Острог – Будва – Подгорица

ОСТРОГ – БУДВА – ПОДГОРИЦА

КАВАДАРЦИ – ВЕЛЕС - СВ. НИКОЛЕ– СКОПЈЕ

ПОАЃАЊЕ СЕКОЈ ПЕТОК НАВЕЧЕР ВО ОКТОМВРИ

04/06.10.’19 – 11/13.10.’19 - 18/20.10.’19 – 25/27.10.’19

1 ден.
Состанок на групата во 22:30 часот. Поаѓање во 23:00 часот. Се патува преку граничен премин Блаце , Косово, Албанија и Црна Гора. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Будва во утрниските часови, прошетка низ прекраснте улички на стариот
град и слободно време за индивидуални активности.
Поаѓање за манастирот попладне во 14:00 часот. Сместување и ноќевање во манастирот.

2 ден.
Поаѓање од манастирот во утринските часови после литургијата околу 10:00 часот кон Подгорица каде што е предвидена посета на трговскиот центар Delta Siti во Подгорица. Во 16:00 часот тргнување за Скопје според договореното време. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1.400,00 денари

Во цената е вклучено:
1.Превоз на наведената реалција со високотуристички автобус
2.Посета на Будва и Острог
3. Организација и водство на патувањето

Во цената не е вклучено:
1. Такса и превоз од долниот до горниот манастир 3 евра
2. За реализација на аранжманот е потребно минимум од 45 патници. Доколку има помал број на патници цената може да се зголеми или аранжманот да се откаже најдоцна 5 дена пред поаѓање
ЗА ОВОЈ АРАНЖМАН ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА Т.А.“БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ“ – КАВАДАРЦИ

ДРАЧ – КРУЈА – ТИРАНА

11 октомври

ДРАЧ - КРУЈА - ТИРАНА

2 полупансиони

Програма
1 ден 11.10.2019 Св. Николе – Велес – Кавадарци – Прилеп – Битола – Ресен – Охрид – Струга – Драч
Поаѓање во 06;30 часот Св. Николе, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, граничен премин Ќафасан. Царински формалности, попатни одмори. Пристигнување во Драч. Сместување во хотел Elba 3*. Слободно време. Пешачка прошетка во градот, со можност за разгледување на Античкиот амфитеатар, Венецијанската кула, Централниот плоштад со фонтаните и Големата џамија. Вечера, ноќевање.

2 ден 12.10.2019 Драч – Круја – Тирана – Драч
Појадок. Поаѓање во Круја, родниот град на националниот херој Скендербег. Можност за посета на средновековната тврдина, музејот Скендербег и Старата чаршија. По кафе паузата и прошетката низ старата чаршија, заминување за албанскиот главен град Тирана. Како град, Тирана постоел уште од 17 век, а главен град на земјата е од 1920 год. Тој е најголемиот град во Албанија, град кој има своја боја. Панорамски разглед на градот од автобус: плоштадот со споменикот на националниот херој Скендербег, џамијата Етем бег од ХVІІ век, Пирамидата замислена како музеј на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, Националниот историски музеј, Палатата на претседателот, зградите на Министерствата, администрацијата, новите згради на банките, канцелариите, хотелите и првиот локален облакодер. Факултативно ручек, слободно време за прошетки, посети, шопинг… Во договореното време со придружнико од агенцијата заминување за Драч. По пристигнувањето слободно време за одмор. Вечера. Ноќевање.

3 ден 13.10.2019 Драч – Македонија
Појадок. Слободно време. Во 12:00 ч.поаѓање од хотелот за Македонија. Попатни одмори, царински фромалности. Пристигнување во Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп.

Цена: 4.279,00 денари

Цените се во € се плаќа во денари, 1€ = 62 мкд

Во цената Е вклучено:
– Превоз со лиценциран туристички автобус;
– 2 полупансиони (ноќевања со појадок и вечера) во хотел Elba 3+ *;
– Целодневна посета на знаменитостите на Круја и Тирана;
– Посета, прошетка на Драч
– Придружник од агенцијата
– Организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:
– Патничко осигурување
– Трошоци од лична природа;
– Ручек;
– Пијалок за време на оброците во хотелот;
– Влезници за локалитети, музеи, знаменитости….

Информации за градовите што се посетуваат во програмата

Драч / Durrës
Драч е најстариот град во Албанија и нејзиниот поранешен главен град. Се наоѓа на Јадранското Море и е најголемото пристаниште во Албанија.
Градот одморалиште, е омилена дестинација за одмор за многу локални жители и странци. Се наоѓа во близина на главниот град Тирана (30 минути со автомобил) и може да се стигне со воз. Интересни атракции се урнатините на ѕидот на тврдината, римскиот амфитеатар, џамијата Фатух, културниот центар, како и старите воени бункери околу плажата.

Круја / Krujë
Круја е град во Албанија и седиште на истоимениот округ. По статистика од 2004 година, во Круја живееле околу 20.000 жители. Местото е најпознато како роден град на Ѓорги Кастриот – Скендербег албански национален јунак од времето на отпорот кој градот го пружал на Османлиското царство. За време на Османлиското Царство од 1443 до 1478 година турскиот аскер четири пати безуспешно се обидувал да го освои овој град. Градот конечно паднал под Османлиска власт по Скендербеговата смрт. Можност за посета на Музејот Скендербег, шопинг на улицата со сувенири и можност за кафе во еден од рестораните, кафетериите

Тирана / Tiranë
Тирана — главниот град на Република Албанија
Се наоѓа во централниот дел од земјата, на реката Ишми. Основан во 1614 г. од Сулејман-паша, а главен град на Албанија е од 1920 г. Според прелиминарните податоци од пописот од 2011 г, во градот живееле 421,286 жители. Муслиманите сочинуваат 55.9% а христијаните и атеистите заедно сочинуваат 44.1% од населението. Тирана е културен и индустриски центар на Албанија.
Интересни знаменитости на градот се: плоштадот Скендербг, Операта, Џамијата Етем беј; Националната библиотека; Часовникова кула симбол на градот, остатоците на Јустинијановата тврдина, културниот центар, поранешниот музеј на Енвер Хоџа, националниот историски музеј….

Услови:
– Цената за со сопстевен превоз се намалува за 10€ по лице

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:
– Авас 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
– Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 лица.
– Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот.
– Може да се патува и со валиден пасош ни у со валидна лична карта издадена од МВР .
– Организаторот го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните исправи на патниците.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност
– Со важност се и се применуваат Општите услови за патување на Т.А. БАЛКАН ТУРИСТ ТРАВЕЛ КОМПАНИ

Хотел Rila****

Зима 2019/2020

ХОТЕЛ RILA****

Боровец

Цените се дадени на ден по лице за сместување во соба според табелата на база полупансион.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

Во цената е вклучено: сместување, појадок и вечера, бесплатно користење на базен (25м) и џакузи, WI-FI во лобито, сауна, турска бања, фитнес.
Хотелот има бесплатен надворешен паркинг со ограничен број на паркинг места.

Mаксимална искористеност:
Стандард Twin room-2 твин кревети, 1кревет на извлекување/расклопување (се користи како дополнителен кревет за дете), бања, фен.
– Макс.2 возрасни и 1 дете до 12 год.: сместување на 3 возрасни не може.
Супериор Twin или King room:2 Twin кревети или 1 King кревет, 1 софа, минибар, бања со туш и фен.
– Макс.2 возрасни и 1 дете до 12 год.: сместување на 3 возрасни не може.
Interconecting Superior Twin/King соби: 1 Супериор Twin И 1 Супериро King соба со поврзувачка врата-калкулација и услови како за Супериор Twin/King соба.
Супериор фамилијарна соба:1 King krevet, 1 софа на расклопување и 1 дополнитлен кревет, минибар, бања со туш и фен.
– Мин. 1 возрасен и 3 деца до 14 години: Макс.2 возрасни и 2 деца до 14 години.Услови за тројца возрасни не може.
Супериор Suite: 1 дневна соба и 1 купатило. Дневна соба: софа во L-форма (не се расклопува).Спална соба: 1 King кревет, 1 софа (само во некои соби), минибар,бања со туш и фен.
– Макс.2 возрасни и 1 дете до 12 години.

ДОПЛАТИ / по лице во евра /
– Доплата за Божиќна Гала вечера на 25.12.2018, возрасни – 40 евра, деца од 2-11.99 години – 20 евра
– Новогодишна Гала буфет вечера – 65 евра возрасни, дца 2-11,99 години – 32.50 евра
– Новогодишна Гала вечера на Set мени – 90 евра возрасен, деца од 2-11.99 години -45 евра
– Деца до 1.99 год. кои не користат услуги се сместуваат бесплатно
– Дете од 2-11.99 год. во стандард или супериор соба со 2 родители – доплата од 20 евра од ден.
– Деца од 2-13.99 години во фамилијарна соба со 2 возрасни 20 евра од ден.
– Дете од 0-11.99 год. во стандард /супериор соба со 1 возрасен – возрасен плаќа цена за еднокреветна соба , за дете се доплаќа 20 евра од ден.
– Дете од 0-13.99 год. во фамилијарна соба со 1 возрасен – возрасен плаќа цена за еднокреветна соба , за дете се доплаќа 20 евра од ден.
– Дете од 2-11.99 год. во Супериор апартман со 2 возрасени -20 евра од ден.
– Суперирор апартман –калкулиран како 2 супериор Twin соби

Период на отказ без пенали
– 35 денови пред пристигнување за период 28.12.2018-04.01.2019. После овој период се применува 100% плаќање.
– 17 денови пред пристигнување за период 20.01.2019-04.01.2019. После овој период се применува 100% плаќање.
– 12 денови пред пристигнување за период 05.01.2019-19.01.2019 и 24.02.2019-03.03.2019.
После овој период се применува 100% плаќање.
– 9 дена пред пристигнување за период 14.12.2018-27.12.2018 и 04.03.2019-16.03.2019.
После овој период се применува 100% плаќање.
– 7 дена пред пристигнување за период 17.03.2019-06.04.2019. После овој период се применува 100% плаќање.

Доплата за туристичка такса – 1 € по лице од ден

Хотел Сандански

ИНТЕР ХОТЕЛ САНДАНСКИ 4*

Сандански

Ценовник за период 01.09.2019-31.01.2020

Цени за 1 ноќ за 2 лица во двокреветна соба/студио/апартман или за 1 лице во еднокреветна соба

Ценовник за период 01.09.2019-31.01.2020

Доплати и услови за сместување во СОБА:

Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
Доплата: вечера 12€ – возрасен, 8€ – дете 4-12
• Цените се валидни за сместување во период од 01.02.2019-31.01.2020.
• Цените се дадени по СОБА (за двајца возрасни) на ден, за услуга ноќевање со појадок/полупансион
• Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

Редовниот ценовник не важи семинари, конгреси и за следниве периоди:
• 26.04-29.04.2019
• 29.03-06.04.2019
• 01.03-04.03.2019
• 03.05-06.05.2019
• 24.05-26.05.2019
• 06.09-08.09.2019
• 20.09-23.09.2019
• 23.12-27.12.2019
• 28.12.2019-01.01.2020
За овие периоди има специјални пакет цени кои ќе бидат објавувани дополнително

Минимално и максимално сместување во капацитети на ИНТЕР ХОТЕЛ САНДАНСКИ:

GPS координати: 41.567978, 23.282570 (линк…)
Легенда:
DBL – двокреветна соба, APP – апартман, STD – студио, SGL – еднокреветна соба,
BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион ( појадок+вечера)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
• Нокевање со појадок или полупансион (појадок и вечера)
• Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
• Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
• Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
• Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
• Лежалка и пешкир покрај базените
• Безжичен интернет во целиот хотел
• Паркинг
• Сеф на рецепција
• Детско катче со аниматор
• Туристичка такса

НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици
Цените се во евра, плаќањето се врши во денари 1 € = 62,00 мкд

СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:
Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално времe)
РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански
Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на
Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера, бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само
15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:
1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.
3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
6. Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.