Белград

23 октомври

Белград

64 Меѓународен саем на книгата

Еден од најголемите регионални настани посветени на книгата, e сосема извесно – Меѓународниот саемот на книгата во Белград.
Неформално познат и како “празник на книгите”, овaa саемска манифестација секоја година е домаќин на најзначајните домашни, регионални, а секако и на бројни странски писатели и издавачи. Важна карактеристика на Саемот на книгата, е секако и богатата придружна програма, составена од низа промоции, презентации, предавања, тркалезни маси и трибини, посветени на издаваштвото како и на вредноста на книгите во целост.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
23.октомври (среда) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 04:00 часот. Поаѓање за Белград во 04:30ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград со трансфер до саемот и посета на “64.Мегународен саем на книгата”. Слободно време за индивидуални активности до заминување за Скопје во попладневните часови. Можност за попатно застанување кај белградската IKEA, како и на други одморалишта согласно потребите на групата и условите на патот.

24.октомври (четврток) БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови

Цена на аранжманот:
35 EUR (противвредност: 2.170,00 мкд)

Попуст за уплати до 31.август:
30 EUR (противвредност: 1.860,00 мкд)


Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезница за 64.Меѓународен саем на книгата
– Патничко осигурување

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Балкан Турист Травел Компани

Нови Сад

11ти октомври

Нови Сад

3 дена / 2 ноќевања / Автобус

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
10.октомври (четврток) СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 ч. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

11.октомври (петок) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Сместување во хотел. Вечерта, слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

12.октомври (сабота) ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок. Заминување за прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

13.октомври (недела) НОВИ САД
Појадок. Слободно време за индивиуални активности….или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 89 € (противвредност: 5.520,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањетo.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Организиран ручек во Салаш
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

Пелопонез

23 октомври

Пелопонез

Патра, Олимпија, Вастас, Месиниа, Каламата, Дирос, Мистра, Спарта, Монемвасија, Малеви, Нафплион, Епидаурус, Микена, Мегало Спилеоу...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
22.октомври (вторник) СКОПЈЕ – БИТОЛА – ГРЦИЈА
Состанок на групата во 19:00 часот на паркингот пред хотелот “Holiday inn” во Скопје и заминување за Битола. Средба со останатите патници во 21:30 ч. на автобуската станица во Битола. Продолжување на патувањето кон Грција во 22:00 часот преку граничниот премин Меџитлија-Ники. Ноќно возење по јонската магистрала со попатни застанувања и одмори.

23.октомври (среда) ПАТРА – ОЛИМПИЈА
Пристигнување во градот Патра во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот што се карактеризира со својата медитеранска архитектура. Посета на централниот храм – црквата на светиот апостол Андреј, во која се наоѓаат дел од неговите мошти и крстот на кој бил распнат и погубен. По краток одмор, патувањето продолжува кон древната Олимпија. По пристигнувањето, разглед на еден од најпознатите антички локалитети на Пелопонез – местото на првите Олимписки игри во античка Грција. Попладнето, сместување во хотел и слободно време за индивидауални активности. Ноќевање.

24.октомври (четврток) ВАСТАС – МЕСИНИА – КАЛАМАТА
Појадок. Во утринските часови заминување кон Каламата. Попатна посета на светото место Вастас, во кое се наоѓа мистичната црквичка посветена на св.Теодора. Во продолжение посета и на археолошкиот локалитет Месиниа, кој сведочи за една од највлијателните престолнини во времето на античка Грција. Разглед на локалитетот и продолжување на патувањето кон Каламата. Панорамски разглед на еден од најубавите туристички градови на полуостровот и воедно јужна порта на Пелопонез. Сместување во хотел и слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

25.октомври (петок) ДИРОС – МИСТРА – СПАРТА
Појадок. Во утринските часови заминување на целодневен излет низ регионите на Каламата и Спарта. Посета на местото Аерополи, како и на впечатливата пештера Дирос, низ која разгледот на неколку километри долгите патеки и подземни хали од сталагнити и сталактити, се одвива со чамци пловејќи низ утробата на земјата. Во продолжение на излетот, посета на средновековниот локалитет Мистра – еден од највлијателните градови на медитеранот по падот на Константинопол. Прошетка низ стрмниот терен на локалитетот, со разглед на мноштвото остатоци од стари цркви, манастири и палати подигнати во златното време на Византија. Пристигнување во Спарта и краток разглед на градот. Слободно време и сместување во хотел. Ноќевање.

26.мај (сабота) МОНЕМВАСИЈА – МАЛЕВИ – НАФПЛИОН
Појадок. Во претпладневните часови заминување кон местото Монемвасија. Посета на еден од највпечатливите средновековни градови, изграден на непристапниот терен од истоимената природна карпа високо издигната во морето. Фантастичната панорама која ја истакнува карпата над синиот хоризонт од Егејското море, дополнително ќе ве плени при прошетката низ нејзините тесни улички издлабени низ јужната страна кон морето. Патувањето продолжува кон еден од најпочитуваните манастири на Пелопонез, посветен на чудотвоната икона на Богородица од Малеви. Прекрасната околина и душевниот мир, пленува уште при првиот чекор во старата манастирска црква. По краток одмор, заминување кон страиот град Нафплион – некогашната престолнина на Грција по завршетокот на првите пелопонески војни за ослободување од османлиското ропство. Прошетка низ прекрасниот град до сместување во хотелот. Ноќевање.

27.октомври (недела) ЕПИДАУРУС – МИКЕНА – КОРИНТ – МЕГАЛОУ СПИЛЕОУ
Појадок. Во претпладневните часови заминување во посета на археолошките локалитети на Арголида: Епидаурус – еден од најголемите и најакустични антички амфитеатри во светот и Микена – древната престолнина на кралот Агамемнон познат и како митскиот освојувач на Троја. Кратко задржување на Коринт – каналот кој ги споји Егејското и Јонското море, како и посета најстариот манастир во Грција – Мегалоу Спилеоу, посветен на чудотворната икона на Богородица од Карпата, за која се верува дека е насликана од св.Јован Богослов. Во доцните попладневни часови, патувањето продолжува кон големиот мост изграден помеѓу местата на Пелопонез и копното: Рио и Антирио.

28.октомври (понеделник) ГРЦИЈА – БИТОЛА – СКОПЈЕ
Ноќно возење кон Македонија преку јонската магистрала и автопатот Игнатиа. Попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Битола и во Скопје во раните утрински часови.

Цена на аранжманот:
239 EUR (противвредност: 14.818,00 мкд)

Попуст од 10% за уплати до 31.август:
215 EUR (противвредност: 13.330,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотели *** според програмата на база 4 ноќевања со појадок
– Туристички придружник за време на патувањето
– Организирани посети на културно историски споменици и археолошки
– Организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Влезници при посета на културно историски споменици, музеи и археолошки локалитети
– Туристичка такса (1,5 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ и Балкан Турист Травел Компани

Венеција

11ти октомври

Венеција

Фиренца, Верона, Лаго ди Гарда...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
10.октомври (четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Патувањето води преку граничниот премин Табановце, дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања и одмори.

11.октомври (петок) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во околина на Венеција (Лидо Ди Јесоло) во претпладневните часови. По сместувањето во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневни часови, превоз со брод до Венеција преку пристаништето Пунта Сабиони. Прошетка и разглед на стариот дел од градот: Плоштадот и црквата Св. Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

12.октомври (сабота) ВЕНЕЦИЈА (факултатвно – ФИРЕНЦА)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки низ Венеција, или можност за факултативна целодневна посета на Фиренца – еден од најсликовитите Италијански градови познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14. и 15.век: Базиликата на Св.Крст (Santa Croche) – Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните (Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја насликал Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројните скулптури и ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани… Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

13.октомври (недела) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА (Лаго Ди Гарда) – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Верона и Лаго Ди Гарда. Посета на градот на Ромео и Јулија, со прошетка и разгледи низ центарот на градот. Плоштадот Бра на кој се наоѓа надалеку познатата Арена, улица “Mazzini” која низ центарот на градот води до плоштадот Ербе, плоштадот “Dei Signori” на кој се наоѓа статуата на Данте, како и куќата на Јулија во чиј двор е изложена и нејзината статуа. Во продолжение на денот, посета на местото Сирмионе на езерото Лаго Ди Гарда, во кое се наоѓа прекрасниот замок на семејството Скалиѓери. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија, со попатно одмори.

14.октомври (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Цена на аранжманот:

155 EUR (противвредност: 9.610,00 мкд)

Попуст од 10% за уплати до 31.август:
139 EUR (противвредност: 8.618,00 мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел ***, во околина на Венеција, 2 ноќевања со појадок
– Разглед на Венеција, Верона и Лаго Ди Гарда
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Повратен превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабиони до Венеција (20 €)
– Туристичка такса 1 € по лице од ден (се плаќа на рецепција во хотелот)
– Факултативна посета и разглед на Фиренца (45 €)
– Влезници за музеи и културно-историски споменици
– Туристичко патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Балкан Турист Травел Компани