓани од крокодили во текот на своите пловидби по реката Нил. По посетата на храмот Собек, се продолжува со пловидба до Асуан. Слободно време за одмор и релаксација. Ручек и вечера на брод. Ноќевање.

Ден 6 – 03 Април 2019 Крстарење по Нил
Појадок. Утрински разглед на Асуан Асуан – градот на љубезните Нубијци и место каде се собираат фелуките – традиционални Египетски бродчиња. Разглед на незавршениот обелиск и високата Асуанска брана од каде се протега најголемото вештачко езеро на светот – Насеровото езеро. По посета на Високата Брана (High Dam висока 111м), разгледот продолжува со посета на замокот посветен на египетската божица Изида кој се наоѓа на островот Фили 12км јужно од Асуан во реката Нил. Фили е остров и археолошки локалитет. Поради изградбата на Асуанската брана, храмовите во 1969год се пренесени на друг остров како не би биле оштетени од поплави. Замокот е под заштита на UNESCO од 1979 година. Ноќвање.

Ден 7 – 04 Април 2019 Крстарење по Нил
Појадок и крај на крстарењето. Трансфер до Хургада. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Хургада е познато летувалиште кое некогаш било мала рибарска населба, а денес претставува живописно летувалиште со богата туристичка понуда. Ноќевање.

Ден 8 – 05 Април 2019 Хургада
Појадок. Слободно време за одмор и релаксација. Препорачуваме – факултативно, излет со брод до коралните гребени каде може да уживате во прекрасниот подводен свети на рајската плажа на островот Гифтун. Или препорачуваме – факултативно, сафари со џипови низ пустинските дини во кои живеат гостољубиви бедуински племиња. Ноќевање.

Ден 9 – 06 Април 2019 Хургада
Појадок. Одјавување од хотел до 12ч по локално време. Слободно време и користење на хотелските услуги до времето за трансфер на аеродром.

Ден 10 – 07 Април 2019 Хургада – Истанбул – Скопје
Полетување за Истанбул во 02:10 часот (по локално време). Слетување во Истанбул во 06:00 часот. Летот за Скопје е во 10:25часот (по локално време). Во Скопје се слетува во 11:00 часот.

Цена во предпродажба до 08.02: 599€ (37.140 мкд)
Цена на аранжманот: 699€ (43.340 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз Скопје – Истанбул – Хургада – Истанбул – Скопје со Pegasus airlines
– Трансфери според програмата
– 3 ноќевања во хотел 4**** во Хургада на база СЕ ВКЛУЧЕНО (all inclusive)(сместувањето ќе биде во некој од Labranda хотелите) https://www.labranda.com/en.html
– 4 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек и вечера) на брод од типот Ms.Nile crown 5* или сличен во двокреветни кабини.
– Разгледи според програмата со локален водич на англиски јазик

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Аеродромски такси во износ од 150еур (9.300,00 мкд)
– Влезна виза за Египет 25$ – се плаќа на аеродром
– Бакшич во износ од 30еур (се плаќа на лице место)
– Пијалоци за време на оброците (се доплаќаат A la carte), на крстарењето.
– Факултативни излети
– Фотографирање
– Доплата за еднокреветна соба 210еур (13.020мкд).
– Сите неспоменати услуги
– Можност за доплата за хотел 5***** во Хургада и делукс кабина 120еур / по лице

Брисел – Антверпен – Луксембург

8ми март

Брисел – Антверпен - Луксембург

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

09 март СКОПЈЕ – БРИСЕЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16.30 часот. Авионот за Брисел-Шарлероа полетува во 18.00, слетува во 20.50 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

10 март БРИСЕЛ
Појадок. Ден посветен на Брисел- разглед на градот: – градот познат по чоколадата, пивото и гастрономијата. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот – неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo, фонтаната Манекен Пис… Слободно попладне. Ноќевање.

