Венеција

Венеција

Венеција

Верона и Трст

5 дена / 2 ноќевања / автобус

1 ден 26.04.2019 СКОПЈЕ – ТРСТ
Состанок со групата во 13:00 ч. и поаѓање за Венеција 13:30 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 27.04.2019 ТРСТ – ПАЛМА НОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 28.04.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Појадок. После појадокот заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот со локален водич: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде … Враќање во Лидо ди Јесоло. Вечерта можност за посета на национален ресторан со забава и жива музика. Ноќевање.

4 ден 29.04.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување за ВЕРОНА. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре… слободно време за прошетка низ Верона и можност да пробате оригинална италијанска пица. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 139€/ 8.620 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159€/ 9.860

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Лидо ди Јесоло
• Организиран разглед на Венеција со локален водич
• Организација, реализација и придружник на патувањето
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• ВЕНЕЦИЈА: брод + превоз + локален разглед: Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – 25€
• Посета на национален ресторан – 25€ (вклучено мени – вечера)
• Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич – 10€
• Влезници за културно-историските знаменитости
• Патничко осигурување – 5€
Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Милано

Велигден

Милано

Лугано - Комо - Верона

6 дена / 3 ноќевања / авион

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата во 11:30 часот и поаѓање за Милано во 12:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 26.04.2019 МИЛАНО
Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри… Можност да пробате традиционални италијански специјалитети во некој од локалните ресторани (индивидуално со локален превоз со пртителот на групата). Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 МИЛАНО
Појадок. После појадокот следи организиран разглед на Милано (факултативно): Миланската катедрала, операта, галеријата Виториo Емануелe, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе… Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел… Слободна вечер и можност за прошетка низ центарот на градот. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 ЛУГАНО – КОМО
Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, градче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со локален превоз). Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна пауза за посета на популарниот аутлет шопинг центар McArthur Glen. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во претпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 189€/ 11.720 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209€/ 12.960 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• Сместување во хотел со 3* – 3 НП (ноќевање со појадок) во Милано
• Организиран разглед на Верона
• Организација, реализација и придружник на патувањето
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Организиран разглед на Милано со локален водич – 10€
• Факултативен излет на Лугано и Комо – 35€
• Туристичка такса за ноќевање во Милано (3-5€ по ноќ, се плаќа во хотелот)
• Влезници за културно-историските знаменитости
• Индивидуални трошоци
• Патничко осигурување – 5€
• Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници

Медитеранскиот Бисер – МАЛТА

Велигден

Медитеранскиот Бисер - МАЛТА

5 Дена / 3 ноќевања / Авион

Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството… Каде и да одите, пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило…

28 април СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на група на аеродром Скопје во 14:50 часот. Полетувањето е во 16:50 часот. Слетување на аеродром во Малта во 18:35 часот. Трансфер од ародром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

29 април МАЛТА
Појадок. Заминување за разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон (влазница 10евра), дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Во попладневните часови Факултативна екскурзија до Мдина – стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање.

30 април ГОЗО
Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, со можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

01 мај ТРИТЕ ГРАДА МАЛТА – СКОПЈЕ
Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, Cospicua Bormla – најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Слободно време за прошетка. Во попладневните часови (околу 18:00 часот) организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 19:05 часот. Слетување во 20:45 часот

ЦЕНА за уплата до 31.01: 299 евра (18.440 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 339 евра (21.020 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir
– Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм до 8кг
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
– Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед по програмата на Валета
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси по лице се 3.300 мкд
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.500 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
– Факултативна посета на Мдина – задолжително 20 евра
– Влезница за Св.Џон 10 евра – се плаќа на влез, на лице место
– Факултативна посета на Гозо 55 евра
– Факултативна посета на Трите Града 40 евра
– Туристичка такса 750 мкд – се плаќа во агенција
– Влезници за културно историските музеи
– Патничко осигурување
– Долата за еднокреветна соба 5.700 мкд

НАПОМЕНИ:
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА!!!
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Општи напомени за патување:
– Т.А.Балакн Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на факултативните излети наведени во програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и ТА Балкан Турист- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Крф – Mетеори

Велигден

Крф - Mетеори

5 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 25.04.2019 (четвртoк) Скoпје – Игуменица-Крф
Пoаѓање во 21:00 часот од Скпоје , паркингот пред хотел Вип, во 22:30 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта. Ноќно возење до Игуменица со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 26.04.2019 (петок) Крф
Пристигнување во Игуменица. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во претпладневните часови. Сместување во апартмани. Слободно време за плажа ( доколку дозволуваат временските услови). Околу 15:00 часот поаѓање кон градот Крф – каде се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, оркестри и групи од девојчиоња со корпи цвеќе – симбол на островот. Церемонија продолжува до 21:00 часот кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големиот хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија – оплакувањето на Христос. Враќање во апартмани. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 (сабота) Крф
Околу 08:00 часот поаѓање кон градот Крф и следење на познатата велигденска церемонија: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св.Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на комппзициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи:
Пилина и Мастело. Околу 13:00 часот поаѓање кон Канони – познат локалитет и видиковец, посета на црквата на Пресвета Богородица од Влахерна која се наоѓа на мало островче и панорамски разглед на островот Понтикониси – (легендата кажува дека островот настанал кога Посејдој го скаменил бродот на Феичаните, казнувајки ги за нивната помош кон Одисеј). Враќање во апартманите. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот, каде на големиот плоштад се очекува величествениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси импозантен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во апартманите. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 (недела ) Крф- Ахилеон – Палеокастрица – Крф
ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН-ден на радоста. Слободен ден или можност за факултативен полудневен излет – кој започнува од посета на палатата на принцезата Сиси – АХИЛЕОН. По разгледот на палатата, поаѓаме према Палеокастрица, живописно место на северниот дел пд островот. Попатна посета на фабрика за пијалоци и слатко од овошјето Ком-куат, кое расте единствено на островот. Пристигнување на Палеокастрица – Слободно време за уживање во една од најпознатите плажи на Крф, можност за ручек или крстарење со бродче. Враќање во апартманите. Слободно време. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 (понеделник) Крф- Игуменица-Метеори-Скппје
Напуштање на апартманите окплу 9.30 часот и поаѓање со брод за Игуменица. Посета на манастирската населба Метеори со посета на еден од многуте средновековни манастири подигнати на високи карпи. Метеорите се таканаречени „карпи во воздухот“ едни од најголемите православни комплекси во Грција. Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција. Денес од шесте манастири, пет се машки а еден е женски манастир. По посетата поаѓање за Македонија. Дневно и вечерно возење со попатни паузи. Пристигнување во Штип/Скопје во доцните вечерни часови.

цена: 6.990,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз со туристички автобус
– појадок во режија на агенцијата првиот ден
– превоз со брод на релација: Игуменица-Крф-Игуменица
– 3 ноќевања во апартмани во Бенитес
– организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената на аражманот не е вклучено:
– туристичка такса -3 евра (задолжителна доплата во агенција)
– доплата за појадок за целиот престој – 10 евра (доплата во агенција)
– факулативен излет до Ахилеон и Палеокастрица – 10 € (пријавување при резервација, минимум пријавени 35 лица за реализација)
– влезница за посета на палатата на принцезата Сиси – 7-10€ (се плаќа на влезот)
– влезница за Метеорите – 3 € (се плаќа на влезот)
– патничко осигурување 200 денари (задолжително)

Општи напомени:
– ТА Балкан Турист го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата .
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако таа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Рок на пријавување 01.04.2019
За реализација на аранжманот е потребно минимум 45 патници.Важат општите услови за патување на Т.А. Балакн Турист и СКТМ

Истанбул со Принцеските Острови

Велигден

Истанбул со Принцеските Острови

Автобус 5 дена / 3 ноќевања

25 Април (Четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Се патува преку Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

26 Април (Петок) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија… Посета на Вселенската патријаршија. . Факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Факултативно, посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката „тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативно посета наАзискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси свежа риба во некои од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

27 Април (Сабота) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители…Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султановиот Харем…Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина… посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини.. Предлагаме, факултативна посета на Кула Галата симболот на Цариград, изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена врвот на идот нпомежу Златен Рог и Босфор. Обновена е во 1990 година и од тогаш е отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balik ekmek (риба во леб) на Еминону. Во вечерните часови заминуваме во Вселенската Патријаршија за Христовото Воскресение. Ноќевање.

28 Април (Недела) ИСТАНБУЛ – ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ И ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ
Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Потоа, предлагаме факултативна посета на Принцески Острови (Büyükada,Heybeliada, Burgazada…) – архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². каде живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата на турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија..Прошетката продолжува кон плоштадот Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал, можност да се вкуси традиционална турска баклава и чај. Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

29 Април (Понеделник) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативно – посета на МИНИАТУРК – минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25…Програмата продолжува со факултативна посета на Pierre Loteвидиковец посветен на францускиот морепловец и писател. Тоа е најубавото место што зборува за Истанбул, а постои само еден одговор: Pierre Lote! На самото брдо има и кафуле со најубавиот поглед на бисерот на Истанбул-Златен Рог. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

Цена за рана уплата до 10. Март: 8.620 денари (139евра) со вклучен разглед!!!
ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 9.240 денари (149 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со модерен туристички автобус
– Сместување во хотел Grand Ons со 3*** на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Истанбул
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Крстарење со брод по Босфор 15 евра
– Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра
– Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра
– Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи 15 евра
– Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра
– Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 25 евра
– Посета на Принцес Острови 15 евра
– Вечера во национален ресторан 30 евра
– Кула Галата 15 евра
– Посета на Минијатурк 10 евра
– Посета на Пјер Лот и 5 евра
– Дполата за 1/1 соба 2.400 денари
– Задолжително патничко – здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на TA Балкан Турист
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

Општи напомени за патување:
ТА Балакн Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Истанбул – Кападокија

Велигден

Истанбул - Кападокија

7 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 25.04.2019 (четврток) Скопје/Штип
Поагање за Истанбул од Скопје во 16:00 часот, паркингот кај хотел Вип, од Штип во 17:30 часот, паркингот пред Новата Пошта. Патот води преку Грција, ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2ден 26.04.2019 (петок) Истанбул
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Разглед на Истанбул со локален водич: Посета на Вселенската патријаршија и прв трон според честа во православната вселенска црква, црквата Св.Ѓорги, подигната во 1720г. и во која се чуваат духовните вредности и моштите на Св.Великомаченичка Ефимија, Св.Соломонија, Св.Теофана, како и дел од столбот на кој е камшикуван Исус Христос. Продолжуваме со разглед на стариот Истанбул – Плоштадот Султанахмед, во чија близина се наоѓаат Топ Капи, Аја Софија и Султан Ахметовата Џамија (Сината Џамија), Хиподромот…. Факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич и единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот (Прочуената Кула на Девицата, изградена во 408г. пред новата ера – еден от симболите на Истанбул, Црквата „Hagia Irene” – најстарата византиска црква во градот, минување под мостот на Босфорот). Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 (сабота) Истанбул
Појадок. Напуштање на хотелот и посета на џамијата на Сулејман Величествениот каде се наоѓаат гробовите на Сулејман Величенствениот, неговата сопруга Рокселана (Хурем Султан), ќерката Михримах. Слободно време за индивидуална посета на најголемата покриена чаршија Капали чаршија (отворена 1461 година со над 4000 продавници). Слободно време за шопинг до 19.00 часот. Поаѓање за Кападокија. Ноќно возење до Кападокија.

4 ден 28.04.2019 (недела) Кападокија
Пристигнување во Кападокија-област позната по своите рељефни форми формирани пред десетина илјади години по избувнивање на два вулкана (Ерчисе и Хасанда),област спомената во Библијата, каде раните христијани се населиле за слободно да ја проповедаат својата христијанска религија. Факултативно разгледување на најинтересните места во Кападокија со водич: највпечатливиот скалест замок „Учхисар”-симбол на архитектурните чуда во Кападокија. Продолжуваме кон подземниот град Кајмакли – еден од неколкуте најголеми и најдлабоки градови во Кападокија со 8 катови кои одат во длабочина до 85 метри. Поаѓање кон Ургуп со попатна посета Пасабаги, со необичната формација на троглава самовила… а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни оџаци.. Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 (понеделник) Кападокија
Рано наутро околу 04:30 часот (трансфер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сертификат за летање со балон. Враќање во хотел.
Појадок.
Факултативен целодневен излет низ Кападокија – Посета на музејот на отворено „Зелве”- село во кое во хармонија заедно живееле муслиманите и христијаните до 1924год. Продолжуваме до Националниот Парк „Ѓореме” центарот на раното христијанство, во чии пештери се наоѓаат цркви и манастири. Слободно време за ручек. Посета на посета на грнчарска работилница – презентација на начинот на работа и можност за купување на сувенири. Следи посета на една од најстарите винарии во Кападокија и дегустација на локални вина. Враќање во хотел. Вечера. Факултативна турска вечер во национален ресторан со турска ориентална програма (вклучена закуска). Ноќевање

6 ден. 30.04.2019 (вторник) Кападокија- Штип/Скопје
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг низ Ургуп до 11.00 часот. Напуштање на хотелот и поаѓање кон Македонија со пауза и посета на големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 80 км, широко 50 км, длабоко 50 см. (во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро… Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

7ден. 01.05.2019 (среда) Штип/Скопје
Пристигнување во Штип/ Скопје во пладневните часови.

цена: 11.500,oo денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз со високо туристички автобус
– појадок во режија на агенцијата (првиот ден)
– 1 ноќевање со појадок во хотел со 3 * во Истанбул
– 2 полупансиони (појадок и вечера) во хотел со 3* во Кападокија
– разглед на Истанбул со локален туристички водич
– организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факулативен излет низ Кападокија – првиот ден – 35€ (превоз + локален водич +влезници за посетите)
– Факулативен излет низ Кападокија – вториот ден – 35 € (превоз + локален водич +влезници за посетите)
– посета на национален ресторан со турска ориентална програма – (30 €)
– крстарење со брод по Босфорот – (15 €)
– влезници за други културно историски споменици кои не се споменети во програмата
– можност за летање со балон над Кападокија – 160 € ( пријавување и уплата при резервација на аранжманот)
– патничко здравствено осигурување -(250 денари за лица до 64.99 год, 500,00 ден за лица од 65 до 69,99)

Општи напомени:
– ТА Балкан Турист го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Рок на пријавување 01.04.2019
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници
Важат општите услови за патување на ТА Балкан Турист и СКТМ

Фиренца – Cinque Terre-Сиена – Сан Џимињано

Велигден

Фиренца - Cinque Terre-Сиена - Сан Џимињано

6 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 25.04.2019 – Скопје – Монтекатини
Состанок на групата во 12:30ч. на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 13.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден 26.04.2019 – Монтекатини – Пиза – Монтекатини
Пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови организирана посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 – Монтекатини – Чинкве Тере (Cinque Terre) – Монтекатини
Појадок. После појадокот заминување (08:00ч.) на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 – Монтекатини – Сиена – Сан Џемињано – Монтекатини
Појадок. После појадокот заминување на полудневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio… Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 Монтекатини – ФИРЕНЦА – Скопје
Појадок. После појадокот (08:00) заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден 30.04.2019 – Скопје
Пристигање во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 209€/12.960 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229€/14.200 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
• Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
• Вечерен разглед на Пиза
• Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Задолжителенa посета на Фиренца со локален водич – 20€
• Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, Cinque Terre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Корнилија итн.) – 45€
• Посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) – 45€
• Туристичка такса во хотел во Монтекатини (се плаќа на рецепција 1-3€ на ден)
• Патничко здравствено осигурување (групно, без франшиза) – 5€
• Индивидуални трошоци

Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма