Сараево – Mостар – Мокра Гора

Велигден

Сараево - Mостар - Мокра Гора

Со посета на термална ривиера

„Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. Тој е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат една џамија, католичка црква, православна црква и синагога во истото соседство. Сараево е главен град на Босна, каде минува реката Милјацка. Град со околу 400.000 жители, бурна историја. Сараево е град домаќин на 14-те Олимписки игри (1984 год.).

Прв ден: 25.04.2019 (четврток) Кавадрци – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден: 26.04.2019 (петок) Сараево.
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Врело Босна, Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовите… Попатно предлагаме и посета на AVAZ TWIST TOWER најголемата зграда на Балканот 180 метра. Смесување во хотел и краток одмор. Од 18.00 часот следи факултативна можност за посета на Термална ривиера -Хотел Хилс 5* или слободно време. Ноќевање.

Трет ден: 27.04.2019 (сабота) Сараево – Мостар – Сараево.
Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Разглед на градот со локален туристички водич. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Предлагаме факултативна богата свечена вечера со музика или слободно време. Ноќевање.

Четврти ден: 28.04.2019 (недела) Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кавадарци
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Посета на единсвената музејска железница Шарганската Осмица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи
Пети ден.29.04.2019.(понеделник) Пристигнување Кавадрци во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ 5.800 ден

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Aвтобуски превоз на дадената релација
• Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево
• Разгледување на Сараево со локален водич
• Придружник на групата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари
• Полудневен излет до Мостар и разглед – 10 евра (минум 35 патници)
• Свечена вечера – 20 евра (миниум 10 патници)
• Посета на Термална ривиера Хотел Хилс 5* со везница и превоз-10 евра (миниум 10 патници)
• Влезници за културно-историските споменици
• Разглед и посета на Дрвенград (влез 1-3е се плаќа при влез).

НАПОМЕНИ:
• Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
• За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници
• За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање. Може да се патува со лична карта.

Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.БАЛКАН ТУРИСТ и СКТМ.

Велигден во Истанбул

Велигден

Истанбул

2 ноќевања / автобус

1 ден / 25.04.2019 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите:Скопје во 16:00 ч. (Хотел Вип наспроти Саем).Велес во 17:45 ч..Кавадарци во 18:30 ч.,Неготино во 18:45 ч
Се патува преку граничен премин Богородица, Ноќно патување со попатни паузи.

2 ден / 26.04.2019 (петок) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во предпладневните часови, сместување во хотел со 3* Хотелот се наоѓа во областа Лалели, по сместувањето со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со посета на: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки), Сината Џамија (изградена од познатиот Мехмед Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за денес да биде музеј и една од најпосетуваните атракции во Истанбул), Палатата Топ Капи – (музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и административен центар на Османлиската Империја во која турските султани живееле со векови и буквално представува град во град). Слободни активности.можност за шопинг во Капали Чаршија и слободни активности.Ноќевање

3 ден / 27.04.2019. (сабота) ИСТАНБУЛ
После појадокот со локален водич панорамски разглед на градот, посета на Царигратската Патријаршија каде што се слави Исусовото воскреснување незаборавното крстарење по Босфорот, факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со зелените паркови и раскошот кој го нуди и кој ќе ви остане во сеќавање)
Факултативна посета на Miniaturk (овде може да ја видиме Турција во мало најпознатите градби во минијатурно издание прекрасно место за добри фотографии.слободни активности. Факултативна вечера во турски 3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење – со ориентални танци. Ноќевање.

4 ден / 28.04.2019. (недела) ИСТАНБУЛ
Појадок и одјавување од хотелот. За крај посета на трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazzoo. Поаѓање за Македонија, ноќно возење преку Грција со попатни паузи.

5. ден / 29.04.2019 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во утринските часови.

Цена на аранжманот за уплата до 31.03.2019 : 5.580 мкд
Редовна цена 6.000 ден

ГРАТИС: ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД И ПЕШАЧКА ТУРА СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ

Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– панорамски разглед на Истанбул со локален водич
– 2 ноќевања со појадок во 3* во Истанбул
– посета на Хиподромот;
– посета на Сината Џамија
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– традиционална турска вечера – 35€- крстарење со брод по Босфор – 20€;
– посета на Долма Бахче Сарај(превоз | влезница | локален водич) – 25€
– посета на Аја Софија (влезница, аудио сет (слушалки), локален водич) – 15€
– посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) – 15€;
– посета на Miniaturk (влезница,превоз, локален водич) – 10€;
– посета на Аквариумот Turkuazoo превоз | влезница) – 20€;
– здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200мкд.

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари.