ЈУЖНА ИТАЛИЈА

24 maj

ЈУЖНА ИТАЛИЈА

ЛЕЧЕ – ОСТУНИ - АРБЕЛОБЕЛО - БАРИ - СОРЕНТО - МАТЕРА - БИТОНТО

5 дена / 2 ноќи / автобус

1 ден 23.05.2019 (четврток) Скопје/ Штип – Игуменица
Поаѓање од Скопје во 12.30 часот, паркингот спроти хотелот “Вип”, од Штип во 13.30 часот од паркингот пред Новата Пошта. Патувањето води преку Грција, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Игуменица во вечерните часови. Слободно време до качување на брод и поаѓање за Бриндизи. Ноќно возење.

2 ден 24.05.2019 (петок) Бриндизи – Лече – Остуни – Арбелобело – Бари
Пристигнување во пристаништето на Бриндизи. Продожуваме кон Лече, главен град на регионот Апулија, град кој заради своите прекрасни барокни споменици е познат под името Фиренца на југот од Италија. Посета на Триумфалната капија, палатата на владата, плоштадот Оронко, Катедралниот плоштад, Римскиот амфитеатар од II век. Слободно време за индивидуални активности. Напуштање и посета на градчето Остуни кој уште е наречени и „La Città Bianca“ (бел град) поради карактеристичната бела боја на фасадите од куќите во историскиот дел на центарот на градот. Скалесто изградениот град го краси готската катедрала. После краткиот разглед на градот ќе имате слободно време и можност да уживате во специфичниот амбиент на овој град. Продолжуваме кон посета на единственото во светот етно-село од ваков вид – Алберобело, заштитено од УНЕСКО.. Во преводот од италијански името му значи „убаво дрво”. Сепак, градчето не е познато по дрвата, туку по невообичаените куќички – изработени од камен и мов, кои изгледаат како да се направени од хобити. Напуштање на Арбелобело и во попладневните часови пристигнување во Бари. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3 ден 25.05.2019 (сабота) Бари – Соренто – Бари
Појадок. Факултативен излет до Соренто – градот на сонцето, со воодушевувачки поглед на Неаполскиот залив. Соренто е град со медитерански дух, преполн со цвеќе и овошје, а заштитен знак е лимонот од кој се прави традиционалниот ликер “limoncello”. Прошетка низ центарот на Соренто…плоштадот Тасо, црквата Св.Антонио, вила Комунале од каде има прекрасна гледка на вулканот Везув, Марината, улицата Виа Корзо Италија каде се наоѓаат голем број продавници и сувенирници , …Слободно време за индивидуален разглед на градот, можност да го пробате уникатниот пијалок лимончело и да уживате во медитеранскиот дух на градот. Враќање во Бари во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден 26.05.2019 (недела) Бари – Матера – Битонто – Бари – Драч
Појадок. Напуштање на хотелот и посета на црквата Св. Никола во Бари. По посетата факултативен излет до Матера и Битонто. Пристигнување во Матера, кој е прогласен за Град на културата за 2019 година. Разгледот започнува со посета на видиковецот од каде ќе имате прилика да уживате во восхитувачки поглед на Сасија- стариот дел на Матера кој е наречен и градот на духовите поради многубројните напуштени пештерски куќи стари 9000 години. Овој древен град својата популарност посебно ја зголеми благодарение на култниот филм на Мел Гипсон “The Passion of the Christ”, во кој повеќето сцени во замена на Ерусалим се снимани токму во Матера. Слободно време за индивидуална прошетка на стариот дел од градот. Поаѓање кон Битонто, каде што ќе го посетиме Светилиштетот на Кузман и Дамјан. Светилиштето станало базилика во 1975 година, благодарение на папата Павле VI. Во средината на олтарната база има вдлабнатина која содржи скапоцен сребрен и златен реликвар. Овој реликварен дел содржи дел од коските на рацете на светците. Напуштање на Битинто и поаѓање кон пристаништето во Бари. Качување на траект и поаѓање кон Драч во 22.00 часот. Ноќна пловидба до Драч.

5 ден 27.05.2019 (понеделник) Драч Штип/ Скопје
Пристигнување во Драч во утринските часови. Дневно возење до Македонија
цена: 13.900,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус
• појадок во режија на агенцијата првиот ден
• превоз со брод на релација: Игуменица – Бриндизи и Бари – Драч
• 2 ноќевања со појадок во хотел 2/3 * во Бари
• организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената на аражманот не е вклучено:
• факулативен излет до Соренто – 35 € (пријавување при резервација, минимум пријавени 35 лица за реализација)
• факултативен излет до Матера и Битотнто – 15 € (пријавување при резервација, минимум пријавени 35 лица за реализација)
• туристичка такса во хотелот во Бари – 2,5 € дневно (се плаќа во хотел)
• патничко осигурување 200 денари (задолжително)
• влезници за културно-историски споменици

Општи напомени:
• ТА Балкан Турист го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање
• Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
• Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
• Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

На море во мај – Халкидики

24 мај

На море во мај - Халкидики

24 – 26 мај - 2 ноќевања

1 ден, петок Скопје – Халкидики (Касандра/ Ситонија)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 02:30 часот. Тргнување за Грција во 03:00 часот. Пристигнување на одредената дестинација според редослед на местата. Ноќевање.

2 ден, сабота Халкидики
Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден, недела Халкидики – Скопје
Тргнување за Скопје од договорено место и време (попладне) со придружникот-пратител на групата. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот по лице: 3.410 мкд. (55 евра)

Сместување во куќи на Касандра:
– „Дора“ – Неа Каликратија –
– „Харис„ и „Минас“ – Неа Флогита
– „Спанос“ – Полихроно
– „Кристина“ – Ханиоти

Сместување во куќи на Ситонија:
– „Џорџија“ – Неа Мармарас
– „Сарти Бич“, „Авра“, „Панорама“ и „Папус“ – Сарти
– „Ана Сакис“ – Торони
– „Марија Карга“ – Ормос Панагијас

Услови:
– дете до 1,99 години гратис
– трето и четврто лице плаќаат по 50% од цената
– доплата за дополнително ноќевање 620 мкд. (10 евра) по лице на ден (од 19.5-24.5)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– автобуски превоз на наведената релација, Скопје – Халкидики (Касандра) – Скопје
– две ноќевања во куќа по избор
– организација на патувањето со придружник-пратител на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенцијата

Напомени:
– за патување со сопствен превоз, од цената на аранжманот се одбива 930 мкд. (15 евра) по лице
– агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ

Естонија, Летонија, Литванија

24 мај

Балтички Земји

Естонија, Летонија, Литванија

Авион 7 дена / 6 ноќевања

Балтичките држави, геополитички термин кој се користи за групирање на трите суверени држави во Северна Европа на источниот брег на Балтичкото Море: Естонија, Летонија и Литванија.
Талин – главниот град на Естонија, бидете подготвени за убавините на средновековниот Талин – Стар град, да талкате по улиците на Каламаја наредени со дрвени куќи, да се восхитувате на уметноста на 300-годишниот Кадриорг парк …
Рига – најголемата метропола на Балтикот и главниот град на Летонија, важен културен, научен, историски, финансиски и политички центар на целиот Балтик… архитектура, историски знаменитости, културно наследство, паркови, извонреден ноќен живот, целовечерни фестивали – ова се само неколку зборови кои го опишуваат овој жив европски град.
Вилнус – главниот град на Литванија, познат по својата барокна архитектура, особено во средновековниот Стар град. Но, зградите, во оваа област, ги одразуваат различните стилови и епохи, од неокласичната катедрала Вилниус до готската црква Св. Ана. Портата на Зората од 16 век, која содржи храм со света икона на Дева Марија, некогаш го чувала влезот во оригиналниот град…

Ден 1 23.05.2019 Скопје – Истанбул – Талин
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:00часот. Лет за Истанбул во 09:20 часот со Turkish airlines. Слетување на аеродромот во Истанбул во 11:55 часот. Летот за Талин е во 14:35 часот (по локално време). Слетување на аеродромот во Талин во 17:50 часот. Трансфер до хотел. Слободнo време. Ноќевање.

Ден 2 24.05.2019 Талин
Појадок. Заминување на организиран разглед на град: посета на Toompea (Тумпеа – катедрала Хил), рид во централниот дел на Талин во форма на триаголник кој има површина од 7 хектари, денес е центар на владата на Естонија и парламентот. Тумпеа е дел од Светското наследство на УНЕСКО. Потоа посета на Старото јадро – некогашен пазар а денес пешачка зона на Талин каде се наоѓа катедралата Св.Никола, Руската црква Александар Невски и палатата Кадриорг – изградена за Руската кралица Катерина прва од Петар Велики по Големата северна војна. Слободно попладне. Ноќевање.

Ден 3 25.05.2019 Талин – Хелсинки – Талин
Појадок. Целодневен факултативен излет до Хелсинки со брод и автобус, одалечен од Талин 80км. Пристигнување во Хелсинки и разглед на прекрасната финска престолнина, која по големиот пораз од 1808 година е обновена во класичен стил: Плоштадот на Сенатот кој претставува архитектура на Карл Лудвиг Енгел каде се сместени политичките, верските, научните и комерцијалните објекти на Хелсинки. Плоштадот на Сенатот и неговата околина го сочинуваат најстариот дел од централниот дел на Хелсинки. Тоа се: Протестантската катедрала, зградата на Универзитетот и Владата, Пазарот на пијалоци, руската Успенска црква, Парламентот, паркот Жан Сибелиус, концертната сала Финландиа, олимпискиот стадион, Лутеранската црква- подземна црква позната како црквата во камен, ремерк дела на финската архитектура. Слободно време. Враќање со брод за Талин. Трансфер до хотел. Ноќевање.