11 март АНТВЕРПЕН И БРИЖ
Антверпен се наоѓа во регионот Фландрија, во покраината Антверпен, сместен во северозападниот дел на Белгија, на брегот на реката Шелда. Еден од најголемите пристанишни центри во Европа и стопански центар на Белгија, кој своето име го добил по џинот Антигон. Легендата вели дека џинот барал високи такси за бродовите кои пловеле по реката и ги сечел рацете на тие кои немале пари да платат. Меѓутоа еден храбар римски војник чул за овој варварски чин, одлучил да се спротивстави, му ја исекол раката на џинот и ја фрлил во реката. Името на градот настанал по оваа легенда, Handwerpen значи фрлање рака. Разглед на градот: Најголемата готска црква-каедрала во Европа “Onze lievevrouwekathedral” украсена со ремек делата на Рубенс, Музејот за дијаманти, Grote Markt – старата чаршија во центарот на градот, музејот Платим-Моретус под заштита на УНЕСКО и ја прикажува историјата на новите технологии и напредокот на модерниот човек, куќата- музеј на Петер Пол Рубенс – легендарниот сликар од барокната ера, музејот Руиен кој посетителите ги води во подземните канали на градот каде може да се види наследството на градот, зоолшката градина како една од најстарите во светот… Патувањето продолжува кон Бриж, кој го сметаат за еден од најубавите мали градови во Европа. Град кој го нарекуваат “Венеција на северот”, вистински скапоцен камен на овој дел од Европа, опкружен со живописни канали. Со неговата целосно зачувана готска архитектура, Бриж е под заштита на УНЕСКО. Разглед на градот: Главниот плоштад, Градското собрание, Црквата Пресвета Богородица… Слободно време за крстарење по каналите или дегустирање на познатите белгиски пива. Враќање во Брисел во вечерните часови. Ноќевање.

12 март ЛУКСЕМБУРГ – СКОПЈЕ
Појадок. Полудневен факултативен излет во Луксембург.
Големото Војводство Луксембург – земја богата со културни споменици и сликовити пејсажи. Позната по старите дворци и палати, карпестата уметност (северниот дел Луксембург е богат со пештери исцртани со цртежи од праисторијата), подземните канали кои во Првата и Втората светска војна служеле како засолниште за десетици илјади граѓани. Денес дел од тие канали се подземни галерии и туритички атракции. Прошетка и запознавање на градот: старото градско јадро сместено на стрмен дел од градот, плоштадот Армс, градското Собрание, Војводската Палата, споменикот на кнегињата Шарлот, Катедралата. Организиран трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 21.35, пристигнување во Скопје во 00.15 часот.

Цена на аранжманот: 389€ (24.120,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Брисел(Шарлероа)-Скопје
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см до 8кг)
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во Хотел БЕДФОРД 3* во Брисел на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Брисел
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси 3.990 мкд
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
– Екскурзија Антверпен и Бриж 65 евра
– Екскурзија Луксембург 65 евра
– Туристичка такса – 600 мкд, се плаќа во агенција
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 6.900 мкд

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
– За факултативните излети се изјаснувате во агенцијата при уплата на аранжманот, како би можеле истите навремено да се резервираат и организираат.
– Факултативните излети се уплатуваат во агенција или првиот ден од патувањето, доколку се изјасните за посета, истата не може да се откже на лице место.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.
– Цената на аражманот се во агенција, исклучиво во денари, по курс 1€ = 62,00мкд.
– При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата.
– Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени:
– Т.А.Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја промени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, музеи, нституции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата, во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Медитеранскиот Бисер – Малта

8ми март

Медитеранскиот Бисер - Малта

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството… Каде и да одите, пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило…

15 март СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на група на аеродром Скопје во 16.30 часот . Полетувањето е во 18:20 часот. Слетување на аеродром во Малта во 20:05 часот. Трансфер од ародром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

16 март МАЛТА
Појадок. Заминување за разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон (влазница 10евра), дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Во попладневните часови Факултативна екскурзија до Мдина – стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање.

17 март ГОЗО
Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, со можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

18 март ТРИТЕ ГРАДА – МАЛТА – СКОПЈЕ
Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, Cospicua Bormla – најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Слободно време за прошетка. Во попладневните часови (околу 18.00 часот) организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20.35 часот. Слетување во 22:15 часот

ЦЕНА за резервација до 08.02.2019: 249 евра (15.440 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 евра

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir
• Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм до 8кг
• Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
• Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
• Организиран разглед по програмата на Валета
Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси по лице се 3.300 мкд
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
– Факултативна посета на Мдина – задолжително 15 евра
– Влезница за Св.Џон 10 евра – се плаќа на влез, на лице место
– Факултативна посета на Гозо 55 евра
– Факултативна посета на Трите Града 40 евра
– Туристичка такса 750 мкд – се плаќа во агенција
– Влезници за културно историските музеи
– Патничко осигурување
– Долата за еднокреветна соба 4.700 мкд

НАПОМЕНИ:
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Општи напомени за патување:
– Т.А.Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на факултативните излети наведени во програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Т.А.Балкан Турист

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Лисабон

8ми март

Лисабон

Авион / 5 дена /4 ноќевања

1.ден (20.Март) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:40 часот. Лет за Истанбул во 08:55 часот со Turkish Airlines. Слетување на аеродромот во Истанбул во 12:25часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел и слободно попладне за прошетка низ Истанбул со пратителот на групата. Ноќевање.

2.ден (21.Март) ИСТАНБУЛ – ЛИСАБОН
Појадок (ланч пакет). Трансфер до аеродром во 06:00часот. Лет од Истанбул во 08:25часот, слетување во Лисабон во 10:30часот. Трансфер од аеродром до центар. Разглед на главниот и најголем град во Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ноќевање.

3.ден (22.Март ) ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ
Појадок. По појадокот заминуваме на прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот изграден за потребите на ЕXPO ’98 – последната најголема светска изложба во 20-от век, која денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Истиот е комбинација на многубројни изложбени простории, шеталишта, продавници, ресторани, а тука е сместен и најголемиот океанографски музеј. Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа, 17 километарскиот ,,Васко де Гама”. Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама, најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755 год. Квартот, налик на прекрасен лавиринт со тесни калдрмести сокаци. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот, од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Во вечерните часови можност за посета на ресторан со традиционална португалска музика- Фадо. Ноќевање.

4.ден (23.Март ) ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ
Појадок. По појадокот организиран целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока – најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, кое е поврзано со Есторил. Денес и двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање.

5.ден (24.Март ) ЛИСАБОН- ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјвување од хотел и трансфер до аеродром. Лет за Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines. Полетување во 11:25 часот. Слетување во Скопје во 19:45 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499€

Во цена е вклучено:
• Авио билет на релација Скопје – Истанбул – Лисабон – Истанбул – Скопје со авио компанијата Turkish Airlines. Ред на летови:
• Чекирано парче багаж до 30кг и рачен багаж до 8кг
• 1 ноќевање во хотел 3*** во Истанбул
• 3 ноќевања со вклучен појадок во хотел РОМА во Лисабон
• Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Истанбул и Лисабон
• Разглед на Лисабон
• Лиценциран придружник за време на целото патување
• Целосна реализација и организација на патувањето

Во цената не е вклучено:
• Аеродромски такси 129еур (8000 мкд) – се плаќаат во агенција.
• Факултативен излет на околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш Есторил) со вклучена влезница за палатата Пена -80€
• Туристичка Такса – 15€ задолжителна уплата во агенција при резервација.
• Влезници во музеи и културно историски споменици
• Доплата за еднокреветна соба 110€ (6820,00 денари)
• Карти за локален превоз
• Патничко- здраствено осигурување

НАПОМЕНА:
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Балкан Турист.
• Патниците се должни 24 часа пред поаѓање да се информираат за времето и место на поаѓање !
• За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
• За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
• Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
• Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени цената на аранжманот, доколку не се оствари минималниот број на патници
• Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголем и цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот.
• Организаторот го задржува правото да за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето !!!

Мадрид

8ми март

Мадрид

Авион / 5 дена / 3 ноќевања

17 март СКОПЈЕ – СОФИЈА – МАДРИД
Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин во 09:00 часот. Се патува преку граничен премин Деве Баир. Пристигнување на аеродромот во Софија. Полетување за Мадрид во 17:50 и пристигнување во 20:40 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно вечер. Ноќевање.

18 март МАДРИД
Појадок. Прошетка низ центарот по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Препорачуваме посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми…Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… Можност за посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу“, на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал“. Слободно време за индивидуални прошетки и вечера во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Ноќевање.

19 март МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастиља и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно – историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле, Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по своите ремек дела на големиот уметник Ел Греко. Враќање во Мадрид во попладневните часови. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

20 март МАДРИД – ЕЛ ЕСКОРИАЛ – СОФИЈА
Појадок. Полудневен излет во местото Ел Ескориал – кралското место и манастирот Св. Лоренцо, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште и кралска гробница. Трансфер до аеродромот во Мадрид. Полетување за Софија со во 21.20 и пристигнување во 01:55 часот. Трансфер и пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 399 евра (24.740 мкд)

Цената вклучува:
– Авионски превоз на релацијата Софија – Мадрид – Софија
– Трансфер Скопје – Софија – Скопје
– Рачен багаж – 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 8 кг
– Организиран трансфер Ародром – Хотел – Аеродром
– Сместување во Хотел Rafael во Мадрид на база 3 ноќевања со појадок
– Разглед на Мадрид според програмата
– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
– Аеродромски такси 3.990 мкд
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
– Факултативна целодневна посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 55 евра
– Факултативна полудневна посета на Ел Ескориал 45 евра
– Факултативна посета на Фламенко 50 евра
– Влезници во локалитетити
– Карти за локален превоз (метро)
– Патничко-здравствено осигурување
– Туристичка такса – се плаќа на рецепција во хотел
– Доплата за еднокреветна соба 7.600 мкд

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и T.А Балкан Турист
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето
– T.А Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Начини на плаќање:
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Градот на вода – АМСТЕРДАМ

8ми март

Градот на вода - АМСТЕРДАМ

Авион / 4 Дена / 3 Ноќевања

Амстердам или уште наречен Венеција на Север – еден од најголемите мали градови во светот. Од каналите до познатите музеи и историски знаменитости, тој е еден од најромантичните и најубавите градови во Европа. Исто така е и град на толеранцијата и разновидноста, едноставно ги поседува сите предности на големиот град: богата култура, активен ноќен живот, меѓународни ресторани, добар транспорт… земете велосипед за автентично локално искусто и уживајте…

08 март СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:45 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 06:00, слетува во 08:50 часот. Организиран трансфер до Амстердам. Стоп во хотел да се остави багаж и продолжуваме за разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт… Сместување во хотел. Ноќевање.

09 март АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА
Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус (10 часа): ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА. Започнува со сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање хотел во вечерните часови. Ноќевање.

10 март АМСТЕРДАМ
Појадок. Опција за факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за кломпи, порцелан, сирење… Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. Или пак опција денот да се посвети во посета на најпознатиите музеи во Амстердам: Ријкс музејот со делата на Рембрант, Музејот Ван Гог со неговата голема збирка на дела или пак музејот на восочни фигури Мадам Тисо. Препорачуваме исто така да се посети фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во попладневните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.

11 март АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 18:10 часот, пристигнување во Скопје во 20:50 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра (24.740 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје
– Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам
– Сместување во Хотел XO BLUE SQUARE 3* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Амстердам
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси 3.990 денари
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 2.300 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
– Голема Холандска Екскурзија 75 евра
– Мала Холандска Екскурзија 55 евра
– Крстарење по каналите на Амстердам 20 евра
– Туристичка такса се плаќа во агенција 600 денари
– Влезници во мизеи: Ван Гог – 22 евра, Ријкс – 24 евра, Мадам Тисо – 25 евра
– Влезница за пивницата Хајникен 22 евра
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 9.500 денари

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и T.A Балкан Турист- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето
– T.A Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Начини на плаќање:
• Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпродажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Париз – Дизниленд

8ми март

Париз - Дизниленд

Авион / 5 дена / 4 ноќевања

Со вклучен 3 часовен разглед со локален водич.

1 Ден 06.03.2019 (среда) Скопје-Париз
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 15:00 часот. Полетување за Париз во 17:35 часот со директен лет на компанијата Wizz Air, слетување во Париз во 20:40. Приватен трансфер до хотелот, сместување во хотел. Ноќевање.

2 Ден 07.03.2019 (четврток) Париз
Појадок. Превоз до градот и три часовен панорамски разглед со локален водич. Посета на Елисејските полиња, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, црквата Мадлена, операта Гарние, плоштадот Вандом, музејот Лувр, островот Сите, латински кварт, Богородичната црква, Сорбона, Луксембуршки парк, Инвалидите, Трокадеро, Ајфелова кула. Слободно време за одмор и ручек. Во вечерните часови организирана посета на Ајфелова кула со метро (влезницата се доплаќа). Препорачуваме вечера на Трокадеро или (Факултативна посета) на Француското кабаре Мулен Руж. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 Ден 08.03.2019 (петок) Париз
Појадок. Во 08.30 часот факултативна полудневна посета на дворецот Версај и парковите. Ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледалата и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј ХIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило… Слободно време за прошетка, шопинг и ручек. Во попладневните часови организирано крстарење со брод по Сена (влезниците се доплаќаат). Разгледот завршува на Елисејските полиња од каде ќе имате можност да ја видите Триумфалната капија и познатата авенија Шанзелизе. Препорачуваме вечера во некој од француските традиционални ресторани. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден 09.03.2018 (сабота) Париз
Појадок. Во 09:00 факултативна три часовна посета на музејот Лувр (превоз со метро). Еден од најбогатите светски музеи-импресивиот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај. Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура на Венера. Слободно време за ручек. Попладне посета на квартот на сликарите Монмартр и Базиликата Sacre Couer која парижани ја нарекуваат“белата гулабица“, прошетката продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Во вечерните часови организирана прошетка до квартот Сан Мишел и Латински кварт. Факултативна вечера. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 Ден 10.03.2018 (недела)Париз-Дизниленд-Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот, багажот се остава на рецепција, организирана (факултативна) посета на Дизниленд. За оние кои остануваат во Париз (факултативна) посета на највисоката кула Монтпарнас-високa 210 метри, кој се наоѓа во областа Монтпарнас, кулата вила изградена од 1969-1973 година и овозможува прекрасен поглед на Париз. Со најбрзиот лифт во Европа имате можност за помалку од минута да се искачите на врвот од кулата. Слободно време за прошетки во Shoping Centar Мontparnasse. Организиран превоз од хотелот до аеродром. Полетување за Скопје во 21:15 часот, слетување Скопје во 23:55.

Цена на аранжманот: 359€ / 22.258 Денари

Во цената се вклучени следниве услуги:
– Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Wizz Air
– 4 ноќевања со појадок во хотел со 3*
– Рачен багаж со (димензии 40x30x20 cm) маx до 10 кг.
– Организиран трансфер со автобус од аеродром до хотел и обратно
– Трочасовен разглед на Париз со автобус и локален водич
– Пешачките тури кои се наведени во програмата
– Организација на патувањето
– Придружник за целиот престој во Париз

Во цената не се вклучени следниве услуги:
– Аеродромски такси 2.990 мкд
– Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.) 1.400 мкд.
– Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.) 3.700 мкд.
– Чекиран куфер (1 куфер до 32 кг.) 5.700 мкд.
– Јавен превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 14€карнет за 10 возења)
– Влезница за Ајфелова Кула ( влезница до 2-кат 22€, 3-кат 30€)
– Посета на Лувр 35€ влезница+водич (со метро)
– Посета на Версај – 65€ влезница+водич,не е вклучена влезница за парковите и чини 9€
– Крстарење по Сена 15€ (со метро)
– Посета на Мулен Руж со престава (цена од 120€ со пијалок ½ шампањ и место за седење) се патува со метро
– Посета на Дизниленд 100€,дете до 11 години 90€(превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк)
– Влезница за Монтпарнас
– Задолжително здравствено и патничко осигурување 150 мкд.
– Туристичка такса во хотел околу 3€ по лице на ден.

