Санторини

11ти октомври

Санторини

Најромантичниот остров на светот

09.10-14.10.2019

ULTRA FIRST MINUTE УПЛАТА ОД 50% ДО 01.07.2019- 179€/11.100 ден.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 199€/12.340 ден.

Опис на островот
Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Санторини се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA, на 260 м над површината на морето.

1 ден: 09.10.2019 (среда) СКОПЈЕ – САНТОРИНИ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 15:30ч.Поаѓање на автобусот во 16:00ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2 ден: 10.10.2019 (четврток) АТИНА/ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари. Време за краток одмор и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот водич посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус враќање во Камари. Ноќевање.

3 ден: 11.10.2019 (петок) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas, Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.

4 ден: 12.10.2019 (сабота) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09 часот поаѓање на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод во траење од 5 часа (Крстарење по калдера и посета на новиот вулкан – ПЕС (за влез на вулканот задолжителна доплата од 2,5 еур) од каде што се гледаат сите седум кратери). Можност за капење во топлите води на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за индивидуален ручек во некоја од таверните. Враќање на пристаниште и трансфер до хотел, слободна вечер. Ноќевање.

5 ден: 13.10.2019 (недела) – САНТОРИНИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите во 11:00ч. Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција. G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч. Ноќно пловење према Пиреа / Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Евзони, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија наредниот ден 14.10.2019 во раните утрински часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со високо туристички автобусна релација (кој е на располагање и на Санторини);
– 3 ноќевања со појадок во Камари или Периса, хотел 3* или 2*;
– Бродска карта, Пиреа/Атина – Санторини – Пиреа/Атина;
– Трансфер пристаниште – хотел –пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме);
– Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој;
– Организација и реализација на аранжманот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини (втор ден) -5€;
– целодневна екскурзија и разглед на островот (автобус + водич, ден 3 ти по програмата) – 35€;
– целодневна екскурзија со брод (автобус + водич + брод, ден 4 ти по програмата) – 35€;
– посета на винарија (автобус + водич + влезница за винарија, резервација и дегустација на вино (5 ти ден по програмата) – 18€;
– Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците);
– Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден;
– Дете до 2 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден;
– Прво дете до 7 години, а не користи кревет спие со двајца возрасни, плаќа само превоз + брод – 130€/8.060 ден;
– Второ дете до 12 години со двајца возрасни плаќа минус 30% од вкупната сума на аранжманот;
– Индивидуални трошоци;
– Задолжително здравствено патничко осигурување.

НАПОМЕНА:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници;
• Хотелите се со 2* или 3* (Периса, Камари) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот;
• Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби;
• Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд;
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување;
• За уплати на “ULTRA FIRST MINUTE” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот;
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена;
• При резервација и уплата на аранжманот задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот;
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот;
• Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање;
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање;
Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети.

ЦЕНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ САМО ПРЕВОЗ И БРОДСКИ БИЛЕТ СКОПЈЕ-САНТОРИНИ-СКОПЈЕ:
• Превоз со високотуристички автобус 99€/6.140 денари;
• Бродски билет 83€/5.150 денари.

ДОПЛАТА ЗА:
• Авионски седишта на брод25€/1.550 денари по правец;
• Бизнис класа на брод35€/2.170 денари по правец;
• Кабина за спиење на брод89€/5.520 денари по правец.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИ СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ:
• Бродски превоз за автомобил 100€/6.200 денари по правец;
• Бродски превоз по лице 41.50€/2.575 денари по правец (економска класа).

Кападокија со Анкара

11ти октомври

Кападокија со Анкара

превоз + 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 4* + посета на Анкара и соленото езеро Туз Ѓолу + пратител од агенцијата

09.10-14.10.2019

ULTRA FIRST MINUTE УПЛАТА ОД 50% ДО 31.07.2019 – 159€/9.860ден.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 189€/11.720 ден.

Опис за Кападокија
Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството.

1 ДЕН 09.10.2019 (среда) СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 10:00 часот. Поаѓање во 10:30 часот се патува преку Грција, граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот не води преку Кавала, граничен премин Ипсала. Време за царински формалности, патувањето продолжува према Истанбул – Анкара – Невшекир, ноќно возење се до наредниот ден до пладневните часови.

2 ДЕН-10.10.2019 (четврток) КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР
Попатна пауза и краток одмор на соленото езеро Туз Ѓолу, кое е едно од најголемите езера во светот од ваков вид. Во договорено време со групата и водичот тргнување кон Кападокија. Пристигнување во Кападокија/Невшекир во попладневните часови. Сместување во Хотел, време за одмор, релаксација и слободни активности. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН-11.10.2019 (петок) КАПАДОКИЈА
Појадок. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната „земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св. Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера. Припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансфер, неограничени локални пијалоци и апетисани). Ноќевање.

4 ДЕН – 12.10.2019 (сабота) КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30 часот. (трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 07:15 и 07:30 часот. Појадок. По појадокот факултативно околу 10:00 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Враќање во хотел. Вечера. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

5 ДЕН – 13.10.2019 (недела) НЕВШЕХИР – АНКАРА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот околу 11:00 напуштање на хотелот,багажот во автобус и се упатуваме према Анкара, главниот град на Турција. Каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности, прошетка и можност за шопинг во Анкара. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Грција, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 14.10.2019 во пред-пладневните часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високо туристички автобус на дадената релација;
• 3 ноќевања со појадок и вечера вохотел 3* или 4*во Кападокија;
• Посета на Анкара и соленото езеро Туз Ѓолу;
• Трансфер до хотел Невшехир – Угруп/Кападокија;
• Претставник/пратител од агенцијата за целиот престоj.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултатива од трет ден со сите влезници и ручек опишани во програмата – 45€;
• Факултатива од четврти ден со сите влезници и ручек опишана во програма- 45€;
• Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци, музика со вклучени неограничени пијалоци и апетисани, трансфер -35€;
• Дервишка претстава/церемонија – 25€;
• Летање со балон (по цена на чинење во моментот);
• Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 1.900 денари;
• Индивидуални трошоци;
• Задолжително патничко и здравствено осигурување.

НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници;
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање;
• За реализација на секоја од понудените факултативи потребен е минимум од 25 патници;
• Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби;
• Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд;
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување;
• За уплати на “ULTRA FIRST MINUTE” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот;
• При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот и уплата за истите од 30% (во случај да се откажете попатно уплатените средства не се рефундираат и не се префрлаат со друга факултатива), за факултатива летање со балон само пријавување во агенција но дали ќе се лета со балон ќе се знае на лице место, се зависи од временските услови и расположливи места на балон;
• Се однесува на факултативните екскурзии во случај на промена на цените од страна на партнерот во Турција поради не стабилноста на турската лира може да претрпат промени, за кои благовремено ќе бидете информирани преку нашиот веб-сајт;
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена;
• Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата и редоследот на факултативните екскурзии;
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот;
• Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Кикладски острови: Парос, Наксос, Делос и Миконос 2 тура

8ми септември

Магично но вистинито и незаборавно доживување на Кикладските острови

Парос, Наксос, Делос, Миконос

11.09-18.09.2019

ULTRA FIRSTMINUTE ДО 01.07.2019 -269€/16.680ден.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 299€/18.540 ден.
***МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ВО АГЕНЦИЈА***

Опис на островот
Островот Парос се наоѓа во централниот дел на групата острови Киклади, на само четири часа пловење со брод од Пиреја, северно од Санторини. Ова е остров со златни плажи, со бројни плантажи на лозови насади и маслинови дрва. Површината на островот е околу 186,5 км2 и должина на обалата околу 120 км2. Островот Парос низ историјата бил познат по каменоломи на мермер од кои се направени многубројни храмови. Како што велат и самите мештани на овој остров, спој од најубавото на Миконос и Санторини можете да го доживеете само на Парос. Рестораните и таверните на Парос се едни од најдобрите во Грција, како и златните песочни плажи и ноќниот живот на истиот. Едноставно со посетата на Парос добивате два острови по цена на еден, од причини што островот Антипарос е на 10 минути одалечен со брод каде ќе имаме можност заиндивидуална посета на истиот. Главен град е Парикиа кој е изграден на остатоци од антички храм. Со бели мали куќички, тесни поплочени улици. Ова мало, мирно гратче во текот на летото е многу посетуван од туристи од целиот свет. Исто така многу значајни места како цркви, музеи, и замоци се: црквата Catapoliani која е наречена црква со 100 врати, изградена во традиционален Византиски стил, археолошки музеи, Венецијански замок, Аsklepion, Dilio, долината на пеперутките, манастирот Logovardа, и посета на христијански древен манастир. За љубители на грчката традиционална кујна, виното, забава и градби од единствен стил, препуштете се на уживање и придружете ни се нас во посета на овој остров.

Програма на аранжманот:
1 ден: 11.09.2019 (среда) СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 16:00часот. Поаѓање во 16:30часот, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува ноќно возење према Атина/Пиреа.

2 ден: 12.09.2019 (четврток) ПИРЕА/АТИНА – ПАРОС
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште е во 07:25 часот по локално време, и пловење за Парос.Пристигнување на Парос околу 12:00 часот на пладне. Трансфер од пристаниште до хотелот. Време за одмор, и слободни активности. Ноќевање.

3 ден: 13.09.2019 (петок) ПАРОС
Појадок. По појадокот, околу 10 часот се упатуваме на целодневна факултативна екскурзија и разглед на островот, запознавање со сите знаменитости, посета на сите цркви и замоци, посета на Парикиа која е главна општина на Парос и ќе биде наша прва дестинација, запознавање на археолошките музеи на Парос. Посета на пост византиската црква Catapoliani (црквасо 100 врати), можност за прошетка по тесните улици на Парикиа, се до замокот Frankish и терасата на античкиот храм на божицата на мудроста Атина, каде што ќе имаме можност да направиме преубави фотографии. Истиот ден ќе имаме можност да се упатиме и да го посетиме заливот т.н. Науса, кое е мало рибарско пристаниште со традиционални рибарски бродови наречени каики кои создаваат уникатна глетка. Науса имало големо значење во историјата на овој остров, каде во 1770-та година било главно пристаниште и седиште на руската флота, во текот на овој период Науса била трговски центар токму заради нејзиното значење и местоположба на заливот. Денеска ова гратче има околу 1200 жители и во текот на изминатите неколку години се изградени многу нови куќи, но сепак овој град го задржал својот изглед и шарм како што бил и предходно. Во овој град ќе имаме можност да посетиме многу остатоци од замоци кои датираат од 15-ти век, Византиски музеи во кои се наоѓаат бројни икони од 12-ти и 13-ти век, како и бројни археолошки наоѓалишта. На влезот во градот се наоѓа црквата Св.Атанасиј од 17-ти век. Ќе имаме можност да ги посетиме најавтентичните села на Парос, а тоа се Марписа и Лефкес и можност и време за индивидуален ручек каде би можеле да ги вкусиме специјалитетите кои ги нудат на рибарското пристаниште Писо Ливади. По посетата на Лефкес ќе имаме можност да го посетиме гратчето Дриос, кое што се наоѓа најјужно на островот, во кој што има остатоци од Византискиот период. Во вечерните часови, по завршувањето на целодневната екскурзија, враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: 14.09.2019 (сабота) ПАРОС
Појадок.По појадокот околу 09:00 часот поаѓање на факултативна екскурзија, крстарење со традиционален каики брод, капење и скара/ручек на брод. Во 09:30 часот заминување од Писо Ливади и се упатуваме со брод према заливот АгиосКостис кој се наоѓа на југ од островот Наксос. Тоа е живописен залив каде ќе имаме можност за разглед и капење во кристално чистото море. Продолжуваме кон југ во пештерите на местото КатоКоуфониси. Посета на уникатните пештери на Гларониси, кое е мало островче помеѓу Като и Пано Коуфониси, овде се задржуваме и имаме можност за слободни водени доживувања. Потоа се упатуваме на јужниот дел на КатоКоуфониси каде ќе имаме слободно време уживање, пливање и ручек (вклучува:месо на скара-суфлаки 350гр, грчка салата, цазики, росики салата, овошје и пијалоци-вода, вино, узо, пиво, сокови). По капењето и ручекот на брод се упатуваме према пристаништето на Коуфониси за да го видиме истото село одблизу, каде ќе ни биде и последна станица за сончање и водени доживувања во прекрасната пештера Рина која што се наоѓа на крајбрежјето на островот Наксос. Со ова завршува оваа факултативна екскурзија каде што имаме можност да го видиме јужното крајбрежје на островот Наксос. Околу 16:30 часот пловење за Парос-Писо Ливади, околу 18:30 часот пристигнување на Парос и трансфер до хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.

5 ден: 15.09.2019 (недела) ДЕЛОС – МИКОНОС
Појадок. По појадокот факултативно со автобус се упатуваме према пристаништето на Парос од каде со брод ќе испловиме према островот Делос и Миконос. Прва станица ќе ни биде посета на островот Делос кој претставува стар археолошки град (музеј), каде сите они коишто имаат желба да влезат во археолошкиот град индивидуално треба да платат влезница по цена на чинење на каса заедно со стручниот локален водич кој ќе ги води низ археолошкиот град. По дво-часовната посета на островот Делос со истиот брод се упатуваме према најпознатиот космополитски остров во Грција Миконос рај во срцето на Кикладските острови. Овде со нашиот локален водич на ова патување ќе можете да откриете фасцинантен свет, каде што гламурот се спојува со едноставноста. Според митологијата Миконос е остров кој настанал од скаменетите тела на џиновите од страна на Херкулес, најпознатото сценско ќоше на островот е ALEFKANTRA или така наречена мала Венеција, која датира од 18-ти век. Тоа е област во која доминираат куќички на големите капетани, со шарени балкони, и стилски прозорци, со балкони издигнати над морето токму како да ви поминуваат пред вас слики од познатиот италијански град Венеција, пробајте да се релаксирате на брегот пиејќи кафе и восхитувајте се на погледот кон големите ветерници, поставени на ридот пред вас кој што ќе имаме можност да ги видиме и да се фотографираме пред истите. Центарот на Миконос, така наречен Хора е место каде може да започне нашето откривање на гламурот на островот, прекрасните плажи и така шетајќи надвор од летната сезона може да наидеме на средба со познати личности како дел од гламурот на Миконос, кои главно ги посетуваат пред бурната летна сезона. Во попладневните часови враќање премаПарос, трансфер до хотел. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

6 ден: 16.09.2019 (понеделник) ПАРОС
Појадок. Ден за слободни активности. (Препорака,во договор со групата можна факултативна екскурзија до островот Антипарос каде ќе имаме можност да ги доживееме убавините и на овој остров и преубавите песочни златни плажи, со попатно застанување на крајбрежјето на селото Агиос Георгиос каде ќе имаме организиран ручек на плажата PANAGIA DESPOTIKO, потоа посета на вулканската морска пештера која крие многу тајни за овој регион Епитаф која се наоѓа во Мастихари. Оваа екскурзија трае се до 17:00 часоти чини 60 евра). Ноќевање.

7 ден: 17.09.2019 (вторник) ПАРОС – СКОПЈЕ
Појадок. Време за слободни активности, се до 12:00 часот по локално време кога ќе ги напуштиме собите. Слободно попладне се до 17:00 часот. Околу 17:30 часот се упатуваме према пристаниште и околу 19:20 часот чекирање на брод и пловење кон Пиреа. Пристигнување во Атина/Пиреа околу 23:00 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 18.09.2019 во раните утрински часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• 5 ноќевања со појадок во хотелhttp://www.captainsrocks.gr/english/index.php
• Превоз со високо туристички автобус на релацијаСкопје-Парос-Скопје(кој е на располагање и наПарос)
• Бродски билет на релација Атина/Пиреа-Парос–Атина/Пиреа, економска класа BLUE STAR
• Трансфер пристаниште–хотел-пристаниште(со истиот автобус со кој патуваме)
• Пратител и претставник на островот за целиот Ваш престој
• Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултатива опишана во 3ти ден -40€
• Целодневно Крстарење со традиционален каикиброд со капење на јужното крајбрежје на островот Наксос и ручекна брод, опишана во 4ти ден – 70€
• Посета на островите Делос и Миконос опишани во 5ти ден -65€
• Препорака – Факултатива опишана во 6ти ден – 60€
• Сите трансфери по желба на патниците хотел-Парикиа-Науса-Писо Ливади-Марписа-Лефкес-Дриос и други познати градчиња на островот-5€
• Доплата за едно-креветна соба1/1 се доплаќа 6.990 денари
• деца од 0год.-1.99 год. бесплатно во хотел со двајца возрасни и не користи кревет плаќа само превоз со автобус 40€/2.480 денари
• деца од 1.99 год.- 5.99 год. плаќаат 99€/6.138денари (само превоз+бродски билет) спиесо двајца возрасни и не користи креветво хотел
• деца од 6 год.-11,99 год. плаќаат 187€/11.600 денари
• Факултативни излети за деца до 5.99 години се бесплатни
• Факултативни излети за деца до 11.99 години се плаќа 50% од сумата
• Задолжително патничко и здравствено осигурување
• Влезници за музеи и локалитети
• Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА:
• За реализација на оваа програма потребен е минимум од 40 патника.
• За реализација на сите горе наведени факултативни излети потребен е минимум од 25 патника.
• Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби (2+1).
• Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
• Агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
• За резервација задолжителнаULTRA FIRSTMINUTE понуда уплата на аванс од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување.
• При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените факултативни екскурзии ќе ги користи патникот .
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
• Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети.
ЦЕНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ САМО ПРЕВОЗ И БРОДСКИ БИЛЕТ СКОПЈЕ-ПАРОС-СКОПЈЕ:
• Превоз со високотуристички автобус 80€/4.960 денари
• Бродски билет Пиреа/Атина – Парос–Пиреа/Атина83€/5.150 денари

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИ СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ:
• Бродски превоз за автомобил 100€/6.200 денари по правец
• Бродски превоз по лице 41.50€/2.5750 денарипо правец (економска класа)

ДОПЛАТА ЗА :
• Авионски седишта на брод25€/1.550 денари по правец
• Бизнис класа на брод35€/2.170 денари по правец
• Кабина за спиење на брод89€/5.520 денарипо правец