Виена

Велигден

Виена

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја. Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови, како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн, Моцарт… Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на колачите.

26. април (петок) Скопје – Виена
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 13:00 часот. Тргнување за Виена во 13:30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

27. април (сабота) Parndorf – Виена
Во предпладневните часови пристигнување во големиот outlet шопинг центар Парндорф. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена. Пристигнување во Виена и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

28. април (недела) Виена – Шенбрун
Појадок. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот… Потоа факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse. Во вечерните часови идеална можност да се проба вистинска виенска шницла во традиционален ресторан Грицлинг. Ноќевање.

29. април (понеделник) Виена – Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со кафе и захер торта… или можност за факултативна посета на Дунавската Кула. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови.

Цена на аранжман: 9.860 денари (159 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Организиран разглед на Виена со локален водич10 евра
– Посета на Шенбрун со локален водич, превоз и вклучена влезница 40 евра
– Посета на Дунавска Кула превоз и влезница 15 евра
– Посета на Национален ресторан Грицлинг 30 евра
– Влезници во музеите и културно – историските споменици
– Доплата за 1/1 соба
– Задолжително патничко-здравствено осигурување

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
– Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Венеција со Фиренца и Верона

Велигден

Венеција со Фиренца и Верона

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

26. Април (петок) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Поаѓање за Венеција во 14.30 часот.Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

27. Април (сабота) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување на Пунта Сабиони во предпладневните часови. Превоз со брод-вапорето до Венеција. Пристигнување и прошетка по плоштадот „Сан Марко“ истоимената црквата, ќе се помине покрај Мостот на воздишки, каналот Гранде, Дуждевата палата, мостот Риалто… Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Сместување во хотел во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

28. Април (недела) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата-Фиренца. Разглед на градот: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити… Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

29. Април (понеделник) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – ПАЛМАНОВА – СКОПЈЕ
Појадок. Задолжителна факултативна посета на Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разглед на градот: плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот… Во попладневните часови тргнување за Македонија со попатна посета на познатиот outlet шопинг центар Палманова. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска и Србија. Пристигнување во Скопје наредниот ден во предпладневните часови.

Цена на аранжманот: 149 евра (9.240,00 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Лидo ди Јесоло
– Разглед на градовите според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Карта за локален превоз – брод Пунта Сабионе – Венеција 25 евра
– Факултативна посета на Фиренца 45 евра
– Факултативна посета на Верона 10 евра
– Задолжително патничко осигурување
– Доплата за 1/1 соба ____ мкд.

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
– Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
– За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на T.A Балкан Турист
– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:
– T.A Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Братислава, Виена и Будимпешта

Велигден

Убавиците на Дунав

Братислава, Виена и Будимпешта

автобус / 4 дена / 2 ноќевања

26. Април (петок) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА
Состанок на групата пред хотелот „Холидеј ин“ во 12:00 часот. Тргнување за Братислава во 12:30 часот. Се патува преку Р.Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

27. Април (сабота) БРАТИСЛАВА
Пристигнување во Братислава во утринските часови и разглед на градот со локален водич: Средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

28. Април (недела) БРАТИСЛАВА – ВИЕНА
Појадок. Предлагаме целодневна факултативна посета на Виена.Разглед на градот со локален водич: Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата св. Стефан, дворците Белведере и Шенбрун. Слободно попладне за виенско кафе и торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Враќање во Братислава. Ноќевање.

29. Април (понеделник) БРАТИСЛАВА – БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Будимпешта. Разглед на Будимпешта со локален водич: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина… Потоа, крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење со куси попатни паузи. Се патува преку Р.Србија.

30. Април (вторник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.240 денари (149 евра)

Во цената на аранжманот e вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
• Сметување во хотел со 3*** во Братислава на база 2 ноќевања со појадок
• Разглед на Братислава со локален водич
• Организација на аранжманот и пратител на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• факултативна посета на Виена со локален водич – 25 евра (минимум 30 патници)
• Разглед на Будимпешта со локален водич и крстарење со брод по Дунав – 25 евра
• Задолжително патничко здравствено осигурување

Напомени:
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
• За овој програм важат Општите услови на патување на Т.А. Балкан Турист
• Начини на плаќање:
• Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:
• Т.А. Балкан Турист го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
• Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
• Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето

Крф

Велигден

Крф

Аранжман: 4 дена/3 ноќи

Сместување: приватни вили

Превоз: автобус + траект

Групата се собира четврток 25.04.2019 на паркингот наспроти хотел Холидеј Инн, во центарот на Скопје.Собир на групата во 19:00 тргнување во 19:30 кон граничниот премин Богородица. Следува ноќно возење со вклучени попатни паузи на секои 3-4 часа. Препорачуваме добар одмор за време на патувањето со цел зачувување на позитивната енергија за утринските часови. Пристигнуваме на пристаништето во Игуменица. Од тука патот го продолжуваме со траект до островот Крф, каде што ќе го доживееме Велигден на еден сосема поинаков начин.

Ден 1 Петок 26.04.2019 – Велики Петок
Веќе сте се расониле со првото фрапе кога сино бистрите води на јонското море почнуваат пред вас да ја откриваат Керкира (градот Крф) и вашиот поглед најпрво ќе го привлече старата тврдина која го чува градот.
Од пристаништето во Крф, не очекуваат уште само 20 минути пат до нашата крајна дестинација Ипсос, кој на прв поглед ќе ви покаже зошто е врвот на фантастичната атмосфера на островот. По сместувањето имате време за одмор, јадење и запознавање на околината. Програмата официјално започнува со првата посета на стариот град КРФ. Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди.Враќање во Ипсос. Ноќевањe.

Ден 2 Сабота 27.04.2019 – Првото Воскресение
Одморени од долгиот ден и со смирени импресии од првата посета на градот, се подготвуваме за следење на вториот дел, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува утрото. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга приказна пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини.
Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“. Од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање.
Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.
15:00 часот– Враќање во Ипсос. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
21:30 часот– Поаѓање кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.
На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение.

Ден 3 Недела 28.04.2019 – Прв ден Велигден – Палеокастрица
Ако природниот рај има име, тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица. Место богато со историја, богато со природна убавина, плажа која од која поубава. По пат кон ова легендарно место ќе направиме една пауза за посета на музеј-фабриката Мавроматис. Фабриката го носи името на семејството кое најдолго се занимава со одгледување и произведување на најразлични производи од овошјето кумкват.
Дрвото кумкват потекнува од Јужна Азија и е толку егзотично што во Европа, успева само на Крф и во Шпанија. При нашата посета овде ќе имате прилика да погледнете краток документарен филм. Од него ќе научите малку повеќе за историјата и потеклото на овошјето, неговото преработување и сите производи што произлегуваат од неговата преработка. Најубавиот дел од искуството е секако бесплатната дегустација на ликерите и слатките со разни вкусови. По оваа дегустација полесно ќе можете да се одлучите за омилениот и да си го купите како карактеристичен сувенир од Крф, кој ќе ве потсетува на доживеаното патување.
При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир. Овој манастир гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј. Во него има експонати од манастирот пред неговата обнова, како и малиот музеј за производство на маслиново масло.
Ќе си направиме и уникатни панорамски слики од местото кое не може поубаво да се опише освен со зборовите Bela Vista, каде небото и водата се спојуваат. Mожност за традиционална прослава со ручек во грчка таверна. Слободно време за одмор. Забава во еден од најатрактивните ноќни барови во Ипсос. Олеа со својот уникатен декор и маркантното маслиново дрво во центарот на подиумот веднаш ќе ви го привлече вниманието. Ноќевање.

Ден 4 Понеделник 29.04.2019 Втор ден Велигден – Палатата Ахилеон
Последниот ден на островот го резервираме за посета на палатата Ахилеон. Напуштање на собите во Ипсос до 10:00 ч. по што се упатуваме кон селото Гастури каде се наоѓа оваа палата. Оваа палата е изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Оваа палата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт. По нејзината смрт останала напуштена до 1907 год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија.
Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела. Тие ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање долго и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина и за таа цел преземала драстични мерки. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик. Токму затоа во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил. Токму затоа и самата палата го добива неговото име.
Посетата на Палата е факултативна, кој не сака ова време го користи за прошетка низ градот Крф.
15:00 часот– Го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.
Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Цена на аранжманот: 7,378 мкд (119€)

Aранжманот ВЕЛИГДЕН НА КРФ вклучува
– Автобуски превоз Скопје- Игуменица- Скопје
– Превоз со траект Игуменица – Крф – Игуменица
– Сместување во приватни вили 3ноќи/4дена
– Три организирани посети на градот Крф, со превоз со цел следење на процесијата и прославата за Христовото воскресение
– Професионален придружник од агенцијата за време на целото патување и сите активности
– Организирана вечерна забава во Ипсос

Aранжманот ВЕЛИГДЕН НА КРФ не вклучува:
– Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис ( 15 евра)
– Патничко осигурување – 300 ден.
– Празничен ручек во традиционална таверна
– Организиран превоз и влезница во Палатата Ахилион, Палатата на Сиси 15 евра

Стразбур – Алзас – Шварцвалд

Велигден

Стразбур – Алзас – Шварцвалд

Авион 4 дена / 3 ноќевања

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност… Главен град на регионот е СТРАЗБУР кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД (Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади… аво плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села…