Ден 4 26.05.2019 Талин – Рига
Појадок. Трансфер со автобус од Талин до Рига – најголем Балтички град, престолнина и главно пристаниште на Летонија. Пристигнување и разглед на град: Рига, главен град на Лeтонија, поставен на Балтичкото море на устието на реката Даугава. Се смета за културен центар и е дом на многу музеи и концертни сали. Градот е познат по своите дрвени градби, модерна архитектура и средновековниот Стар град. Стариот град, пешачка зона, со многу продавници и ресторани и раздвижениот плоштад Ливу, со барови и ноќни клубови. Разглед на Рига: за време на панорамскиот разглед ќе уживаме во градските паркови, Бастион Хил, Барутната кула, Летонскиот народен театар, Музејот за ликовни уметности…. ќе го посетиме шармантниот кварт со убави уметнички куќи, споменикот на слободата, Летонскиот универзитет, Руската православна црква, Домот на опера, брегот на реката Даугава и мостовите кои го поврзуваат градот. Продолжуваме кон Стариот град, шетаме по калдрмести улици за да ги видиме најубавите стари градски споменици: замокот Рига, катедралниот плоштад, катедралата Св. Јаков, црквата Св. Петра, Големата и мала еснафска сала, триото на историски градби, познати од локалните жители како Три браќа, стариот градски плоштад каде што се наоѓа познатиот симбол на Рига – Домот на црните глави. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Ден 5 27.05.2019 Рига – Баушка – Шјауљај – Вилнус
Појадок. Патување за Вилнус, со попатна посета на Баушка, град кој се наоѓа на 66 километри од Рига и на 20 километри од литванската граница. Се посетува палатата Рундал изградена во средината на 18 век во барок и рококо стил како резиденција на војводата од Курдландија. Кратка прошетка низ паркот и палатата Рундал. Патувањето продолува до Шјауљај каде се наоѓа Ридот на Крстовите, кој е симбол на литванскиот народ и многумина го сметаат за свето место. Со текот на времето поставени се преку 100.000 крстови. Најмасовно поставување се случило после Сталин. Продолжување до Вилнус, престолнината на Литванија која лежи на реките Вилна и Нерис на 20км од белоруската граница. Пристигнување во Вилнус и сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 6 28.05.2019 Вилнус – Тракај (Тракајски замок) – Вилнус
Појадок. Пешачки и автобуски разглед на историскиот центар на Вилнус кој е дел од светското културно наследство: Староградскиот плоштад со катедралата од 18 век, црквата Св.Ана, црквата Св.Петар и Павле, универзитетската кула, кралска палата…. Во попладневните часови факултативна посета со автобус на Тракаиски замок. Тракај е град во југоисточна Литванија, западно од главниот град Вилнус. Дел од историскиот национален парк Тракај, замокот Остров Тракај е тврдина од 14 век во средината на езерото Галве изграден за големиот војвода и основач на Вилнус – Гедиминас. Некогашен дом на големите војводи во Литванија, а денес е историски музеј Тракај, со археолошки предмети, монети и занаети. На јужниот брег на езерото се наоѓаат камени урнатини од Замокот на полуостровот Тракај. Тоа е единствениот историски национален парк во Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 7 29.05.2019 Вилнус – Истанбул – Скопје
Појадок. Трансфер до аеродром. Летот за Истанбул е во 11:40часот. Пристигнување во Истанбул во 14:30часот. Полетување за Скопје во 19:30 часот (по локално време). Слетување на аеродромот во Скопје во 20:00 часот.

Цена на аранжманот: 679€ за резервации до 30.март.2019
Редовна цена на аранжманот: 779€

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Авионски превоз Скопје – Истанбул –– Талин / Вилнус – Истанбул – Скопје со Turkish airlines
• Кабински багаж до 8кг, чекиран багаж – куфер до 20кг
• Трансфери според програмата
• 3 ноќевања со појадок во Талин во хотел Hestia hotel Susi 3* https://www.hestiahotelgroup.com/susi/en/
• 1 ноќевање со појадок во Рига во хотел Rixwel Konventa Seta 3*http://www.rixwell.com/en/rixwell-hotel-konventa-seta/about-hotel
• 2 ноќевања со појадок во Вилнус во хотел Corner hotel 3* http://cornerhotel.lt/?lang=en
• Разгледи според програмата со локален водич на англиски јазик
• Лиценциран придружник за време на целото патување
• Целосна реализација и организација на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Аеродромски такси во износ од 180еур (11.160мкд) – се плаќаат во агенција!-
– Факултативен излет до Хелсинки (со локален водич, траект и трансфер) 110еур (пријавување во агенција задолжително)
– Доплата за еднокреветна соба 210еур (13.020мкд).
– Влезници во музеи и културно историски споменици
– Палатата Рундал и парковите: 15€ (пријавување во агенција при резервација)
– Траајскиот замок: 10€ (пријавување во агенција при резервација)
– Осигурување (задолжително)
– Карти за локален превоз
– Сите неспоменати услуги

НАПОМЕНА:
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Балкан Турист
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
• За резервација потребна е уплата од минимум 30% од основната сума и истиот износ е нерефундабилен !
• Комплетна доплата на аранжманот е до 14 дена пред поаѓање !

Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени цената на аранжманот, доколку не се оствари минималниот број на патници
Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот.
Организаторот го задржува правото да за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

*** Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето ***