Кападокија со Aнкара и Истанбул

велигден

Кападокија со Aнкара и Истанбул

За велигден и првомајски празници со автобус во неверојатна, волшебна и мистериозна Кападокија со Aнкара и Истанбул
(превоз + хотел 4* - 3 ноќевања со појадок и вечера во Кападокија + посета на Анкара + 1 ноќевање со појадок во Истанбул + пратител од агенцијата)
Поаѓање: 25.04.2019 – 01.05.2019

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството.

1 ден – 25.04.2019 (четврток) СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 10:00 ч. Поаѓање во 10:30 часот. Се патува преку Грција, граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот не води преку Кавала, граничен премин Ипсала. Време за царински формалности, патувањето продолжува према Истанбул – Анкара – Невшекир (ноќно возење се до наредниот ден до пладневните часови).

2 ден – 26.04.2019 (петок) КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Пристигнување во Кападокија / Невшекир во пладневните часови. Сместување во хотел. Време за одмор, релаксација и слободни активности. Вечера. Ноќевање.

3 ден – 27.04.2019 (сабота) КАПАДОКИЈА
Појадок во хотел. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната „земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено-Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината-Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера, припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансфер, неограничени локални пијалоци, и апетисани). Ноќевање.

4 ден – 28.04.2019 (недела) КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30 часот (трансфер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 07:15 и 07:30 час. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 10:00 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55м длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 км со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија–чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Враќање во хотел. Вечера. Факултативна посета на традиционална претстава Дервишка церемонија + трансвер – Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел. Ноќевање.

5 ден – 29.04.2019 (понеделник) НЕВШЕХИР – АНКАРА – ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот околу 10:00 часот напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме према Анкара, главниот град на Турција, со попатна пауза и краток одмор на соленото езеро Туз Ѓолу, кое е едно од најголемите езера во светот од ваков вид. По паузата во пладневните часови се упатуваме према Анкара каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности, прошетка и можност за шопинг во Анкара. Во доцните вечерни часови во договор со групата и пратителот поаѓање за Истанбул ноќно возење со попатни паузи.

6 ден – 30.04.2019 (втроник) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Сместување во хотел и време за одмор во договор со групата и водичот (доколку собите во хотелот не се подготвени од претходни туристи, агенцијата има право веднаш да ја реализира пешачката тура, а по враќање назад во хотелот патниците се сместуваат во собите. Во овој случај патниците го оставаат својот багаж во хотелската просторија предвидена за истиот). После предвидената пауза, продолжува пешачката тура. Разгледот на пешачката тура е вклучен во цена, и вклучува разглед со локален водич на: Лалели џамија, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподромот се до Аја Софија и запознавање на дел од градот.
Факултативните излети со локалниот водич започнуваат од црквата Аја Софија, која од 1934 год. е претворена во музеј. Таа е изградена во временски период од 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти, за време на владеењето на царот Јустиниан во VI-от век посветена на боженствената мудрост. Црквата Аја Софија била најголемата црква која постоела во Европа се до изградбата на Свети Петар во Рим. Нејзината внатрешноста е претставена со византиски мозаици од VI-от до XIII-от век. Освен тоа, Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османлиските освојувачи во 1453-та година. Посета на Топ Капи палатата. Топ Капи палатата на Султаните, којашто е изградена е на површина од 700.000 квадратни метри се состои од три главни делови: бирун, ендерун и харем. Исто така, палатата вклучува: различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. Враќање во хотел, слободно попладне и индивидуални активности. Ноќевање.

7 ден – 01.05.2019 (среда) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот околу околу 09:30 часот во договор со групата се упатуваме на крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со стручен локален водич. На ова 90 минутно крстарење по Босфор ќе имаме незаборавно доживување на еден поинаков Истанбул, со сите занаменитости одблизу. Пред да отпочне нашето крстарење на самото пристаниште можат да се вкусат традиционални турски сендвичи со риба, истиот се подготвува во мали традиционални бродчиња каде што може сендвичот да се изеде на традиционални мали дрвени масички и столчиња и може да се ужива покрај морето. Завршување на крстарењето. Околу 12:00 се упатуваме према Долмабахче палатата-т.н. Турскиот Версај. Таа е првата историска палата од осмалниската империја изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година истата служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк кој бил основачот на турската држава наследена и отпратена во историјата во XIX-от и XX-от век, која претходна некогаш била главна Отоманска империја. По крстарењето околу 15:00 часот се упатуваме кон познатиот трговски центар “Форум” Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри, со продавници од светски познати брендови. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули. Водениот базен има површина од 8000 м2. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски риби. По посетата на трговскиот центар и аквариум планирано тргнување за Скопје околу 16:30–17:00 часот по локално време. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 02.05.2019 во утринските часови.

Редовна цена на аранжманот – 199 € / 12.340 ден

Во цената на аражманот е вклучено:
· Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Кападокија – Истанбул – Скопје
· 3 ноќевања со појадок и вечера во Кападокија – TAS SARAY HOTEL 4* UGRUP (или соодветен и сличен на горе наведениот хотел по програмата)
· 1 ноќевање со појадок во Истанбул во хотел со 3* или 4* во населбата Лалели
· Посета на Анкара и соленото езеро Туз Ѓолу
· Пешачка тура во Истанбул – хотел – Капали Чаршија – Сината Џамија-хотел
· Посета на Outlet Shopping Centar FORUM
· Трансфер до хотел Невшехир – Угруп / Кападокија
· Претставник / пратител од агенцијата за целиот Ваш престој

Во цената не се вклучени следниве услуги:
· Факлутатива од трет ден со сите влезници и ручек опишана во програмата – 45€
· Факултатива од четврт ден со сите влезници и ручек опишана во програма – 45€
· Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци, музика, со вклучени неограничени пијалоци и апетисани, трансвер – 35 €
· Дервишка претстава / церемонија – 25€
· Летање со балон во времетраење од околу два часа по програма од четвртиот ден – 160 евра.
· Аја Софија – 15€
· Топкапи Палатата – 15€
· Крстерење по Босфор – 20€
· Долмабахче Сарај – 17€
· Задолжително здравствено и патничко осигурување.
· Индивидуални трошоци

Напомена:
· Калкулацијата е правена на минимум пријавени 40 патници.
· За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
· За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
· Хотелите се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 15 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот
· При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот и уплата за истите од 30% (во случај да се откажете попатно уплатените средства не се рефундираат и не се префрлаат со друга факултатива).
· Се однесува на факултативните екскурзии во случај на промена на цените од страна на партнерот во Турција поради не стабилноста на турската лира може да претрпат промени, за кои благовремено ќе бидете информирани преку нашиот веб-сајт
· Целосна доплата на аражманот 10 дена пред поаѓање.
· Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
· Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 2.190 денари за хотелот во Кападокија
· Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 1.240 денари за хотелот во Истанбул
· Деца до 1.99 год.бесплатно
· Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 30% од цената
· Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
· Отказ од страна на агенцијата 10 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
· Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање
· Валидноста на патните исправи се обврска на патниците при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
· За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А Балкан Турист

Прага, Дрезден и Виена

Велигден

Прага, Дрезден и Виена

Автобус

25. април (четврток) Скопје – Прага
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 13:00 часот. Тргнување за Прага во 13:30 часот. Се патува преку Р.Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

26. април (петок) Прага
Пристигнување во Прага околу пладне. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, споменикот на Карло IV, Вацлавскиот плоштад, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник – Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Претседателската палата… Сместување во хотел. Ноќевање.

27. април (сабота) Прага – Карлови Вари
Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти век. Можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото „мосер”, како и ликерот „беќеровка”. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта,факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.

28. април (недела) Прага – Дрезден
Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден – четвртиот по големина, урбан град во Германија, после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето изонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеи), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост… Враќање во Прага во вечерните часови. Препорачуваме посетна на национален ресторан – пивница. Ноќевање.

29. април (понеделник) Прага – Виена – Скопје
Појадок. Патувањето продолжува кон Виена. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Унгарија и Србија со куси попатни паузи. Пристигнување во Скопје следниот ден во пладневните часови

Цена на аранжманот: 11.720 денари (189€)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел 3*** во Прага на база 3ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Виена
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Разглед на Прага со локален водич 10 евра
– Крстарење со брод по В’лтава 15 евра
– Излет до Карлови Вари 25 евра
– Факултативна посета на Дрезден 30 евра
– Вечера во национален ресторан – пивница 35 евра
• Задолжително патничко-здравствено осигурување

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
– Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
– За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А. Балкан Турист
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:
– Т.А.Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Букурешт и Tрансилванија

Велигден

Букурешт и Tрансилванија

Автобуска програма (25.04 – 29.04.2019)

Ден 1 25.04.2019 четврток Скопје – Букурешт
Собир на групата кај Дрво декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн. Поаѓање кон Романија. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

Ден 2 26.04.2019 петок Букурешт
Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот.
Парламентот
Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.
Плоштадот на Револуцијата
Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.
Ca-ea Victoriei
Продолжуваме со кратко возење по авенијата Ca-ea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.
Куртија Веке
Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал. Сместување во хотел. Слободно време за одмор.
Вечерна организација: Организирана прошетка низ стариот дел на градот, со организиран превоз и придружник –(Факултатива – 5 евра)
Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3 27.04.2019 сабота Термални Бањи и Дочек на Велигден
Појадок. Околу 11 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот. Дозволете си едно поинакво утро во неколку часовно целосно опуштање во Термалните Бањи.
Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот.
Враќање во хотел во договорено време, слободно време за одмор.
Вечерта околу 21:30 собир на групата пред хотелот и сите заедно се упатуваме во црквата СВ. Ѓорѓија во Букурешт да ја проследиме целосната церемонија за Велигден.
По завршување на целосната церемонија сите заеднички се упатуваме кон хотел пешачејќи со запалени свеќи во име на традицијата која што ја има Романија за овој Христијански празник. Ноќевање.

Ден 4 28.04.2019 недела Пелеш, Бран и Брашов
Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.
Пелеш
Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.
БРАН „домот на Дракула” Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.
Брашов Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatu-ui, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год. Враќање во хотелот во Букурешт во доцните вечерни часови.
Ноќевање.

29.04.2019 понеделник Букурешт – Скопје
Појадок и напуштање на собите. Се упатуваме во трговскиот центар AFI Cotroceni каде што имаме слободно време за шопинг.
Поаѓање за Македонија во 14:00ч. Очекувано пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 139 € (8.620)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на релација Скопје- Букурешт – Скопје
– 3 Ноќевања со појадок во Хотел Andy Hote- 3***
– Разглед на градот Букурешт со водич
– Пратител и организација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна вечерна организација (прошетка низ стариот дел на градот, со организиран превоз и придружник) – 5€
– Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (25 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории)
– Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 40 леи за студенти 25 леи) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 35€ – студенти 30€
Патничко осигурување – 200 мкд.
Доплата за 1/1 соба 45 евра

Будва – Дубровник – Острог

Велигден

Будва – Дубровник – Острог

26-28.04.2019 - автобус

1 ден: 25.04.2019 год. четврток
Состанок на групата во 22:30 часот на Дрво Декор, тргнување во 23 часот. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден: 26.04.2019 год. петок
Утринско пристигнување во најлуксузното летувалиште на Јадранот, (можност за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Малку релаксација на оваа плажа. Сместување во вила Монте Рио. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани.
Можност за попладневна факултативна екскурзија со бродче.
Вечерта препорачуваме посета на некој од ноќните клубови.
Ноќевање.

3 ден: 27.04.2019 год. сабота
Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Game of Thrones“. Денес е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Овој град плени со својата убавина и шарм, вреди да се посети. Враќање во Будва.
Ноќевање.

4 ден: 28.04.2019 год. недела
Појадок. Одјавување и заминување кон Манастирот Св. Василие Острошки сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград (основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена 75€/4.650мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевање со појадок во Вила Рио, Будва
– организација и придружник на патувањето
– посета на Острошкиот манастир
– попатна посетна на Св.Стефан

Во цената на аранжманот Будва не е вклучено:
– Факултативна посета на Дубровник 15€ (доплата на лице место)
– Факултативно возење со бродче10€ (доплата на лице место)
– Туристичка такса во Будва 1,5 € по лице на ден
– Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – 3€ (доплата на лице место)
– Туристичка такса во Манастир Осторг 1€
– Влезници по музеите и културно историските споменици
– Задолжително патничко и здравствено осигурување