Emiliga Romagna

Велигден

EMILIGA ROMAGNA

Болоња - Римини - Сан Марино - Парма - Падова

6 дена / 3 ноќевања / автобус

ЕМИЛИЈА РОМАЊА- најбогатиот рeгион меѓу 20те Италијански региони, и една од најразвиените региони во Европа. Спој од две покраини ЕМИЛИЈА и РОМАЊА низ кои тече реката ПО. Најголемите градски центри на овој регион се Болоња, Парма, Ферара и др. Низ овој регион се наоѓа историската сообраќаница на Римската империја – Via Emilia, која има големо значање за развивање на овој регион. Со овие простори од 14 век управувале неколку моќни Италијански аристократски семејства, семејства од калибарот на Farneze, d’Este u Gonzaga… Иако е позната по своите рецепти за паста, сирења, кашкавали, пршути и вина од врвен квалитет, овој регион се гордее и со најлуксузните индустриски брендови на ИТАЛИЈА, како што се “Ferari”, “Maserati”, “Bugati” I “Lamburgini” кои се произведуваат на ова тло.

1 ден 25.04.2019 – Скопје – Болоња
Состанок на групата во 11:00ч. на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Болоња во 11:30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден 26.04.2019 Болоња
Пристигнување во Болоња во пладневните часови и следи разглед на главниот град на регионот Емилија Ромања, Болоња која е позната по најстариот универзитет во Европа. Следи разглед на историскиот дел на градот: Споменикот на НЕПТУН, Базиликата Сан Петрино, Универзитот, Двете кули, Плоштад Маџоре… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 – Болоња – Парма – Карпи – Болоња
Појадок. После појадокот можност за целодневна факултативна посета на Парма и Карпи. Прво ќе го посетиме градчето Карпи, кое е лоцирано 20км сверно од Модена. Градчето е бисер на ренесансата со преубавиот полштад МАРТИРИ кој е опкружен со колонади, замокот на фамилијата ПИО кој го изградиле во 16век, Градската библиотека и градската катедрала. Слободно време за уживање во малото градче. Во договорено време поаѓање за Парма. ПАРМА е втор град по големина и значајност во Емилија Ромања регионот, кој од втората половина на 18 век бил под влијание на Бурбоните, кои зад себе оставиле видлив траг: Архитектурата, социјалниот живот и др… Парма има долга традиција во приозводство на храна, посебно за производство на ПАРМЕЗАН и ПАРМА ПРШУТ, воедно е и седиште на индустрискиот гигант ПАРМАЛАТ (Parmalat) најголемиот приозводител од ваков тип во Италија. Разглед на центарот на градот: Плоштад Грабибалди, Романската катедрала и крстилница од 11 век, Надбискупската палата… Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќeвање.

4 ден 28.04.2019 Болоња – Сан Марино – Римини – Болоња
Појадок. После појадокот заминувње на целодневна факултативна екскурзија Сан Марино и Римини. Попатна посета на една од многу бројните винарии во ЕМИЛИЈА РОМАЊА ( регион) каде е предвидена дегустација на вино од локално производство. Пристигнување во Сан Марино, разглед на градот: Базилика Св. Марина која датира од XIX век, Градско собрание, кулите на Сан Марино Гуита од XI век, Цеста од XIII век и Монтале од XIV век. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладневните часови заминување за Римини, прошетка низ градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 Болоња – Падова – Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Падова. Пристигување во Падова и разглед на градот: Prato della Valle, Bazilika Sv. Antonina Padovska, Pallazo Delle Raggione, Piazza Ebre… слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден 30.04.2019 – Скопје
Пристигање во Скопје во попладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 259€/16.060ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 289€/17.920ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
• Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Болоња (околина)
• Организиран разглед на Болоња со локален водич
• Организиран разглед на Падова
• Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Целодневен излет на Сан Марино и Римини (трансфер, локален водич) – 45€
• Посета на Карпи и Парма (трансфер, локален водич) – 40€
• Туристичка такса во хотел во Болоња (се плаќа на рецепција 1-5€ на ден)
• Патничко здравствено осигурување (групно, без франшиза) – 5€
• Индивидуални трошоци
• Доплата за еднокреветна соба 960 денари
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници

Дворците на Баварија

Велигден

Дворците на Баварија

6 дена / 3 ноќевања / автобус

Минхен – Баварска „Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со бројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арена. Светски центар на саеми, град на пивници и Октоберфест кои ги обврзуваат посетителите да ја почуствуваат типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица.
Дворци во Баварија – На ексцентричниот баварски крал Лудвиг II му пошло од рака од осум века собраното државно и семејно богатство на династијата Вителсбах да го потроши за краток временски период градејќи ги дворците од соништата: Ноешванштајн, Линдерхоф, Херенкимзе. Поради нивното градење кое ја доведе државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен.
Парадоксално, овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милион туристи сеуште го враќаат долгот на државата.
Салцбург – „Рим од северот”, седиште на моќната надбискупија и роден град на В.А. Моцарт, својата позиција на реката Салцах и единствената ренесансно – барокна архитектура ги оставаат посетителите без здив уште на прв поглед и затоа со причина се смета за еден од најубавите градови во Европа.

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – САЛЗБУРГ
Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 11:30 ч. и поаѓање за Салзбург во 12:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија,Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 26.04.2019 САЛЗБУРГ – МИНХЕН
Пристигнување во Салзбург во пладневните часови. Разглед на градот: Дворец Мирабел и градината, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од VIII век. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Патувањето продолжува кон Минхен. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 МИНХЕН
Појадок. Разглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен. Сместување во хотел. Во вечерните часови фалултативна посета на пивница. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН
Појадок. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ….. Враќање во хотел.. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 МИНХЕН – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, попатна посетана на најголемото баварско езеро, Ким (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај. После посетата на палатата и музејот Лудвиг II. Во попладневните часови заминување за Скопје.

6 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во пладневните часови

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 239€/ 14.820 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259€/ 16.060 мкд

Цената на аранжманот вклучува:
• Превоз со високотуристички автобус
• 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Минхен
• Професионален лиценциран пратител за време целото патување
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Цената на аранжманот не вклучува:
• Задолжителна доплата од 50€ за влезница во дворците: Херекимзе, Ноешванштајн и Линдерхоф (со трошоците за резервација) и карта за брод Приен – Херекимзе – Приен
• Разглед на Минхен со локален водич – 10€
• Разглед на Салзбург 10€
• Патничко осигурување – 5€
Доплата за еднокреветна соба 4.960 денари
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Азурен брег

Велигден

Азурен Брег

6 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата во 10:30ч. и поаѓање во 11:00ч. од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 26.04.2019 МИЛАНО
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (околу 2 часа) за шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор, одиме на организиран разглед на градот (факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 МИЛАНО – НИЦА
Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН
Појадок. Следи целодневен факултативен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer.Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна факултативна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 199€/ 12.340 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229€/ 14.200 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
• сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
• сместување во Ница во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
• разглед на Ница и Монако
• Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
• организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Разглед на Милано со локален водич – 10€
• Посета на Ез, Монако и Монте Карло– 25€
• Посета на Кан и Сент Тропез – 35€
• Патничко осигурување (групно, без франшиза) – 5€
• Туристичка такса во Милано (3- 5€ по лице на ден)
• Туристичка такса во Ница (1€ по лице на ден)
• Влезници за културно историски споменици, музеи.
• Билети за јавен превоз
• Доплата за еднокреветна соба 4.400 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни минимум 45 патници!

Атина

Велигден

Атина

5 дена / 2 ноќевања / автобус

1 ден 26.04.2019 СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 18:00 часот. Поаѓање за Атина во 18:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 27.04.2019 АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно). Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 28.04.2019 ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена – Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 29.04.2019 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ
Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 119€/7.380 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/8.000 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
• Сместување во хотел 3* – 2НП (ноќевање + појадок)
• Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
• Организација и реализација на патувањето
• Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Посета на Пиреа и Сунион – 10€
• Организиран разглед на Атина со локален водич – 10€
• Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус – 30€
• Патничко осигурување – 5€
• Вечера во таверна – 35€
• Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци
• Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Велигденски понуди