Букурешт

11ти октомври

Букурешт

Синаја, Брашов, Снагов...

10.октомври (четврток) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот “Holiday inn”. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.

11.октомври (петок) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на еден од најубавите градови во југоисточна Европа: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната порта, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј… Сместување во хотел и слободно време за одмор и индивидулани активности. Навечер, можност за факултативна вечера во национален ресторан со програма. Ноќевање.

12.октомври (сабота) БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или факултативен иизлет со посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа – некогашната летна резиденција на романските кралеви. Продолжување кон замокот Бран изграден во XIV век, а познат и како “Замокот на Дракула”. Патувањето завршува со посета на стариот град Брашов, лоциран во централниот дел на земјата и регионот Трансилванија. Овој град е вистински музеј на отворено, во кој се наоѓа и познатата Црна Црква од XIV век – една од најголемите готски цркви во југоисточна Европа. Враќање во хотелот, во вечерните часови. Ноќевање.

13.октомври (недела) БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот, со кратка дополнителна прошетка низ центарот на градот. Попатна посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Можност за разглед на местото, за кое се врзани мноштво тајни и мистерии. Заминување во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни застанувања и одмори.

14.октомври (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје, во претпладневните часови.

Цена на аранжманот:
121 EUR (противвредност: 7.502,00 мкд)

Попуст од 10% за уплати до 31.август:
109 EUR (противвредност: 6.758,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Oрганизирани разгледи според програмата
– Сместување во хотел ***, на база на 2 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Вечера во национален ресторан (25 €)
– Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25 €)
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Патничко здравствено осигурување

Напомени:
-Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

Словенија

11ти октомври

Словенија

Љубљана, Блед, Бохињ, Постојна...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

10.октомври (четврток) СКОПЈЕ – ЉУБЉАНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 17:30 часот. Поаѓање за Љубљана во 18:00ч. Патот води преку граничниот премин Табановце, Србија и Хрватска, со попатни застанувања и одмори.

11.октомври (петок) ЉУБЉАНА
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Прешерновиот и Рибниот плоштад, Тромостовјето, Универзитетот, Робовата фонтана, Змејскиот мост… Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во попладневните часови, можност за факултативно крстарење по реката Љубљаница низ стариот дел од градот. Ноќевање.

12.октомври (сабота) ЉУБЉАНА – БЛЕД – БОХИЊ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Љубљана, или ден за факултативен излет до езерата Блед и Бохињ. Бледското езерото-бисерот на словенечките Алпи, обиколено со високите планински масиви, карактеристично е и по малиот остров на кој е изградена црквата посветена на Света Марија. Можност за индивидуални прошетки крај езерото, посета на бледската тврдина со прекрасен поглед кон езерото и околината, како и дегустација на познатата локална кремпита. Излетот продолжува кон Националниот парк Триглав и посета на Бохињскоро езеро. Ова планинско езеро е воедно и најголемото природно езеро во Словенија. Враќање во Љубљана во вечерните часови. Ноќевање.

13.октомври (недела) ЉУБЉАНА – ПОСТОЈНА – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот и од градот, кон прочуената Постоjинска јама. По пристигнувањето во Јамскиот град, разглед на величествениот Предјамски дворец, изграден врз 123м. висока карпа, врз кој опстојува повеќе од 700 години. Неговиот романтичен изглед го дополнува и рекичката Локва, која под дворецот понира во поземјето. По разгледот на мистичниот дворец, посета и на Постоjинската јама – една од најпознатите пештери во светот. Долга 24км и исполнета со прекрасни пештерски украси од сталагмити и сталактити, таа сеуште го чува живиот пештерски свет, како и траговите од некогашниот човечки живот во неа. Низ големиот број на пештерски сали и ходници, разгледот се реализира со електричен воз,а низ најубавите и најбогатите, прошетката е поткрепена и од локалниот кустос. Бидејќи температурата во јамата, преку цела година е 10°C, препорачуваме во неа да се понесе и потопла гардероба. Заминувањето од Постојна е во попладневните часови. Патот кон Македонија води преку Хрватска и Србија со попатни застанувања и одмори.

14.октомври (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.

Цена на аранжманот:
139 EUR (противвредност: 8.618,00 мкд)

Попуст од 10% за уплати до 31.август:
125 EUR (противвредност: 7.750,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Туристички придружник за време на реализација на аранжманот
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Туристичка такса во хотелот
– Панорамски разглед на Љубљана со локален водич
– Попатна посета на Постојна (резервација и уплата на влезница, во агенцијата)
– Организација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезници за музеите, археолошките локалитети и културно-историските споменици
– Целодневен факултативен излет до Блед и Бохињ 25€/15€ (за деца до 12г.)
– Влезница за разглед на дворецот и пештерата во Постојна 35€
– Патничко здравствено осигуривање (информација во агенцијата)

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Балкан Турист Травел Компани

Античка Грција

11ти октомври

Античка Грција

Атина, Коринт, Епудаурус, Нафплион, Микена, Делфи...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

10.октомри (четврток) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

11.октомри (петок) АТИНА – АКРОПОЛ – ПЛАКА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности и прошетки. Вечерта, факултативна вечера во грчка таверна на Плака, со уметничка програма и специјалитети на домашната кујна. Ноќевање.

12.октомри (сабота) АТИНА – КОРИНТ – ЕПИДАУРУС – НАФПЛИОН – МИКЕНА
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек, како и можност за посета на работилница – продавница за сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Ноќевање.

13.октомри (недела) АТИНА – ПИРЕА – ДЕЛФИ – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот, со попатен панорамски разглед на блиските Пиреа (најголемото пристаниште во Грција) и Глифада (најпознатото летувалиште на Атина). Патот води кон живописните предели на планината Парнас и познатиот археолошки локалитет Делфи (еден од најбогатите во Грција). Посета на остатоците од античкото светилиште, како и блискиот музеј во кој е изложена исклучителна музејска збирка. Во попладневните часови, патувањето продолжува кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот:
149 EUR (противвредност: 9.238,00 мкд)

Попуст од 10% за уплати до 31.август:
134 EUR (противвредност: 8.308,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Туристички придружник за време на патувањето
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на Атина и Акропол
– Целодневен излет на Пелопонез и Арголида
– Попатна посета на локалитетот Делфи
– Организирани разгледи и посети со локален водич или придружник
– Организација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезници за музеите, археолошките локалитети и културно-историските споменици
– Вечера во национален ресторан таверна на Плака (35 €)
– Туристичка такса (1,5 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Патничко здраствено осигуривање

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Балкан Турист Травел Компани