Важна напомена:
– Плаќањето е задолжително во денари по курс 1 Еур=62 Денари.
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош, валиден мин 120 дена од денот на враќањето
– Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
– За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
– За овој аранжман важат општите услови на патување на T.A Балкан Турист и СКТМ
– Можност за плаќање на 4 месечни рати (ноември, декември, јануари, февруари)

Стразбур – Алзас и Шварцвалд

8ми март

Стразбур - Алзас и Шварцвалд

Авион 4 дена / 3 ноќевања

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност… Главен град на регионот е СТРАЗБУРкој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД (Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади… аво плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села…

08 март Скопје – Базел – Стразбур
Состанок на групата во 12:20 часот на аеродромот во Скопје. Полетување за Базел во 14:05 часот, слетување во 16:25 часот. Трансфер до центарот на Базел, прошетка и запознавање на знаменитостите. Заминување за Стразбур, пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

09 март Стразбур
Појадок. Разглед на Стразбур – град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет и на Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил, висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, познат и како мала Франција, заштитен како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, е најсликовит дел на Стразбур и изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне, можност за факултативно крстарење по каналите на Стразбур. Ноќевање.

10 март Шварцвалд: Баден Баден и Фрајбург
Појадок. Целодневен факултативен излет во Шварцвалд: Баден-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, отука градот е и идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Продолжуваме кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, градското собраниеод 16-ти век, плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Слободно време. Враќање во Стразбур. Ноќевање.

11 март Алзас: Риквир и Колмар – Скопје
Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас: селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Посета на винарија и можност за дегустација на вино. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден. Трансфер до аереодромот во Базел. Лет на Визер во 22:25 часот. Пристигнување во Скопје во 00:35 часот.

Цена на аранжманот: 359€ (22.260,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски билет на релација Скопје – Базел –Скопје
– Кабинска торба со димензии 10х30х20цм до 8кг.
– Сите трансфери по програмата со автобус
– Сместување во хотел IBIS STYLE STRASBOURG CENTRE GARE 3* во Стразбур, на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Стразбур
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси 3.990,00 мкд
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
– Туристичка такса 600 мкд (се плаќа во агенција)
– Крстарење по каналите на Стразбур 20 евра
– Целодневен факултативен излет – Шварцвалд (изјаснување во агенција при уплата/резервација) 75евра
– Целодневена задолжителна посета на Алзас 40 евра
– Влезници за локалитети и културно-историски споменици
– Доплата за еднокреветна соба 5.600,00 мкд
– Задолжително патничко осигурување (инфо во агенција)

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и T.A Балкан Турист

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
– T.A Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Начини на плаќање:
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Бајковита Швајцарија

8ми март

Бајковита Швајцарија

Авион / 5 дена / 4 ноќевања

11 март Скопје – Базел – Цирих
Состанок на групата во 11:00 часот на скопскиот аеродром. Летрот на Визер за Базел е во 14:05 часот. Слетување во 16:25 часот. Организиран трансфер до Цирих. Пристигнување во Цирих. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

12 март Цирих – Луцерн
Појадок. Разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознат универзитет, најголем аеродром и железничка станица… Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Железничката станица, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот… Во попладневните часови препорачуваме факултативен излет во Луцерн, прошетка по дрвениот мост Kapellbrücke, кој со оригиналната кула е еден од симболите на градот, градските ѕидини со саат кулата чиј часовник отчукува една минута пред полн час, музејот на композиторот Рихард Вагнер, модерниот повеќенаменски објект KKL- Конгресен и уметнички центар во кој е сместена концернта сала со извонредна акустика и Уметнички музеј, споменикот на Лавот од Луцерн – посветен на швајцарските гардисти што биле убиени во палатата Тиелери во Париз во 1792 година…Враќање во Цирих. Слободно време. Ноќевање.

13 март Цирих – Берн – Лозана
Појадок. Заминување за Лозана. Попатно, посета на главниот град на Швајцарија- Берн, чиј стар дел е ставен на листата на УНЕСКО, како светско културно наследство. Вистинско задоволство е да се прошета по пешачките улици, покриени со аркади, украсени со фонтани, саат кули и други интересни објекти. Меѓу нив посебно привлечни се Bundeshaus – Сојузната палата (Собрание) на Швајцарија и плоштадот пред неа, Einsteinhaus, Kramgasse 49, во која живеел Алберт Ајнштајн додека работел во Швајцарскиот центар за патенти, Zytglogge, саат кулата од 13 век, Дувлото на мечките, симбол на Берн…Пристигнување во Лозана во вечерните часови, слободно време. Ноќевање.

14 март Лозана – Монтре – Шилон – Женева
Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет, посета на замокот Шилон, кој е најпосетуван објект во Швајцарија. Се наоѓа на самиот брег на Женевското Езеро, кој во минатото служел за собирање царина/даноци од минувачите и трговците кои оделе за Италија. На помалку од десет километри одалеченост се наоѓа монденскиот град Мотре – познат како град на џезот и музичарите. По кејот на Женевското Езеро вниманитето го привлекува споменикот на познатиот пејач Фреди Меркјури. Патувањето продолжува за Женева. Разглед на Женева, еден од најголемите центри на меѓународната дипломатија. Во него се наоѓа Палтата на нациите во која е сместено седиштето на ООН, Меѓународниот комитет на црвениот крст, Светската трговска организација, во Женева е и седиштето на протестантската црква, односно на Калвинистите, поради што ја нарекуваат „Протестантски Рим“. Женева е интересна и затоа што во Женевското Езеро се наоѓа Jet d’Eau – воден млаз кој водата ја исфла во височина до 140 метри, цветниот часовник, истекот на реката Рона и островчето Русо, катедралата Свети Петар, Паркот на реформаторите, Градската куќа во стариот дел на градот… Враќање во хотел во Лозана. Ноќевање.

15 март Лозана – Базел – Скопје
Појадок. Разглед на Лозана – седиште на Меѓународниот олимписки комитет, на Олимпискиот музеј и најмал град во светот во кој постои метро (подземна железница). На ридот, во стариот дел на градот доминира катедралата и камбанеријата од која веќе шест века, „чуварот“ на секој час испукува плотун. Внимание привлекува и протестантската црква. Заминување за Базел. Пристигнување во Базел, предвидена е пауза од околу 2 часа. Трансфер до аеродром. Лет на Визер во 21.45 часот. Пристигнување во Скопје во 23.55 часот.

ЦЕНА за уплати до 01.02: 399€ (24.750,00 мкд)
Цена на аранжманот: 459€ (28.460,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски превоз Скопје – Базел – Скопје.
• Сместување во хотели 2**/ 3*** на база 2 ноќевања со појадок во Цирих и 2 ноќевања со појадок во Лозана.
• Организиран разглед на Цирих, Лозана, Берн според програмата
• Кабинска торба со димензии 40х30х20цм до 8кг
• Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Аеродромски такси 4.990 мкд (се плаќа во агенција)
• Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
• Факултативна посета на Луцерн 50 евра
• Факултативна посета на Монтре, замокот Шилон, Женева 75 евра
• Туристичка такса 5 евра на ден – плаќа во агенција
• Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
• Патничко – здравствено осигурување
• Еднокреветна соба 9.000 мкд

НАПОМЕНИ:
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
• За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници.
• Резервација се прави со авансна уплата од 20% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред тргнување.
• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд.
• Калкулацијата за факултативните излети е направена на минимум 20 лица.
• Пријавувањето е при резервација во агенција.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот.
• да ја промени и цената на аранжманот.
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето