Вила LINA

Лето 2019

Вила LINA

Метаморфози

Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Главната декорација е централниот парк, а плажата е песочна и километарска. Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл.

Вила ЛИНА се наоѓа во центарот на местото, на 50 м. од песочната плажа. Располага со студија и апартмани, со големи тераси, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекасниот парк. Комплетно е реновирана пред 2 години.

НАПОМЕНА:
– Ценитесо * се однесуваат за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.
– За патување со сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра;
– Цените без * се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања.
– Во апартман, за термините со *, две лица плаќаат полн износ а третото и четвртото лицe се сместуваат БЕСПЛАТНО, и плаќаат само за превоз.
– Туристичка такса од 0,5 еур по ден на соба се плаќа на лице место кај сопственикот.
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
– За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
– Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 62,00мкд.

Цената само за превоз: Скопје – Ситонија – Скопје изнесува:
35 € возрасни
25 € децаод 2 – 12 години
БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

Хотел Jenny 3*

Лето 2019

Хотел Jenny 3*

Сивири

Хотелот ЏЕНИ е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби: 1/2 со брачен кревет, 1/3 со 1 брачен кревет и 1 нормално легло и 1/4 со еден брачен кревет и две нормални легла. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажата и морето. Хотелот располага со базен и лежалки кои се бесплатни за користење од гостите, а исто така има и бар покрај базенот.

*HB (Half Board / Полупансион):
• Доручек 08:00-10:00ч. на база шведска маса
• Вечера 19:30-21:30ч. на база шведска маса

НАПОМЕНА:
– Цените се дадени по лице и се однесуваат за услуга Полупансион за број на ноќевања дадени во табелата
– Промо цените не подлежат на дополнителни попусти
– Прво и второ дете до 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
– Прво и второ дете од 14-15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло плаќаат по 30 % од цената во табелата
– Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата
– Туристичка такса е 1.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице место.
– Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
– Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот
– Сместување во собите е во 14 часот по локално време а напуштање е во 09 часот по локално време
– За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
– Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
– Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
• возрасни: 35 €
• деца од 2 до 12 години: 20 €
деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус)