Стразбур Колмар

Велигден

Стразбур - Колмар

6 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – ХАЛШТАД – САЛЗБУРГ
Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 11:30 ч. и поаѓање за Салзбург во 12:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден. 26.04.2019 ХАЛШТАД – САЛЗБУРГ
Пристигнување во Халштад во утринските часови. Прошетка низ малото селце Халштад кој се наоѓа во подножјето на планинскиот масив ДАХШТАЈН (Dachstein) кој е дел од Австриските Алпи и на бреговите на истоименото езеро кое го одзема здивот со својата уабвина и изглед како од бајките. Слободно време за прошетка покрај езерото кое UNESCO го има ставено под своја заштита. Во договорено време поаѓање за Салзбург. Сместување во хотел и краток одмор. Во попладневните часови продолжуваме кон центарот на Градот (со јавен превоз), пешачка тура: Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од VIII век. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден. 27.04.2019 САЛЗБУРГ – СТРАЗБУР
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Стразбур. Пристигнување во пладневните часови во Стразбур, факултативен разглед на градот: плоштадот Клебер, катедралата Нотр Дам, Астрономскиот часовник сместен во самата катедрала, куќа Kammerzell од XV век, квартот Малата Франција со типични шарени фасади на Алзас, Плоштадот де Републик, театарот, Европскиот парламент и Советот на Европската унија… Слободно време за индивидуални активности и прошетка. Сместување во хотел. Слободна вечер за одмор. Ноќевање.

4 ден. 28.04.2019 СТРАЗБУР – КОЛМАР – БАЗЕЛ- СТРАЗБУР
Појадок. После појадокот можност за целодневен факултативен излет во Колмар и Базел. Живописното градче Колмар се смета за најубавиот град во Европа. Овој древен француски град датира уште од 823 година, а со статусот на слободен град се здобил во 13 век, за времето на Светото Римско Царство. Со текот на времето власта врз градот се менувала помеѓу Франција и Германија, за по Втората Светска војна и прочуената битка наречена Колмарски џеб, конечно да и припадне на Франција. Се наоѓа во регионот Алзас и има околу 67.000 жители, разглед на градот: историскиот центар, црквата Св. Мартина, Доминиканска црква, Музејот Бартолди, Музеј Унтерлинден, слободно претпладне за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во попладневните часови поаѓање за Базел, Швајцарија. Пристигнување во Базел и разглед на центарот на градот пешачка тура: Градскиот парламент, Градската катедрала, трговската улица Freiestr, Martkplatz, мостовите на Рајна и нејзините брегови кои Швајцарците често ги користат за одмор и рекреација. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Стразбур. Ноќевање.

5 ден. 29.04.2019 СТРАЗБУР – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, се упатуваме кон центарот на Стразбур. Слободно време за прошетка и индивидуални активности како и можност за посета на некои од музеите на Стразбур како и можност да се иксачите на камбанаријата на катедралата Нотр Дам која нуди прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови можност за крстарење со панорамско бродче (факултативно) по реката ИЛ (III) и каналот Des Faux Remparts која го обиколува центарот на (Grand Île) Стразбур и историскиот дел La Petitt France. Во вечерните часови заминување за Скопје.

6 ден. 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 259€/ 16.060 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 289€ / 17.920 мкд

Цената на аранжманот вклучува:
• Превоз со високотуристички автобус
• Сместување во хотел 3* во Салзбург – 1НП (ноќевање со појадок)
• Сместување во хотел 2*/3* во Стразбур – 2НП (ноќевање со појадок)
• Разглед на Салзбург
• Професионален лиценциран пратител за време целото патување
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Цената на аранжманот не вклучува:
• Разглед на Стразбур со локален водич на англиски јазик – 15€
• Целодневен излет во Колмар и Базел – 45€
• Крстарење со панорамски брод во Стразбур – 15€
• Туристичка такса во хотел во Стразбур – 2-5€ по лице на ден
• Патничко осигурување без франшиза – 5€

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Соренто

Велигден

Соренто

6 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – Драч
Состанок со групата и поаѓање за Драч во 14:00 часот на паркингот паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Се патува преку граничниот премин Ќафасан. Пристигнување во Драч во вечерните часови. Во 23:00ч со брод заминување од Драч за Бари. Ноќна пловидба.

2 ден 26.04.2019 Бари – Неапол – Соренто
Пристигнување во Бари во раните утрински часови. Патот продолжува за Соренто со попатна посета на Неапол. Пристигање во Неапол. Разглед на историскиот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО трговската улица Умберто, средновековниот замок, Кралската Палата, градската катедрала. Во попладневните часови се продолжува кон Соренто. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 КАПРИ – ПОСИТАНО – АМАЛФИ
Појадок. После појадокот следи факултативен излет со брод до монденското летувалиште Капри. Разглед на градот: Плавата пештера, малата марина- Marina Piccol. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Соренто и посета на Амалфи и Поситано. Во попладневните часови враќање во Соренто. Слободно време. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 Соренто – Помпеја – Везув- Соренто
Појадок. После појадокот следи факултативна посета на античкиот град Помпеја кој е потопен со вулканска лава и целосно уништен од последната ерупција на вулканот Везув. Денеска поголем дел од античкиот град е откриен, a бројните куќи , фонтани, театри, јавни бањи сведочат за средновековниот живот во истиот. По Помпеја се посетува вулканот Везув. Во попладневните часови по предвиденото време за посета на Националниот парк Везув и кратерот на истоимениот вулкан враќање во хотел. Вечера.Ноќевање. (Напомена: редоследот на активностите за овој ден може да биде сменет во зависнот од работното време на локалитетите).

5 ден 29.04.2019 Соренто – Бари – Драч – Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на собите и заминување кон Бари. Пристигнување во Бари и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови пловидба кон Драч.

6 ден 30.04.2019 Драч – Скопје
Во утринските часови пристигнување на пристаништето во Бари. По извршената царинска контрола патувањето продолжува кон Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 299€/ 18.540 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329€/ 20.400 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• Карта за траект (седиште на дек): Драч – Бари – Драч:
• 3 Ноќевање со појадок во хотел со 3* во Соренто
• Разгледи според програмата, попатна посета на Неапол
• Организација, реализација и придружник на патувањето
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Влезници за Помпеја и Везув – 65 Еур
• Факултативна посет на Капри и Амалфи и Позитано – 115 Еур
• Туристичка такса (3-5€ по лице на ден) се плаќа на рецепција
• Доплата за надворешна кабина со прозор и тоалет: 70 Еур по лице
• Патничко осигурување – 5 Еур
• Доплата за еднокреветна соба 5.580 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни минимум 45 патници!

Санторини

Велигден

Санторини

6 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – ПИРЕА
Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 14:30. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ден 26.04.2019 ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација на факултативните излети. Слободно време. Вечерта можност за посета на селото Pirgos и присуство на свечената црковна манифестација за Велики Петок. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 САНТОРИНИ
Појадок. Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води. Враќање на пристаништето Athinos по Калдерата од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини се до новото пристаниште а за време на пловидбата се гледаат градовите Oia (Иа) и Fira (Фира). Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта пеш Ве водиме во црква на велигденска литургија за да го дочекаме Христовото раѓање. Враќање во хотел.Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 САНТОРИНИ
Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI. Посета на селцето Акротири,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа. Продолжуваме кон автентичните живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио… Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани. Како шлаг на денот Ве водиме во Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање

5 ден 29.04.2019 САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.
Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи..

6 ден 30.04.2019 – СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 01.03: 199€/12.340 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209€/12.900 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Пиреа – Скопје
– трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
– трансфер пристаниште – хотел – пристаниште
– 3 ноќевања со појадок во хотел со 2*/3* во Камари / Периса
– организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Посета на Pirgos – 10 € (превоз + водич)
– Full day Santorini – 35 € (превоз + водич)
– Влезница на вулканот 2,5 евра
– Kaldera morning – (крстарење со брод +водич-влезница за вулканот)
– 35 €
– жичара или магаре до Фира – 6 €
– Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј (превоз+влезница за винарија+водич) – 16 €
– Грчка вечера со музика 30 €
– кабина на брод 6.200 денари
– авионско седиште на брод 4.000 денари
– еднокреветна соба 2.000 денари
– задолжително патничко осигурување 5€

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Вечниот град – РИМ

Ватикан

Вечниот град - РИМ

4 дена / 3 ноќевања / Авион

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град. Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…

26.04 СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 16:00 часот. Лет за Рим во 17:50 часот. Слетување во Рим во 19:25 часот. Автобус за трасфер за до Рим не пречекува на аеродромот Чампио… Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците…пица, паста, вино, кафе, сладолед… Ноќевање.

27.04 РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Пристигнувањер во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар… Слободно попладне. Ноќевање.

28.04 РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како „дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент… Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

29.04 РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 20:00 часот. Пристигнување во Скопје во 21:40 часот.

ЦЕНА за уплата до 31.01: 399 евра (24.740 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 449 евра (27.840 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
• Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
• Трансфер аеродром – хотел – аеродром
• Сместување во хотел на база 3* ноќевања со појадок
• Организиран панорамски разглед на Рим
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Аеродромски такси 3.700 мкд
• Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во агенција)
• Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.500 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
• Влезници во музеите и културно историските споменици
• Карти за локален превоз (метро)
• Патничко – здравствено осигурување
• Доплата за еднокреветна соба 5.700 мкд

Факултативни излети:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница – задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра
Посета на Тиволи со локален водич и влезница – задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра
Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
– За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и TA Балкан Турист
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:
– TA Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Прага

Велигден

Прага

6 дена / 3 ноќевања / автобус

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок со групата во 13:30ч. на паркингот пред спортски центар Борис Трајковски и поаѓање за Прага во 14:00ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 26.04.2019 ПРАГА
Пристигнување во Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативно можност за крстарење по реката В’лтаваили слободна вечер за индивидуални активности, прошетки, шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 ПРАГА
Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито… Слободно попладне и факултативна можност за крстарење по реката Влтава. Враќање во хотел во договорено време. Вечерта факултативна можност за посета на традиционален чешки ресторан. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА
Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Попладневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 169€/ 10.480 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€/ 11.720 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
• Сместување во хотел 3* во Прага – 3 НП (ноќевање + појадок)
• Организиран разглед на Виена
• Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
• Организација и реализација на патувањето
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Крстарење по Влтава – 15€
• Организиран разглед на Прага со локален водич – 10€
• Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич – 25€ (мин. 30 лица за реализација)
• Групно патничко осигурување без франшиза – 5€
• Посета на традиционален чешки ресторан со готски игри и забава – 35€ (мин. 20 лица за реализација)
• Индивидуални трошоци
• Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Портофино

Велигден

Портофино

Add Your Heading Text Here

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ
Состанок со групата во 11:30ч. на паркингот спроти спортската сала „Борис Трајковски” и поаѓање за Џенова, Италија во 12:00ч., преку Србија, Хрватска и Словенија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 26.04.2019 ЏЕНОВА
Пристигнување во ЏЕНОВА во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно попладне за одмор од патувањето. Во вечерните часови можност за прошетка низ центарот на градот и индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 ЏЕНОВА – ПОРТОФИНО – РАПАЛО – САНТА МАРГАРИТА
Појадок. После појадокот, следи целодневен факултативен излет на најживописниот залив TIGULIO, Liguria каде се сметени монденските места ПОРТОФИНО, Санта Маргарита и Рапало. Започнуваме со Санта Маргарита мало живописно градче, сместно на половина пат од Рапало до ПОРОТФИНО. Продолжуваме со брод кон најпознатото место на Лигурскиот брег ПОРТОФИНО – колоритно крајбрежно градче кое во текот на средниот век преставувало главно пристаниште на џеновјанската трговска флота. Низ историјата е посетено од многу славни личности, кралеви, научници, филмски и естрадни ѕвезди и едно од најлуксузните светски летувалишта познато уште од крајот на XIX век. Слободно време за индивидуална прошетка и уживање во шармот на Портофино. Во договорено време продолжуваме кон Рапало, познато по светилиштето на пресвета Богородица изградено на самиот врв на брдото кое се наоѓа на највисоката точка во местото. Тврдината на РАПАЛО која датира од XVI век е сместена на самото крајбрежје. Слободно време до поаѓање за Џенова. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 Џенова – Ментон – Сан Ремо-Џенова
Појадок. После појадокот, факултативно заминување на целодневен излет во Ментон и Сан Ремо. Започнуваме со МЕНТОН. Монденски град на Француската ривиера кое уште се нарекува и „La Perle De la France“. Посета на МЕНТОН, стариот град со исклучителен медитерански шарм, марината и живописните плоштади. Слободно време за индивидуална прошетка. Го продолжувме патувањето кон Сан Ремо. Прошетка низ стариот дел на градот La PINJA. Слободно време за индивидуални активности во центарот на градот кај познатото КАЗИНО и преубавите шеталишта покрај море. Во договорено време поаѓање за Џенова. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 ЏЕНОВА – SERRAVILLE Outlet Village – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и заминуваме на разглед на преубавата Џенова (главен град на областа ЛИГУРИА). Магичен град во кој се среќаваат медитеранот и трагите од историјата. Градот на Кристофер Колумбо и Гарибалди и родното место на виртуозот на виолина ПАГАНИНИ. Град со раскошни палати, старо пристаниште со нови содржини, поморски музеј со најголемиот аквариум втор по големина во Европа, ботаничка градина, безброј продавници и луксузни ресторани, и град со неопислива живост на медитаранот… Слбодно време за индивидулна поршетка и уживање низ уличките на ЏЕНОВА. Во договорено време поаѓање за Serravalle Outlet centar, шопинг во познатиот Outlet village McArthur Glen. Во договрено време поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи и пауза за пасошка и царинска контрола.

6 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 259€/ 16.060 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 289€/ 17.920 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
• Сместување во хотел со 3* во Џенова (или околина) 3 НП (ноќевање + појадок)
• Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
• Организација и реализација на патувањето
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Целодневен факутативен излет – ПОРТОФИНО (Портофино , Санта Маргарита и Рапало) – 45€
• Целодневен факуттивен излет – МЕНТОН (Ментон, Сан Ремо и Крајбрежјето на цвеќето) – 45€ (за реализација – мин.пријавени 30 патници)
• Разглед на Џенова со локален водич -15€
• Патничко осигурување – 5€
• Туристичка такса (3-5€ по лице на ден) се плаќа на рецепција
• Индивидуални трошоци
• Доплата за еднокреветна соба 5.580 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на аранжманот потребени се минимум од 45 патници, за овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Балкан Турист

Порто и Лисабон

Велигден

Порто и Лисабон

7 дена / 6 ноќевања / Авион

1.ден 26.Април Скопје – Истанбул
Состанок на аеродромот во Скопје во 18:30часот. Полетување за Истанбул во 20:55 часот. Слетување во Истанбул во23:30 часот (по локално време). Организиран трансфер до хотел, сместување. Ноќевање.

2.ден 27.Април Истанбул – Порто
Појадок. Трансфер од хотел до аеродром во Истанбул. Летот за Порто е во 11:55 часот. Слетување на аеродромот во Порто во 14:55 часот (по локално време). Трансфер до хотел, сместување. Слободна вечер за прошетка низ Порто. Ноќевање.

3.ден 28.Април Порто
Појадок. По појадокот заминуваме за разглед на Порто. Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како и по својата историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен.
Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готички стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос, Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)… Разгледот продолжува со попатна посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино. Ноќевање.

4.ден 29.Април Порто – Лисабон
Појадок. По појадокот одјвување од хотел и заминување кон Лисабон. Организиран трансфер до Лисабон со попатна посета на Фатима и Куимбра. Иако во минатото Фатима преставувала село, денес е важен центар на аџилак на католишките верници Името го добива по муслиманската принцеза Фатима, која што била грабната од христијанските сили и христијанизирана на сила. Коимбра, четвртиот најголем урбан ценатар во Португаилја (по Лисабон, Порто и Брера), кој се протега долж реката Мондего. Покрај големиот број на историски знаменитости од посебно значење е Универзитетот Коимбра, најстарата академска институција во Португалија, основана во 1290. година, во минатото имал и свој сопствен суд и затвор за студенти и професори кој се наоѓал под библиотеката. Пристигнување во Лисабон. Сместување во хотел. Ноќевање.

5.ден 30.Април Лисабон – Парк на нации
Појадок. По појадокот разглед на главниот и најголемиот град на Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција. Разглед на Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Разгледот продолжува со прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот изграден за потребите на ЕXPO ’98 последната најголема светска изложба во 20ти век, денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Тоа е Комбинација на многубројни излошбени простори , привлецни шеталишта, најголемиот океанографски музеј, продавници и ресторани. Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа 17км ,,Васко де Гама”. Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама. Тој преставува најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на прекрасен лавиринт со тесни калдрмени улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Можност за посета на ресторан со традиционална португалска музика- Фадо. Ноќевање.

6.ден 01.Мај ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ
Појадок. По појадокот организиран целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока, кое е најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил, денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи.
Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање.

7.ден 02.Мај Лисабон – Истанбул – Скопје
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 11:25 часот. Пристигнување во Скопје во 20:00 часот.

ЦЕНАТА за уплати до 28.02.2019:699eур (43.340ден)
ЦЕНАТА на аранжманот: 779eур (48.300ден)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авио билет на релација Скопје – Истанбул – Порто / Лисабон – Истанбул – Скопје со авио компанијата Turkish Airlines
– Чекирано парче багаж (куфер) до 30кг и рачен багаж до 8кг
– 1 ноќевање во хотел во Истанбул
– 2 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3* во Порто
– 3 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3* во Лисабон
– Трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром во Истанбул и Лисабон
– Трансфер на релација Порто – Лисабон
– Разглед на градовите Порто и Лисабон
– Посета на градовите Фатима и Коимбра
– Лиценциран придружник за време на целото патување
– Целосна реализација и организација на патувањето

Во цената на аранжанот НЕ е вклучено:
· Аеродромски такси 140еур (8680 мкд)
· Факултативен излет на околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш Есторил) со вклучена влезница за палатата Пена -80 еур
· Туристичка такса – 20еур (се плаќа во агенција)
· Влезници во музеи и културно историски споменици
· Карти за локален превоз
· Патничко- здраствено осигурување (задолжително, информација во агенција)

НАПОМЕНА:
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Балкан Турист
– За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
– За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени цената на аранжманот, доколку не се оствари минималниот број на патници
Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот.
Организаторот го задржува правото да за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.