Ден 1 27.04.2019 Скопје – Баден Баден – Хајделберг – Стразбур
Состанок на група во 04.00 часот на аеродромот Александар Велики во Скопје. Полетување за Баден Баден во 05:55 часот, слетува во 08:15 часот. Автобусот за трансфер групата ја пречекува на аеродром и се продолжува на разглед на Баде-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по сбоите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3километри долгото шеталиште. Патувањето го продолжуваме кон Хајделберг, романтично градче сместено на реката Некар. Артакција е ренесансниот замок на брдото над градот кој спаѓа меѓу најимпресивните објекти во Германија и опстојува повеќе од 700 години, се вбројува во топ 10 најпопуларни европски знаменитости со повеќе од 3 милиони туристички посети годишно. Градот е седиште на една од најстарите образовни институции во Европа – Универзитетот Руперт-Карл, основан во 1386-та година. Панорамско разгледување на градот: Карловата капија 18-ти век, Замокот Хајделберг 14-ти век, Градското собрание од 14-ти век, стариот градски плоштад, стариот мост на Некар долг 200 метри од 18-ти век, готската црква на Свeтиот Дух од 14-ти век, Универзитетската четврт, Алејата на филозофите со најубав поглед на стариот дел на градот. Патување до Стразбур. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 2 28.04.2019 Стразбур
Појадок. Разглед на Стразбур – град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет и на Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, заштитена како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, познат и како мала Франција е најсликовит дел на Стразбур изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне. Ноќевање.

Ден 3 29.04.2019 Стразбур – Риквир – Колмар – Фрајбург
Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас. Патувањето почнува од селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Продолжување на патувањето го градчето Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмарсе протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден… Поаѓање кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, градското собраниеод 16-ти век, плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Враќање во Стразбур. Ноќевање.

Ден 4 30.04.2019 Стразбур – Базел – Скопје
Појадок. Слободно време до поаѓање за Базел. Пристигнување во Базел, предвидена е прошетка низ градот. Трансфер до аеродром. Лет на Визер во 21:45 часот. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 27.840 ден (449 €)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски билет на релација Скопје – Баден Баден / Базел – Скопје
– Сите трансфери по програмата со автобус
– Сместување во хотел CERISE Strasbourg 3*** во Стразбур, на база 3 ноќевања со појадок https://www.cerise-hotels-residences.com/en/hotels-and-residences/details/strasbourg
– Организиран разглед на Стразбур, Баден Баден и Хајделберг
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси 3.990
– Доплата за куфер – ВИЗ приорити до 10кг (55х40х23) = 1.300ден / чекиран куфер до 10кг = 1.900 ден / до 20кг = 3.100 / до 32 кг = 4.500 ден
– Туристичка такса се плаќа во агенција 750 ден
– Целодневен факултативен излет до Фрајбург, Колмар, Риквир 85 евра
– Крстарење по каналите на Стразбур 20 евра
– Влезници за локалитети и културно-историски споменици
– Задолжително патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 6.500 ден

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.
– Организаторот го задржува правото на промена во програмата во случај на промена на лтовите од авиокомпанијата.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ.
– Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
– Пасоштот МОРА за има важност минмум 3 МЕСЕЦИ од завршувањето на патувањето.

Санторини – Иос

Велигден

Санторини - Иос

Најромантичниот остров на светот

(25.04-01.05.2019 - 4 ноќевања со појадок)

1. ден – 25.04.2019 (четврток) СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 16:00 часот. Поаѓање во 16:30 часот, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија. Ноќно возење према Атина/Пиреа со попатни паузи и царински формалности.

2. ден – 26.04.2019 (петок) САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот по локално време, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини околу 15.00часот. Трансфер од пристаниште до хотел во Камари или Периса (познати турискички места на Санторини). Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови, околу 19:30часот се упатуваме на факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквите, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка. Слободно време за индивидуални активности и посета на некоја од локалните традиционални таверни кои изобилуваат со голем избор на морска храна. Во доцните вечерни часови во договор со групата и водичот враќање во хотел. Ноќевање.

3. ден – 27.04.2019 (сабота) САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10:00 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири (за сите оние кои што имаат желба да влезат во музејот во Акротири, индивидуално се доплаќа влезница по цена на чинење на каса), црвената плажа попозната како RED BEACH, Манастирот St.Ilijas, Калдера. Во вечерните часови посета на градчето/општина OIA каде ќе имаме време и можност за индивидуална прошетка во најмонденскиот дел од Санторини и ќе бидеме сведоци на најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари или Периса, време за одмор, индивидуални активности или прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови. Ноќевање.

4 ден – 28.04.2019 (недела) САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:00 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност индивидуално по ваша желба и своја режија да се возите со жичара до Фира, од каде индивидуално ќе треба да се вратите во хотел. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 2,5 еур. при самиот влез, од каде се гледаат сите седум кратери. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото на Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA и Фира се до старото пристаниште каде е и жичарата која води до Фира. Околу 16:00 часот, се враќаме назад на пристаниште – Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме кон хотелот. Време за Велигденски ручек (индивидуално во договор со групата предлагаме заедно дружење и ручек во локаните таверни каде традиционално се спрема јагне на жар, далеку познатите кукуреци на жар и традиционална за овој ден јагнешка чорба – ,,Магирица’’, се разбира и голем избор на риба и морска храна). Време за слободни активности. Ноќевање.

5 ден – 29.04.2019 (понеделник) САНТОРИНИ – ИОС
Појадок. Ден за слободни активности, индивидуални прошетки, плажа и сончање. Посета на кафетерии, локални таверни. Со еден збор кажано уживање по Ваша желба, или предлог од агенцијата факултативна посета на островот Иос кој што се наоѓа на само 2 часа. пловење со брод од Санторини и има површина од 108км², должина 17км², и ширина 7,5км². Еден од попопуларните Киклатски острови заради бурниот ноќен живот и преубавите плажи. Како и островот Санторини така и островот Иос и сите останати Киклатски острови има медитеранска клима. Центарот на сите случувања е главниот град Хора и истиот плени со својата убавина и својата историја во комбинација со модерниот начин на живеење и луди журки и забави, со тоа целосно го оправдува името ,,Грчка Ибица’’. На островот Иос има голем број на плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е една од најубавите плажи на Егејското море. Постојат многу плажи на Иос, за кои ќе помислите дека сте го доживеале рајот на земјата. Тие се покриени со прашкаст бел песок, кој се прелева во кристално сино море. Најпопуларни плажи се : Mylopotas, Manganari, Jialos, Koubaras, Agia Teodot.
Има и многу нешта кои што можат само да се видат на островот Иос, кои со пишани зборови тешко се пренесуваат, токму затоа ви препорачуваме да го посетиме овој остров каде ќе имате можност да го доживеете, а потоа многу лесно и вие да го прераскажете. По разгледот и посетата на островот Иос, на истиот ќе имаме можност и време за слободни активности, индивидуален ручек во некоја од традиционалните локални таверни покрај море, време за прошетка по скалестите и тесните улички на Хора и во вечерните часови повторно со брод пловење према Санторини, пристигнување на пристаниште Атињос, трансфер до хотел. Ноќевање.

6 ден – 30.04.2019 (вторник) САНТОРИНИ-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштaње на собите околу 11:00 часот. Околу 12:30 часот се упатуваме на факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч. Дневно/Ноќно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:00часот по локално време. Ноќно возење према Скопје и присигнување наредниот ден 01.05.2019 во раните утрински часови.

Редовна цена на аранжманот: 239€/14.820 ден.

Во цената на аражманот е вклучено:
· Превоз со високо туристички автобус (кој е на располагање и на Санторини)
· Четири ноќевања со појадок во Камари или Периса, хотел 3* или 2*
· Бродска карта, Пиреа – Санторини – Пиреа
· Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)
· Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој.
· Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аражманот не е вклучено:
· Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден.
· Дете до 2 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.
· Прво дете до 7 години, а не користи кревет спие со родители, плаќа само превоз+брод – 130€/8.060 ден.
· Второ дете до 12 години, плаќа минус 30% од вкупната сума на аранжманот.
· Вечерна посета на селото Пиргос (превоз и водич ) – 10€
· Целодневна екскурзија и разглед на островот (автобус+водич, 3ти ден по програмата) – 35€
· Целодневна екскурзија со брод (автобус+ водич+брод, ден 4ти по програмата)-35€
· Целодневна екскурзија на островот Иос (трансфер, хотел-пристаниште-хотел, бродска карта Санторнини-Иос-Санторни, локален водич на островот, разглед на островот, трансфер на островот) – 75€
· Посета на винарија (автобус+водич+влезница за винарија, резервација и дегустација на вино, 6ти ден по програмата) – 18€
· Вегигденски ручек, Камари/Периса индивидуално по желба на патниците
· Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците )
· Задолжително здравствено патничко осигурување
· Влезници за музеи и локалитети
· Индивидуални трошоци

Напомена:
· За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
· Хотелите се со 3* (Периса, Камари) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 15 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
· Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
· Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
· За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.
· За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
· Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
· Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
· Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
· За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Балкан Турист
· Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија